Играчот од средниот ред на Фиорентина, Федерико Киеза се согласи со условите од договорот со Јувентус, пренесува „Фудбал Италија“ повикувајќи се на весникот „Ла Стампа“. Клубот од Торино му понуди на играчот договор со плата од 5 милиони евра годишно. Фиорентина, која наскоро ќе добие околу 60 милиони евра од продажбата на италијанскиот репрезентативец, не сака да го пушти во Јувентус. Интер и англискиот Манчестер Јунајтед исто така го бараат Киеза. 21-годишниот Киеза е дете на Фиорентина и син на славниот фудбалер Енрико Киеза. Договорот на играчот од средниот ред со „виолетовите“ важи до летото 2022 година. Трансферната вредност на…
Author: riste
Актуелниот предводник на екипата на Ал Сад, Чави Хернандез, се согласил да добие 40 % помала плата додека трае вонредната состојба, пренесува клубот преку социјалните медиуми. Поранешниот играч од средниот ред на Барселона донесе таква одлука за да помогне во борбата против коронавирусот. Претходно Чави донираше 1 милион евра за борба против оваа глобална инфекција. Поранешниот легендарен играч од средниот ред на Барселона е на чело на Ал Сад од мај 2019 година.
Бразилскиот дефанзивец од екипата на Лацио, Луис Фелипе може да ја продолжи кариерата во Барселона. Ова денес го пренесе „Калчомеркато“ повикувајчи се на објавената информација од „Газета дело Спорт“. Според изворот, каталонскиот клуб е подготвен да понуди 30 милиони евра за 23-годишниот дефанзивец. Сегашниот договор меѓу Фелипе и Лацио е со важност до летото 2022 година. Претходно беше објавено дека Баерн Минхен е заинтересиран за овој фудбалер. Во досегашниот дел од сезоната во италијанската Серија А, Луис Фелипе одигра 19 натпревари, стана автор на 1 гол и доби 5 жолти картони. Во Лацио, Бразилецот дојде во 2016 година од клубот…
Раководството на Борусија Дортмунд нема намера да го ослободи напаѓачот Ерлинг Холанд во следните трансфер периоди. Според весникот „АС“, од Борусија имаат намера да го задржат 19-годишниот Норвежанец до летото 2022 година. Во исто време, тие би сакале да го продадат играчот на Реал Мадрид, бидејќи генералниот директор на германскиот клуб, Ханс-Јоаким Вацке има добри односи со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Исто така, во договорот може да биде вклучен и дефанзивецот на „Кралскиот клуб“ Ашраф Хакими, кој моментно игра за Борусија на позајмица. Претходно беше објавено дека за услугите на Холанд се заинтересирани Јувентус и Манчестер Јунајтед, кои…
Сите клубови во Премиер лигата се за тоа сезоната да ја завршат како што треба и на регуларен начин. Сепак не е договорен точниот датум за обновување на првенството ниту за негово завршување, како што објавуваа медиуми во последните неколку дена, пренесуваат англиските медиуми. Разработени се различни сценарија, со дискусии на сите вклучени страни, а сите натпреварите ќе бидат емитувани преку телевизиите. Здравјето на сите останува приоритет, а дуелите ќе продолжат само кога ќе се воспостават медицински предуслови, во согласност со владините одлуки и мерки. Сите веќе се помирија и го прифатија фактот дека преостанатите 92 натпревари ќе се играат…
Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон кој има 42 години се согласи да го продолжи договорот со клубот, пренесува „Тутоспорт“. Тековниот договор помеѓу Буфон и “Бјанконерите“ имаше важност до 30 јуни 2020 година. Според истиот извор, претседателот на Јувентус Андреа Ањели се договорил со Буфон да го продолжи договорот до 2021 година под истите услови. Договорот ќе биде официјално обновен кога ќе стане можно тоа односно по нормализирање на комуникацијата по пандемијата на коронавирусот. Оваа сезона Буфон учествуваше на 11 натпревари за Јувентус од сите натпреварувања, во кои прими 9 гола, а на три средби не прими гол.
Англискиот тим Евертон ќе се обиде да го купи дефанзивецот на францускиот Лил Габриел. 22-годишниот Бразилец се етаблира како еден од најдобрите на својата позиција во Лига 1. Тој има одиграно вкупно 34 официјални натпревари оваа сезона. Договорот на Габриел со Лил е до 2023 година, а неговата цена е околу 20 милиони евра. „Франс Фудбал“ вели дека тој е трансферна цел уште на два тима од Англија, Арсенал и Челзи, а Евертон веќе се обиде да го ангажира, но не успеа во таа намера минатиот јануари кога беше одбиен.
Реал Мадрид е во предност во однос на останатите кандидати за Ерлинг Холанд, доколку трансферот на напаѓачот биде тема на разговор во наредните месеци, објави венсикот „АС“. Во суштина Борусија (Дортмунд) не сака да се раздели со норвешкиот млад фудбалер, кого неодамна го привлече во своите редови. Но, ако поради некоја причина продажбата биде актуелна пред почетокот на следната сезона, тогаш од „Сантагого Бернабеу“ ќе бидат во предност за негова следна дестинација. Од друга страна, управата на германскиот клуб е во одлични односи со колегите од Реал Мадрид. Да потсетиме дека менаџер на Холанд е Мино Рајола, кој веќе вети…
Играчот од средниот ред на Њукасл, Набил Бенталеб може да ја продолжи кариерата во Русија, пренесува „Спорт Билд“. 25-годишниот Алжирец е на позајмица во Њукасл, но неговите права ги има Шалке 04. Договорот меѓу двата клуба содржи клаузула според која Њукасл има право да го купи Бенталеб за 10 милиони евра. Менаџерот Стив Брус сака да го задржи Алжирецот, а неговата желба е да остане во Англија, но не е јасно каква одлука ќе се донесе по очекуваната промена на сопственоста на клубот. Покрај Русија, постои интерес за Бенталеб од Кина и Саудиска Арабија. Сепак, „Спорт Билд“ не ги објавува…
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста планира да остане во составот на оваа екипа до крајот на неговиот договор. Иако во изминативе месеци имаше повреди и е далеку од неговата најдобра форма, Диего Симеоне му верува на шпанскиот репрезентативец. Тренерот е убеден дека следната сезона Диего Коста ќе покаже што може и повторно ќе биде закана за сите голмани. Според „Марка“, Бразилецот со шпански пасош ќе одбие било какви понуди што може да пристигнат за него во текот на летото. Најмногу за него се интересираат од Италија, особено Рома и Наполи. За разлика од Симеоне, раководството на Атлетико сака да…
