Германскиот клуб Келн објави дека тројца вработени во клубот имале позитивен тест на Ковид-19. Оваа екипа беше една од првите во Германија кои продолжија со тренинзи во мали групи и во согласност со сите барања за хигиена. Сепак, клубот не успеа да го запре ширењето на инфекцијата. Во Келн не се наведени имињата на заразените, кои во оваа фаза немаат никакви симптоми. Тие ќе бидат ставени во карантин во наредните две недели, за кое време ќе бидат дополнително тестирани. Сепак, клубот објави дека немаат намера да го стопираат процесот на тренинг, кој ќе продолжи како што беше планирано, со поддршка…
Author: riste
Шпанските, но и медиумите во Германија најавуваат дека е можен сензационален трансфер. Во случај Барселона да не може да се договори со ПСЖ за Нејмар, поради оние 170 милиони евра што ги бара ПСЖ кои се премногу, тогаш би можеле да го ангажираат Џејдон Санчо и тоа за 100 милиони евра, а може оваа сума да биде намалена доколку Ансу Фати замине во Борусија Дортмунд. Колку сето ова е реално да се изведе останува отворено прашање затоа што Санчо сака да се врати во Премиер лигата, но дали ќе го прифати предизвикот наречен Барселона, останува да видиме. Со доаѓањето на…
Њукасл има намера да му понуди на Маурисио Почетино плата од 19 милиони фунти годишно, пренесува „Скај Спортс“. Ваквата плата ќе го направи Аргентинецот еден од најдобро платените тренери во светот. 48-годишниот аргентински тренер е подготвен да ги започне преговорите со клубот, кој треба да биде во сопственост на конзорциум од Саудиска Арабија. Договорот сè уште не е целосно завршен, но извештаите во медиумите велат дека е во напредна фаза. Од 2014 година, Почетино беше на чело на Тотенхем, а во ноември 2019 година беше заменет со Жозе Мурињо како менаџер на Спарси. Аргентинецот го одведе тимот од Лондон во…
Голманот на Барселона, Марк Андре Тер Штеген, сака да добие 18 милиони евра годишна плата со новиот договор, вели весникот „Марка“. Според изворот, каталонскиот клуб сака да го задржи голманот, но не е подготвен да му плати толку пари. Во овој поглед, Каталонците започнаа да бараат можна замена. Една опција е голманот на Ајакс, Андре Онана. Исто така во Барселона размислуваат и за продажба на голманот Нето. Каталонците се подготвени да го продадат доколку добијат понуда во висина од 20 милиони евра. 27-годишниот Тер Штеген се пресели во Барселона летото 2014 година од Борусија Минхенгладбах. Сумата на трансферот беше 12…
Македонскиот репрезентативен ракометар Филип Талески заминува од Германскиот клуб Балинген кој денеска објави дека соработката со нашиот репрезентативец нема да биде продолжена. „Би сакале да му се заблагодариме на Филип Талески за неговата посветеност во нашата екипа“, изјави за официјалниот сајт Волфганг Штробел, извршниот менаџер на клубот. Филип Талески дојде во Балинген од екипата на Рајн Некар Ловен на срединта на сезоната. Но, не успеа да се вклопи во концепцијата на тренерот и играта на Балинген, па ете денес стигна и потврда дека македонскиот играч заминува од клубот. На сето ова се надоврза и кризата која само малку ја одложи…
Голманот Пепе Реина, кој игра со позајмица во Астон Вила, а е во сопственост на Милан до крајот на сезоната, планира да ја заврши кариерата следното лето. „По престојот во Астон Вила, морам да се вратам во Милано. Нема да биде лесно, веројатно ќе треба да играм уште една година или две. Можеби ќе ја завршам кариерата по крајот на следната сезона. Мали се шансите да бидам и понатаму играч. Можно е да станам тренер“, изјави Реина за весникот „Мирор“. Во својата кариера голманот играше за екипите на Барселона, Виљареал, Ливерпул, Наполи, Баерн Минхен и Милан. 37-годишниот играч ја има…
Матијас Де Лихт изненадувачки се врати во својата земја Холандија заедно со својата девојка Анеке Моленар. Дефанзивецот на Јувентус беше снимен од девојката како се одржува во форма со трчање на отворено. Поранешниот играч на Ајакс беше во Италија од почетокот на кризата со коронавирусот. Меѓутоа, кога ќе се врати во земјата, ќе биде под карантин две недели. Одлуката е изненадувачка, бидејќи последните денови се очекуваше да биде објавен датумот на кој екипите во Серија А ќе продолжат со тренинзите. Тие ќе го сторат тоа индивидуално од 4 мај, но нема да влезат во тренинг центрите до 18 мај. Јувентус…
Од раководството на ПСЖ не можат да се договорат со играчите за намалување на платите, пренесува „Мундо Депортиво“ повикувајќи се на информацијата која ја објави францускиот весник „Л’Екип“. Според изворот, клубот сè уште не може да направи компромис за ова прашање со играчите чии интереси ги застапуваат Тиаго Силва и Маркињос . Во моментот преговорите се во застој затоа што играчите одбиле да им ги намалат платите. Во ПСЖ направија проценка дека може да загубат околу 240 милиони евра како резултат на кризата.
Плановите за обнова на Бундеслигата на 9 мај би можеле сериозно да се доведат во прашање заради зголемениот број ново заразени од коронавирусот во Германија, објави „Дејли Меил“. Многу клубови во Бундеслигата го продолжија тренингот во пресрет на рестартирање на сезоната. Германската полиција веќе се спротивстави на ова. Причина за загриженост беше зголемувањето на стапката на репродукција на коронавирусот. Покажува колку луѓе се заразени од носител на инфекција. Откако падна на 0,7, сега скокна на 1,0. На почетокот на март коефициентот беше 3. Уште никој не може да каже зошто има пораст, но се претпоставува дека тоа е заради велигденските…
Премиерот на Шпанија Педро Санчез најави дека од 4 мај на локалните професионални спортисти ќе им биде дозволено да прават индивидуални вежби на отворено. Ова значи дека играчите сега ќе можат да ги спроведуваат своите активности во клупските бази, иако тоа ќе биде поединечно. Овој датум се споменува и во записникот на Врховниот совет за спорт, испратен до Министерството за здравство и објавен од Санчез. Пред тренинг, ќе бидат тестирани играчи и претставници на ограничениот тренерски персонал. Ова ќе се случи во нивните автомобили. Наведени се уште три важни датуми. Од 18 мај тренинзите ќе се одржат во мали групи…
