Аргентинскиот напаѓач од екипата на Јувентус Пауло Дибала уште еднаш имал позитивен тест за коронавирусот, објавија медиумите во Италија. Според изворот, играчот по четврти пат по шест недели имал позитивен тест за инфекција со коронавирус. Во март, Дибала објави дека тој и неговата девојка Ориана Сабатини биле заразени со коронавирусот. Во април, играчот помина тест за COVID-19, што повторно покажа позитивен резултат. Сега играчот ќе мора да претрпи поинтензивен третман, бидејќи во мај Јувентус планира да ги започне подготовките за евентуално продолжување на сезоната.
Author: riste
Атлетико Мадрид е во преговори со уругвајскиот напаѓач од ПСЖ Единсон Кавани. Од 1 јули тој станува слободен агент и Атлетико Мадрид ќе се обиде да го привлече со тригодишен договор. Ова ќе биде втор обид на „јорганџиите“ за обезбедување на услугите на уругвајскиот фудбалер по зимата, кога не постигнале договор. За него е заинтересиран и тимот на Дејвид Бекам во американската МЛС лига Интер Мајами. Оваа сезона Кавани одигра 22 натпревари во сите натпфреварувања за ПСЖ, постигнувајќи седум гола и три асистенции.
Напаѓачот на ПСЖ, Едисон Кавани не ја исклучува можноста да остане во францускиот тим. 33-годишниот Уругваец е подготвен да размисли за продолжување на кариерата во Париз и да разговора за новиот договор со клубот, објавија од веснико „Л‘Екип“. Актуелниот договор на Кавани со парижаните истекува на крајот на јуни оваа година. Информациите кои изминатите денови беа објавувание се дека Наполи, Атлетико Мадрид и Бока Јуниорс имаат интерес за Кавани. 33-годишниот Кавани има постигнато 7 гола и 3 асистенции на 22 натпревари за францускиот шампион ПСЖ оваа сезона.
Капитенот на Ајакс, Душан Тадиќ, реагираше на предвременото завршување на првенството во Холандија. „Бидејќи го освоивме првото место и одиме во Лигата на шампионите, мислам дека треба да ја добиеме титулата шампион на Холандија. Јас разбирам дека коронавирусот и здравјето е поважно од било што друго, но ова е навистина неправедно. Не можете да го негирате се она што го направивме оваа сезона јас, моите соиграчи и нашиот тренер и како дојдовме до овде. Навистина сум разочаран“, изјави Тадиќ за „Тутомеркато“. Изминатите денови стана јасно дека шампионот на Холандија нема да биде доигран. Екипите кои се во зоната за испаѓање…
Тотенхем е уште еден клуб што се вклучува во борбата за играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ, пренесува „Дејли меил“. Конкуренцијата за Хрватот е доста сериозна, затоа што за него интерес има кај Атлетико Мадрид, Севиља, Јувентус и Наполи. Пред неколку дена, Ракитиќ, кој има договор со Каталонците до летото 2021 година, призна дека е разочаран од раководството на клубот, кој го третира како „вреќа компири“. Хрватот мислеше на фактот што Барселона го користи неколку пати како дел од своите понуди за други играчи. Ракитиќ (32) не е единствениот играч од средниот ред во Барселона кој го гледа…
Финалниот натпревар од шпанскиот куп меѓу Атлетик Билбао и Реал Сосиедад може да се пресели од Севиља на северот на земјата, пренесува „Мундо Депортиво“. Натпреварот беше закажан за 18 април, но подоцна беше одложен на неодредено време заради пандемијата на коронавирусот. Според изворот, Фудбалската федерација на Шпанија ја разгледува можноста средбата да ја пренесе во друг град, така што би било попогодно за играчите да дојдат на натпреварот. Финалистите доаѓаат од градовите кои се на северот на Шпанија, додека Севиља се наоѓа на југот на земјата. Едно е сосема јасно, а тоа е дека натпреварот ќе се игра пред разни…
Италијанскиот тим Интер е фаворит да го привлече напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, доколку Лаутаро Мартинез ја напушти екипата и замине во Барселона летово, пренесуваат медиумите во Италија. Интернационалецот од Габон и Арсенал ги замрзнаа разговорите за нов договор, а неговиот сегашен истекува во летото 2021 година. Оваа ситуација значи дека неговата цена ќе падне драстично и ќе биде далеку од 63 милиони евра што Борусија Дортмунд ги доби за него во јануари 2018 година. Обамејанг се сметаше и за потенцијална цел за Реал Мадрид, но во текот на јуни тој ќе наполни 31 година, а со тоа е веќе…
Лондонскиот Арсенал ќе продолжи со тренинзи во својата база и тоа следната недела. Клубот изготви правила за активности во услови на пандемија. Играчите ќе треба да пристигнат сами, а по тренингот ќе се вратат во своите домови. Сите згради во тренинг центарот ќе останат затворени, што значи дека нема да се користат тушеви или да имаа играчите заеднички оброк. Во Англија, екипите прават планови за старт на подготовките со што би биле подготвени за продолжување на сезоната што е суспендирана на неодредено време. Предвидени се серија разговори на владино ниво следната недела за враќање на спортот, дури и без гледачи…
Ливерпул е заинтересиран за белгискиот напаѓач од Наполи, Дрис Мертенс , пренесува „Тутомеркато“. Договорот на фудбалерот со Наполи истекува во текот на летото. Информациите говорат дека во јули напаѓачот може да му се придружи на Ливерпул како слободен агент. Претходно беше објавено дека 32-годишниот напаѓач е интереен за Интер, Монако, англиските Манчестер Јунајтед, Челзи и Арсенал. Дрис Мертенс се пресели во Наполи од холандскиот ПСВ во летото 2013 година. Како дел од Наполи, Белгиецот стана освојувач на Купот на Италија и Супер купот на оваа земја. Оваа сезона, во Серија А, Мертенс одигра 21 натпревар и беше стрелец на 6 гола.
Арсенал ги потсети некои од своите sвезди дека мора да ги почитуваат мерките за изолација кои ги има воведенодржавата. Клубот оствари разговор со Николас Пепе, Александре Лаказет, Давид Луис и Гранит Џака, откако се појавија фотографии и видеа од овие четири играчи за кршење на правилата. Николас Пепе кој е највисоката инвестиција на клубот беше снимен како играше фудбал со пријателите во северен Лондон. Самиот играч сподели снимки од овој настап на социјалните медиуми. Портпаролот на Арсенал го потврди инцидентот, велејќи дека клубот ќе преземе мерки кон играчите.
