Author: riste

Од Ливерпул одлучиле да направат пауза во преговорите за трансфер на напаѓачот РБ Лајпциг Тимо Вернер , пренесува весникот „Гардијан“. Клубот веќе го известил Лајпциг дека им треба повеќе време за да се одлучат за можниот трансфер на Вернер. Ливерпул сака да го процени влијанието на пандемијата на коронавирусот на пазарот на трансфери и на сопствениот буџет. Самиот Вернер е подготвен да го напушти РБ Лајпциг, а Ливерпул важи за главен кандидат за овој фудбалер чиј договор предвидува обештетување од 60 милиони евра. Во досегашната сезона од германската Бундес лига, прекината поради пандемијата на коронавирусот, Вернер одигра 25 натпревари за…

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Бруин ќе разговара за новиот договор со Манчестер Сити, пренесува „Дејли меил“. Претходно, фудбалерот изјави дека поради санкциите на УЕФА, тој може да го напушти Манчестер Сити. Освен тоа, раководството на „граѓаните“ сакаа да го задржат фудбалерот. Сега неговата плата во клубот е 320 000 евра неделно, но Манчестер Сити е подготвен да му плати повеќе. Оваа сезона во шампионатот на Англија, Де Бруин учествуваше на 26 натпревари за својата екипа, на кои постигна 8 голови и направи 16 асистенции. Договорот на Белгиецот со Манчестер Сити е со важност до 2023…

Read More

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо веќе се врати во Торино. Португалецот досега беше дома за да биде близу до својата болна мајка. Тој избра да се изолира со семејството во Мадеира додека траеше пандемијата на коронавирусот. По неколкудневната сага, 35-годишниот Роналдо конечно се врати во Италија. Тој слета на аеродромот „Каселе“ синоќа во 22:23 часот, придружуван од неговата девојка Георгина Родригез и четирите деца. Тој беше придружуван до неговиот дом од страна на голема полициска придружба. Сега за Кристијано Роналдо следува задолжителен 14-дневен карантин, по што ќе може да се приклучи на тренинзите на Јувентус пред обновувањето на сезонската во…

Read More

Тренерот на италијанскиот тим Рома, Пауло Фонсека изрази надеж дека дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Крис Смолинг ќе остане во италијанскиот шампионат по завршувањето на договорот за позајмица со римскиот клуб. „Ќе направам се за да го задржам Крис во тимот за следната сезона. Знам дека сака да остане во Рим. Ајде да видиме како ќе се развиваат настаните. Моето мислење за него е дека е фантастична личност, многу скромен, а во исто време тој е одличен професионалец. Навивачите се восхитуваат на неговата игра и тој се покажа дека е лидер на теренот и пошироко“, изјави Фонсека. Оваа сезона, британскиот фудбалер…

Read More

Фудбалерот на Шангај СИПГ, бразилецот Хулк зборуваше за враќање на тренинг по избувнување на коронавирусот во Кина. „Се вративме во нормала, но мора да продолжиме да ги применуваме безбедносните мерки. При излегување, мора да носиме маска. Секогаш се обидувам да имам алкохолен гел со мене за да можам да го користам после контакт со некои работи. Но, сега сè е мирно. Гледам дека сè работи како и обично, вклучително и ресторани. Гледаме колку е важна работата на кинеската влада. Тие успеаја да ја преземат контрола врз ситуацијата. Се надевам дека целиот свет може да ја надмине оваа ситуација што е…

Read More

Играчот од средниот ред на Бетис, Набил Фекир сака да остане во клубот, пренесуваат медиумите во Шпанија. Истите објавија пред некој ден дека 26-годишниот Французин е интересен за Реал Мадрид, Арсенал и Њукасл, но тој сепак сака да остане во неговиот сегашен состав. Набил Фекир се пресели во Бетис минатото лето, откако претходно беше близу до трансферите во Ливерпул и Челзи, но тие трансфери не успеаја. Фудбалерот има договор до 2023 година и неговата вредност се проценува нешто повеќе од 30 милиони евра. Оваа сезона Фекир играше на 23 натпревари во сите натпреварувања, постигна 7 гола и имаше шест асистенции.

Read More

Селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Роберто Мартинез го продолжи договорот до 2022 година. Се уште нема потврда од локалната федерација, но белгиските медиуми откриваат дека поранешниот менаџер на Евертон ќе го предводи националниот тим и на СП во Катар. Претходниот договор на селекторот истекуваше по Евро 2020, што беше одложено за следната година. 46-годишниот Мартинез во неколку наврати рече дека е заинтересиран да го предводи составот на Европското првенство и тоа ќе се случи. Белгија се квалификуваше за ЕП 2020 по одличниот настап во квалификациите. Тимот ги доби сите 10 натпревари, постигнувајќи 40 голови. Репрезентацијат на Белгија се најде…

Read More

Напаѓачот Хесе Родригез е меѓу играчите на ПСЖ кои станаа шампиони во сезоната 2019/20, пренесува весникот „АС“. 27-годишниот Шпанец одигра само една минута на мечот со Мец кој се одигра на 30 август минатата година и тоа влезе во игра на местото на Чупо-Мотинг во 90 минута, а потоа се пресели со позајмица во Спортинг Лисабон. Сепак, тој ќе добие златен медал за освоената шампионска титула на ПСЖ за оваа сезона во Франција. Парижаните беа прогласени за шампиони, откако властите во земјата решија да ги прекинат сите спортски натпревари на територијата на земјата.

Read More

Напаѓачот на РБ Лајпциг, Тимо Вернер изјави дека повеќе би дакал трансфер во странство отколку во Баерн Минхен. Германскиот репрезентативец го следат голем број на екипи, меѓу кои Ливерпул и Манчестер Јунајтед. „Баерн е одличен клуб, нема потреба да коментирам за нив и Ханзи Флик докажа дека е многу добар тренер. Ако во одреден момент имам можност за трансфер, повеќе би сакал да играм во странство отколку во Баерн. Самиот предизвик да се игра во друго првенство е поголем од трансферот во Бундес-лигата“, изјави Тимо Вернер за весникот „Билд“. Вернер ја започна сезоната со договор кој истекуваше со РБ Лајпциг…

Read More

Евертон е единствениот клуб што направил понуда за играчот од средниот ред на Реал, Хамес Родригез. Реал мадрид сака да пронајде купувач за Колумбиецот, со цена од 40 милиони евра. Неколку клубови се сметаа како заинтересирани за него, но досега само „Карамелите“ контактирале со шпанскиот гигант за да започнат преговори за евентуален трансфер. Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти е добро запознаен со квалитетите на Хамес Родригез. Тој двапати има работено со него во Реал Мадрид и Баерн (Минхен), а сега тие можат да соработуваат по трет пат. Италијанскиот стручњак верува дека може да му помогне на играчот повторно да дојде…

Read More