Меѓународниот совет на фудбалските здруженија (ИФАБ) на својата веб-страница објави привремени измени во правилата на фудбалската игра. Во првенствата што беа суспендирани поради пандемијата на коронавирусот и ќе се играат до 31 декември 2020 година, на секој тим му е дозволено да направи пет замени по натпревар. Во овој случај, ќе им биде дозволено да го сторат тоа во три чекори. Така, бројот на паузите поврзани со замени нема да се зголеми. Останува можноста за промена на играчи за време на паузата. Неискористените замени ќе останат на располагање на екипите доколку средбата се игра со дополнително време. Доколку правилата на…
Author: riste
Раководството на Интер му понуди на Мауро Икарди да се пресели во Арсенал, како дел од договорот за голгетерот на екипата од Лондон, Пјер-Емерик Обамејанг. Габонецот моментно одбива да го потпише неговиот нов договор, а сегашниот му истекува по една година. Медиумите на Островот тврдат дека во оваа комплицирана ситуација од „Емирати“ решиле да се разделат со Обамејанг со цел да ги намалат загубите. Интер го сака Обамејанг како можна замена за Лаутаро Мартинез. Икарди во моментов игра на позајмица во ПСЖ, но најверојатно нема да остане во клубот следната сезона, иако договорот има опција да го купат за 70…
Откако ги објави своите индивидуални награди за минатата сезона во Премиер лигата, „Би-Би-Си“ го откри и идеалниот тим, кој фановите го избраа по пат на гласање на веб-страницата на престижните медиуми. Не е изненадување што играчите на убедливиот лидер Ливерпул имаат целосна доминација во него. Ливерпул е преставува од седум играчи – Алисон Бекер, Трент Александар-Арнолд, Вирџил ван Дајк, Ендру Робертсон, Џордан Хендерсон, кој исто така беше избран за Играч на сезоната, Мохамед Салах и Садио Мане. Манчестер Сити има двајца играчи во идеалниот состав – Кевин Де Бруин и Серхио Агуеро. Другите двајца се централниот дефанзивец на Лестер, Сојунчу…
Се чака одлуката на Владата на Р.Македонија кога спортистите, односно фудбалерите ќе може да почнат со тренинг и со план за продолжување на сезоната, а потоа ФФМ да одлучи што ќе се случува со завршувањето на фудбалската сезона во нашата земја. Денес со соопштение се јави и Синдикатот на фудбалери на Македонија (СФМ) преку претседателот Панче Ќумбев кој изнесе соопштение дека ќе организира тестирање за вирусот ковид-19 на сите фудбалери, тренери и клупски вработени кои доброволно ќе сакаат да го направат тоа. „Синдикатот на Фудбалери на Македонија-СФМ во координација со клубовите од прва Македонска фудбалска лига ќе организира тестирање на корона вирус…
Судбината на најголемиот дел од играчите на Вардар во „црвено-црниот“ дрес ќе зависи од тоа колкав ќе биде буџетот на клубот и дали ќе се најде заеднички јазик со новата управа на клубот која е во фаза на формирање на буџетот, а со то аи формирањето на ростерот на играчи кои ќе го носат дресот на Вардар наредната сезона. Многу детали за идните планови и актуелните информации во РК Вардар од разговорот кој го направивме на програмата на Спортско рдаио 90,3 ФМ со тренерот Стевче Алушовски, во кој тој збориваше за неговите желби и очекувања. „Оваа група на играчи која…
Тренерот на Легањес, Хавиер Агире откри за тоа каков е планот за продолжување во шпанската Ла Лига. „Веќе имаме датум за продолжување на првенството. Ла Лига ќе започне повторно на 20 јуни, а првенството ќе заврши за пет недели, односно на 26 јули. Натпреварите ќе се одржат во сабота и недела, како и во среда и четврток. Ла Лига штотуку официјално ме извести. Јас сум многу среќен затоа што веќе ги планиравме тренинзите. Започнуваме од денес. Сите играчи веќе ги поминаа тестовите“, изјави Агире за весникот „Марка“. Напаѓачот на Реал Мадрид , Лукас Васкез, исто така, изрази задоволство од претстојното…
Една банда напаѓачи изврши грабеж во домовите на тренерот на Челзи, Франк Лампард и починатиот сопственик на Лестер Сити, Вишаи Шриваданапрабха, пренесува весникот „The Sun“. Според изворот, грабежот на куќата на поранешниот тајландски милијардер, кој загина трагично во хеликоптерска несреќа во октомври 2018 година, се случи 10 дена откако влегле во куќата на Лампард. Полицијата објави дека се сомнева дека во двата случаи работела истата банда. Вредности кои биле украдени од домот на починатиот сопственик на Лестер, кој се наоѓа во Најтсбриџ, се во вредност од над 1 милион фунти (приближно 1,1 милиони евра). Од куќата на Лампард, која се…
Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе ја добие „Златната копачка“ за голгетер број 1 за прекинатата сезона на Лига 1. Францускиот шампионат беше суспендиран поради пандемијата на коронавирусот, а ПСЖ стана шампион, откако водеше со голема предност. Во случајот Мбапе, сепак, донесена е одлука врз основа на други индикатори. На крајот на првенството тој имаше 18 голови, колку што постигна Висам Бен-Једер од Монако. Сепак, напаѓачот на Монако имаше три гола од пенал, додека Мбапе ги постигна само од игра и затоа беше избран за најдобар стрелец на сезоната. Наградата е втора во низа за младиот напаѓач, кој минатата сезона победи…
Италијанскиот гигант Интер покажуваат сериозен интерес за дефанзивецот на Баерн Минхен и Австрија, Давид Алаба, пренесува германскиот „Спорт 1“. Тренерот на Интер, Антонио Конте е голем обожавател на Алаба и го сакаше додека беше менаџер на Челзи. Договорот на Алаба истекува на крајот на следната сезона и интересот за него расте. Интер ќе има сериозна конкуренција за потписот на Австриецот, откако Барселона и Реал Мадрид веќе објавија интерес за овој фудбалер. Агент на играчот е менаџерот Пини Захави, кој сè уште не преговарал со Баерн за продолжување на неговиот договор.
Сезоната 2019/20 година во италијанската Серија Ц е прекината откако клубовите се договорија за конечниот пласман. Во Серија Б се пласираат Монца, Виченца, Реџина и евентуално Карпи на сметка на Бари, и нема да има испаѓање. На вчерашната средба, клубовите се согласиле дека нема да можат да ги исполнат сите медицински услови кога би продолжила сезоната. Карпи влегува во Серија Б врз основа на меѓусебните дуели во однос на Бари. Одлуката за прекинување на сезоната мора да ја донесе италијанската фудбалска федерација во текот на денешниот ден. „Ова е најдобрата средба на која присуствував. Сакам да им се заблагодарам на…
