ПСЖ му нуди нов едногодишен договор на капитенот на тимот Тиаго Силва, јавуваат француските медиуми. ПСЖ сака да го задржи 35-годишниот Бразилец за уште една сезона, а понудата има опција да продолжи и за уште една сезона доколку и двете страни се задоволни. Според сегашниот договор, Силва добива 14 милиони евра годишно, но раководството се надева дека ќе го убеди играчот да ја намали својата плата. Тиаго Силва дојде во ПСЖ од Милан во јули 2012 година за 42 милиони евра. Оваа сезона Бразилецот одигра 30 натпревари во сите натпреварувања и успеа да постигне 1 гол и 1 асистенција.
Author: riste
Полскиот напаѓач од Баерн Минхен, Роберт Левандовски го сподели своето мислење за најдобрите натпревари во неговата кариера. „Имаше многу од нив. Но, оној кој би го одбележал е натпреварот против Волфсбург кога постигнав пет гола за девет минути. Тоа беше нешто посебно. Тоа всушност е невозможно да се направи, но јас го направив. Никогаш не можев да сонувам за такво нешто. Ќе го паметам тој натпревар до крајот на животот. Секако, јас не ги заборавив четирите гола против Реал Мадрид кога играв за Борусија Дортмунд“ рече Левандовски. Оваа сезона Левандовски постигна 25 гола на 23 натпревари од германската Бундес лига.…
Францускиот играч од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио, веќе пристигнал во Торино. Фудбалерот ќе биде во карантин две недели, а потоа ќе може да започне со тренинзи. „Рабио штотуку пристигна во Торино“, напиша новинарот Ромео Агрести на „Твитер“ . Претходно беше објавено дека Јувентус е подготвен да се раздели со Адриен Рабио во текот на летниот преоден рок. Рабио се пресели во италијанскиот клуб пред почетокот на оваа сезона како слободен агент од ПСЖ. Оваа сезона, 25-годишниот играч од средниот ред има одиграно 17 натпревари во Серија А, во кои немаше забележителен настап. Клубовите во Серија А гласаа за…
Разделбата меѓу Јувентус и Миралем Пјаниќ се чини многу веројатна. Постојат неколку опции за тоа да се случи, а според „Скај Спорт Италија“, Барселона, ПСЖ и Челзи имаат шанса да го привлечат репрезентативецот на Босна и Херцеговина. Популарниот новинар Џанлука Ди Марцио напиша дека Пјаниќ не е во плановите на Маурицио Сари за следната сезона. Јуве сега се соочува со задача да искористи максимум од постоечкиот договор со играчот од средниот ред. Се чини дека Барселона е првиот избор. Не е тајна дека Каталонците се заинтересирани за Босанецот и се верува дека дури и се согласиле со неговиот агент за…
Интер има подобра шанса од Челзи за да го привлече Дрис Мертенс доколку белгискиот репрезентативец реши да го напушти Наполи. Договорот на напаѓачот истекува во текот на летото и се чини дека тој нема да биде продолжен. До неодамна се сметаше дека тој ветил дека ќе му се придружи на Челзи, но според „Скај Спорт Италија“, неговиот следен клуб ќе биде Интер. Понудата на Наполи е за двегодишен договор со плата од 10 милиони евра, но Мертенс веројатно нема да ја прифати. Сепак, тој е подготвен да остане во Серија А и да го засили Интер, каде ќе може да…
Дефанзивецот на Милан, Матео Мусакио е трансферна цел на Валенсија. Шпанскиот клуб сака да ја засили својата одбрана и се определи за искусниот Аргентинец, кој е резерва на „Сан Сиро“. Претставниците на Валенсија веќе започнале преговори со агентот на Мусакио и разговараат за различни опции за договор. Тековниот договор на дефанзивецот е до летото 2021 година. Во текот на сезоната тој има одиграно 18 натпревари за „росонерите“ во сите натпреварувања. Во својата досегашна кариера, Мусакио играше за Ривер Плата и Виљареал. Тој беше играч на „жолтата подморница“ цели 7 години и со задоволство би се вратил во Шпанија односно во…
Швајцарските фудбалски и хокеарски лиги ќе добијат заем од 350 милиони швајцарски франци за справување со кризата, што ја предизвика пандемијата на коронавирусот, објавија медиумите. Според истите, првата транша ќе изнесува 175 милиони швајцарски франци и треба да помогне во неутрализирање на буџетскиот дефицит од 1 јуни во текот на следните шест месеци. Од оваа сума, хокеарските лиги ќе добијат 75 милиони франци. Овој заем мора да се врати во рок од пет години. Втората транша ќе биде обезбедена за една година. Периодот за враќање кај неа ќе биде 10 години за отплата. Средствата се наменети под услов парите да…
Дефанзивецот на Барселона, Нелсон Семедо, скоро сигурно ќе го напушти клубот по крајот на сезоната. Португалецот имаше предлог да го продолжи договорот до 2025 година, но двете страни не постигнале договор. Раководството на Барса одби да ги исполни финансиските услови на дефанзивецот и тој веќе е на списокот на трансфери. Барселона сака да добие 40 милиони евра за Семедо. Можно е тој да биде вклучен во можен договор со Интер за Лаутаро Мартинез или со Јувентус за Миралем Пјаниќ. Со оглед на очекуваната разделба од 26-годишниот Португалец, од Барса ќе бараат нов дефанзивец на „Камп Ноу“. Прв избор на оваа…
Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) на официјалната веб-страница ги објави датумите за преостанатите натпревари од Купот на Германија. Полуфиналните натпревари од ова натпреварување ќе се одржат на 9 и 10 јуни. Финалниот натпревар ќе се одигра на 4 јули. Да потсетиме дека во 1/2 финалето на Купот на Германија, Баерн Минхен ќе игра против Ајнтрахт Франкфурт, а Сарбрикен ќе се сретне со Баер Леверкузен. Фудбалот во Германија ќе се врати со продолжување на првенствените натпревари во првата и втората лига и тоа на 16 мај. Првенството беше прекинато на средината на март поради пандемијата на коронавирусот.
Играчот од средниот ред на Јувентус Миралем Пјаниќ има намера да продолжи кариера во Барселона. Според шпанскиот „Спорт“, откако добил понуда од Барселона, 30-годишниот босански фудбалер одбил да се пресели во ПСЖ и Манчестер Јунајтед. Миралем Пјаниќ во моментов чека договор меѓу Каталонците и Бјанконерите. Претходно беше објавено дека Пјаниќ се согласи да се пресели во Барселона во летниот преоден рок, па дури и се согласил за условите на договорот. Пјаниќ ги брани боите на Јувентус од 2016 година, а пред тоа играше за Рома, Олимпик Лион и Мец. Миралем Пјаниќ е дел од националниот тим на Босна и Херцеговина…
