Тренерите во Бундеслигата не се обврзани да носат медицински маски додека комуницираат со своите играчи за време на натпреварите во продолжувањето на германскиот фудбалски шампионат. Според упатствата на Германската фудбалска лига, тренерите и остатокот од персоналот мора да носат маски на клупата, но заштитната опрема не е потребна, додека главните тренери им даваат упатства на своите играчи. „Покривањето на носот и устата ќе ја ограничи работата на тренерот, тој нема да може да дава инструкции преку гестови на лицето. Одржувањето растојание за време на натпреварите е основна претпазливост за тренерите. За сите други на клупата важат мерките – растојание и…
Author: riste
Први на фудбалската сцена од големата фудбалска петорка се враќа Бундеслигата. Од денес тие означуваат рестарт и одново ќе сеигра фудбал по двомесечната пауза поради пандемијата со коронавирусот. Попладнево во 15:30 часот на пет терени во Германија, но без присуство на публика ќе биде означен старт на натпреварите, кој ќе означи враќање на елитниот фудбал во Европа. Екипите од Германија веќе неколку недели тренираат и се обидуваат да ја вратат посакуваната форма, а веднаш на враќањето на фудбалот во Германија не очекува големо дерби. Борусија Дортмунд на празниот „Сигнал Идуна Парк“ ќе го пречека Шалке 04 во пладневниот термин. Тимот предводен…
Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, може да се соочи со казна поради возењето на неговиот автомобил. Пред да се врати во Италија, супер sвездата на „росонерите“ патуваше околу Стокхолм со својот Ферари Монца СП2 во вредност од 1,6 милиони фунти (1,8 милиони евра), што Швеѓанецот го купи во октомври минатата година и го претстави за својот 38-ти роденден. Според весникот „Сан“, шведската транспортна агенција открила дека регистрацијата на автомобилот на Златан Ибрахимовиќ е невалидна од крајот на март. Сега играчот се соочува со парична казна.
Челзи ќе бара 31 милион фунти од потенцијалните купувачи на Тимуе Бакајоко. Ова денес го објавија француските медиуми. Сумата е за 9 милиони помалку отколку што лондончани платиле за играчот од средниот ред на Монако во 2017 година. ПСЖ, Севиља и Милан имаат интерес за Французинот, чија лична желба е да се врати на „Сан Сиро“, каде што играше на позајмица минатата сезона. Во досегашната сезона, Бакајоко настапуваше во Монако, но од овој клуб одлучија дека нема да го ангажираат трајно, иако во договорот меѓу двата клуба постои опција да го купат. ПСЖ е најактивен во обидите да го преземе…
Два дена пред продолжување на сезоните во Првата и во втората Бундес лига во Германија, сите 36 клуба и официјално ја поддржаа идејата првенството да биде завршено. Во принцип, планот вклучува ова да се случи до крајот на јуни, но одлука на Германската фудбалска лига (ГФЛ) дозволува ова да се случи и во јули, доколку е потребно. Исто така, беше одобрена промена во правилото за промена – од 3 на 5, па дури и евентуално на 6 измени на играчите. Меѓутоа, ако поради некоја причина – на пример нов бран на коронавирус – станува невозможно да се заврши сезоната, тогаш…
Од страна на ФФМ денес најавија дека во понеделник ќе се разговара со клубовите околу начинот за продолжување на сезоната. Во информацијата која беше објавена денес од страна на ФФМ се вели: Поради наближување на терминот одреден од УЕФА (25. мај 2020.) за конечен став околу натпреварувачката сезона 2019/2020 во Прва МФЛ, Фудбалската федерација на Македонија во понеделник од 13:00 часот закажа состанок со претставници на клубовите од Прва МФЛ. Натпреварувачката комисија во ФФМ постојано ги следи настаните поврзани со вонредната состојба во нашата држава и епидемиолошката состојба, а ФФМ како водечко фудбалско тело сеуште е во исчекување на препораките и…
Хрватскиот ракометен интернационалец Иван Чупиќ и следната сезона ќе го носи дресот на Вардар. Досегашниот крилен играч на Вардар и новиот сопственик на нашиот ракометен шампион, Михајло Михајловски денеска се договориле за продолжување на соработката. Иван Чупиќ е еден од најискусните ракометари во Вардара, а дојде во 2016 година и од тогаш беше сведок на 2 освоени шампионски титули во ракометната ЛШ. Останува во следните денови да биде појасна сликата и околу останувањето на уште неколку важни имиња за Вардар, тоа се капитенот Стојанче Стоилов, Тимур Дибиров и Глеб Калараш, по што ќе се тргне и кон ангажирање на нови…
Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) денес со соопштение ја информираше јавноста дека е донесена конечна одлука за судбината нa Првата кошаркарска лига. По неколку недели поминати во преговори и предлози од страна на неколку клубови и понивното изјаснување, управниот одбор на федерацијата го имаше последниот збор и денес стави крај на сите дилеми околу завршувањето на сезоната и конечната разврска околу шампионската титула. Кошаркарската сезона и официјално е завршена, покрај тоа што имаше големи притисоци од повеќе страни донесена е одлука и да нема шампионза оваа сезона. Исто така, нема да испадне ниту една екипа, што значи во сезоната 2020/21 лигата ќе…
Ракометниот клуб Вардар добива ново засилување за новата сезона, а тоа е десниот бек Томислав Јагуриновски кој всушност е првото засилување за тимот откако претходно актуелниот европски првак Вардар ги продолжи договорите со Ристовски, Мишевски, Анастасовски, Гашовски и Крстевски, аод поодамна веќе беше договорено доаѓањето на Дмитри Санталов. Томислав Јагуриновски ќе биде перспектива за екипата на Вардар каде што се враќа по неколку сезони поминати во Металург, а собираше искуство со настап и битолските Пелистер и Еурофарм Работник две сезони. Со своите настапи го натера селекторот Данило Брестовац да го стави на поширокиот список за репрезентативните собири на сениорската селекција.…
Ракометната Федерација на Македонија на вчерашниот состанок на УО донесе одлука со која во македонската Супер лига од наредната сезона ќе се натпреваруваат 16 клубови, наместо досегашната бројка од 12. Со тоа во најсилната лига влегуваат најуспешните четири екипи од Првата лига. Со ова РК “Голден Арт КЛ7” од следната сезона станува суперлигаш. Целта на клубот кој од август 2019 стана нов ракометен субјект во Првата лига, беше влез во Супер лигата преку квалитетен тренажен процес и професионален развој на младите играчи. Стратегијата до која се држи и работи РК “Голден Арт КЛ7” е афирмација на млади македонски талентирани играчи,…
