Раководството на Фудбалската федерација на Македонија на отворено (на еден од терените од тренинг центарот „Петар Милошевски“) одржа состанок со раководните луѓе на десетте клубови од Прва македонска фудбалска лига. Претставниците на Вардар, Силекс, Шкендија, Ренова, Македонија Ѓ.П., Шкупи, Академија Пандев, Работнички, Борец и Струга Трим Љум беа присутни на состанокот со претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, потпретседателот Лазар Ракиџиев, генералниот секретар Филип Поповски, заменик генералниот секретар, Дрилон Ганиу и претседателот на натпреварувачката комисија, Игор Франговски. Состанокот имаше консултативен карактер во однос на начинот и предлозите за завршување на прекинатата натпреварувачка 2019/2020 сезона од Прва МФЛ. Конечна одлука за натпреварувачката…
Author: riste
Дефанзивецот Флорентин Погба, кој е постар брат на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, ќе ја продолжи кариерата во Франција. 29-годишниот дефанзивец ќе се приклучи на клубот од Лига 2 – Сошо, според официјалната веб-страница на тимот. Договорот меѓу двете страни, кој ќе трае три сезони, ќе биде официјално склучен откако играчот ќе ги помине медицинските прегледи. Последниот клуб на Флорентин Погба беше Атланта Јунајтед, кој го напушти во 2019 година. Тој претходно играше за Генчлербирлиги, Седан и Сент Етијен.
Пауло Дибала се договори со Јувентус за продолжување на соработката. Според новиот договор, тој ќе биде поврзан со клубот до 2025 година, пренесува „Газета дело Спорт“. Договорот ќе биде потпишан и ќе стане официјален веднаш штом агентот на играчот ќе пристигне во Италија. 26-годишниот Аргентинец ќе добие покачување на платата, како и некои клаузули кои ќе содржат бонуси за одредени достигнувања. Дибала во моментов заработува 7,5 милиони евра по сезона. Оваа сезона напаѓачот има седум гола и девет асистенции на 24 натпревари од првенството. Тој беше близу да замине минатото лето и преговараше во Тотенхем и Манчестер Јунајтед, бидејќи Јувентус…
Раководството на англискиот фудбалски клуб Лестер Сити нема намера да го продаде играчот од средниот ред Вилфред Ндиди, пренесува „ББС“. Манчестер Јунајтед и ПСЖ се заинтересирани за 23-годишниот одбранбен играч од Нигерија, а притоа подготвуваат официјална понуда вредна 50 милиони евра за играчот. Ндиди, кој има 29 натпревари со 2 гола и 1 асистенција оваа сезона, се чувствува добро на стадионот „Кинг Пауер“ и исто така нема намера да замине. Лестер е на третото место на табелата во Премиер лигата со 53 бода по одигрувањето на 29. кола од сезоната, што беше прекината во март поради пандемијата на коронавирусот. Тимот…
Манчестер Сити ќе понуди нов договор на напаѓачот Габриел Жесус со подобри финансиски услови, пренесува весникот „Сан“. 23-годишниот Бразилец, кој има важечки договор уште три сезони, ќе добие покачување на платата од 90 000 на 120 000 фунти неделно. На англискиот клуб му се заканува 2-годишна суспензија без право на учество во Европските купови поради нарушување на финансискиот фер-плеј, поради што се верува дека некои од водечките играчи можеби ќе сакаат да го напуштат „Етихад“. Јувентус ја следи ситуацијата и е подготвен со понуда за Жесус. Во сезоната 2019/2020, Бразилецот има 18 голови и 9 асистенции на 39 натпревари во…
Голгетерот на РБ Лајпциг Тимо Вернер донесе дефинитивна одлука за тоа што ќе направи по крајот на сезоната. Според медиумите во Германија, напаѓачот сака трансфер само во Ливерпул. Ако тоа не биде случај ова лето, тој ќе остане во Лајпциг уште една сезона, и покрај интересот на многу други клубови. Манчестер Јунајтед, Челзи и Баерн (Минхен) се подготвени да го привлечат Тимо Вернер, а во еден момент се шпекулираше дека тој би можел да биде дел и на Барселона, во случај каталонците да не успеат во намерата да го купат Лаутаро Мартинез. Сепак, Вернер нема интерес да замине во друг…
Аргентинскиот тренер Маурисио Почетино, може да го предводи Олимпик Марсеј, јавуваат медиумите во Франција. Според истите извори, Олимпик Марсеј започнал преговори со Аргентинецот за да ја дознае неговата подготвеност да го води клубот. Се најавува дека по заминувањето на спортскиот директор на Олимпик Марсеј Андони Зубизарета, клубот може да го напушти и тренерот Андре ВилаШ-Боаш. Претходно беше објавено дека Покетино е главен кандидат за функцијата тренер на Њукасл. Последниот клуб на Покетино беше Тотенхем, кој го напушти во 2019 година. Поради пандемијата на коронавирусот, сезоната во Лига 1 на Франција беше завршена предвремено. Во првенството на Франција беа одиграни 28…
Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, одлучи да не го напушти францускиот клуб во летниот преоден рок, пренесува весникот „АС“. Според изворот, и покрај интересот од Реал Мадрид, францускиот напаѓач решил да остане во ПСЖ уште една сезона. Главната причина е финансиската криза што се појави поради пандемијата на коронавирусот. Во исто време, Реал Мадрид нема да ја напушти идејата за трансфер на Мбапе и ќе се обиде да потпише договор со играчот во 2021 година. Во тековната сезона на францускиот шампионат која е завршена Мбапе одигра 20 натпревари, во кои постигна 18 голови и имаше 5 асистенции. Претходно беше објавено…
Светската фудбалска централа (ФИФА) го одложи изборот на домаќинот на Светскиот куп за жени во 2023 година. Гласањето беше закажано за почетокот на јуни во главниот град на Етиопија, Адис Абаба, но кризата со коронавирус ги смени плановите. Комисијата на ФИФА ќе биде домаќин на видео конференција на 25 јуни, а изборот ќе биде помеѓу Бразил, Колумбија, Јапонија и заедничка понуда на Австралија и Нов Зеланд. Следниот Светски фудбалски шампионат ќе биде за прв пат во формат со 32 екипи, за разлика од претходното СП во Франција во 2019 година кое имаше 24 учесници.
Италијанскиот гигант Рома објави огромни долгови од 278,5 милиони евра. Лошата вест е дека задолженоста на „волчицата“ се зголеми за 60 милиони евра од нивниот последен објавен биланс во јуни 2019 година. Постојат и објективни причини за лошата состојба на финансиите на Рома, пандемијата на коронавирус, прекинување на разговорите за продажба на клубот и други. Ситуацијата е критична и затоа клубот ќе одржи вонреден состанок на акционерите на 26 јуни. Претходно беше објавено дека претседателот на клубот Џејмс Палота се обидува да го продаде клубот на саудиските инвеститори кои имаат намера да купат англиски Њукасл, но се соочуваат со потешкотии…
