Author: riste

Напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани чека да потпише нов договор со клубот. Уругвајскиот репрезентативец прими неколку понуди од клубови кои сакаат да го привлечат како слободен агент по завршувањето на сезоната. Сепак, тој би сакал повеќе да го продолжи договорот со парижаните. Весникот „L’Equipe“ пишува дека Кавани е подготвен да ја намали својата плата за 40% за да остане во ПСЖ. Тој во Париз добива 16 милиони евра годишно, а Интер му нуди 5 милиони по сезона да го засили нивниот тим. За време на тековната сезона, Кавани одигра 22 натпревари и 7 гола во сите натпреварувања. Главен проблем за…

Read More

Раководството на Јувентус веќе преговара за враќање на Пол Погба. Информациите доаѓаат од француските медиуми, во кои се тврди дека претставниците на италијанскиот шампион се во постојан контакт со Мино Рајола и активно работат на реализација на целата операција. Неколку месеци, разни медиуми шпекулираа дека Погба е решен да го напушти Манчестер Јунајтед и да се врати во Јувентус. Французинот одигра вкупно 178 натпревари, постигнувајќи 34 голови за „Бјанконерите“, но во 2016 година за 105 милиони евра се пресели во Манчестер Јунајтед со амбиција да докаже дека е незаслужено запоставен за време на неговиот прв престој на „Олд Трафорд“. Погба…

Read More

Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ го објави изгледот на тимот составен од најнеуспешните трансфери на клубовите во Серија А од 2018 до 2020 година. Позицијата на голманот ја зазеде 23-годишниот италијански голман на Наполи Алекс Мерет, проценет на 30 милиони евра. Кај играчите се најдоа Леонардо Спинацола (Рома, 23,5 милиони евра), Диего Годин (Интер, 5 милиони евра), Дени Вавро (Лацио, 10 милиони евра) и Антонио Барека ( Џенова, 10 милиони евра). Има и други многу познати имиња кои се најдоа во овој состав, играчи во средниот ред: Лукас Пакета (Милан, 30 милиони евра), Адриен Рабио (Јувентус, 20 милиони евра), Хавиер…

Read More

Фудбалскиот клуб Синсинати кој настаппува во МЛС лигата го објави назначувањето на поранешниот репрезентативец на Холандија, Јап Стам за тренер на тимот, а за таа цел објави фотографија на „Твитер“. Но, интересно е тоа што тоа го направија користејќи фотографија од сосема друго лице. На „Твитер“ профилот на Синсинати се користеше фотографија од ќелав човек, кој изгледаше како новиот тренер. Корисниците во коментарите почнаа активно да пишуваат дека на фотографијата не е Стам, по што клубот објавил нова фотографија на која беше ликот на холандскиот тренер. Поради пандемијата на коронавирусот, сезоната на МЛС лигата, како и повеќето фудбалски првенства ширум…

Read More

Играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио може да се пресели во шампионатот на Англија ова лето, пренесуваат медиумите во Франција. Според изворот, управата на Јувентус има намера да преговара со Евертон и лондонскиот Арсенал за продажбата на овој играч. Претходно беше објавено дека менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти е лично заинтересиран за трансферот на фудбалерот на Јувентус. Да потсетиме дека Рабио играше под водство на Анчелоти во ПСЖ од 2012 до 2013 година. Рабио се пресели во италијанскиот клуб пред почетокот на оваа сезона како слободен агент од ПСЖ, од каде и потекнува. Во оваа сезона, 25-годишниот француски…

Read More

Интер ја разгледува можноста напаѓачот на Манчестер Сити и Аргентина , Серхио Кун Агуеро да го замени неговиот сонардник Лаутаро Мартинез во нападот на нивната екипа. Истиот извор тврди дека, Аргентинецот може да го напушти тимот на „граѓаните“ поради исклучувањето на клубот од европските купови на период од две години. Во истата информација се вели дека во случај Лаутаро да се пресели во Барселона, раководството на Интер ќе се обиде да го добие Агуеро. Серхио Агуеро дојде во Манчестер Сити од Атлетико Мадрид во 2011 година. Оваа сезона Агуеро одигра 30 натпревари за Манчестер Сити во сите натпреварувања, постигна 23…

Read More

Само што започна продолжението од сезоната во Германија, а веќе дојдоа и првите проблеми за екипите. Шалке ќе биде без Жан-Клер Тодибо и Амин Арит на неодредено време. Двајцата се повредени за време на дербито со Борусија (Дортмунд) минатата сабота, во кое оваа екипа загуби со убедливи 4:0. Дефанзивецот кој дојде од Барселона има повреда на зглобот, додека Мароканецот има повреда на коленото. Тимот од Гелзенкирхен е на осмото место на табелата во Бундес лигата. Во недела Шалке е домаќин на Аугсбург.

Read More

Роберто Манчини, селекторот на италијанската репрезентација, раскажа како започнал да работи во репрезентацијата. Манчини ја предводи репрезентацијата на Италија од 2018 година. „Пред моето пристигнување, никој не сакаше да биде селектор на италијанскиот тим. Ме прашаа и се согласив. Многумина се плашеа да влезат во тешка ситуација, но фудбалот се состои од вакви моменти, затоа само треба да бидете посигурни и да верувате во способноста на младите играчи. Верувам дека тие сепак ќе стекнат искуство. Отсекогаш имало добри играчи во Италија. Но, победата е секогаш тешка, дури и кога играте против слаби противници. Сакавме да направиме нешто за разлика од…

Read More

Играчот на Реал Мадрид, Дани Себаљос, сака да се врати во Реал Мадрид откако ќе му заврши позајмицата во Арсенал. „Јас сум играч на Реал Мадрид. Секој фудбалер на светот би сакал да игра за Реал Мадрид. Јас имам договор со клубот три години и среќен сум. Ова е совршен тим за да успеам. Чувствувам дека сум подготвен за какви било тешкотии што можат да се појават и да реагирам добро“, изјави Себаљос. Позајмицата на Себаљос во Арсенал ќе трае до 30 јуни. Оваа сезона тој одигра 24 натпревари во сите натпреварувања на клупско ниво, стана автор на 1 гол…

Read More

Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) донесе одлука да го одложи редовното годишно собрание кое според планот требаше да се одржи до крајот на овој месец. Од федерацијата посочуваат дека поради ситуацијата со пандемијата со коронавирусот и мерките за претпазливост кои ги наложуваат здравствените власти, нема услови за одржување на ваков вид собрание, и истото ќе биде закажано веднаш штом ситуацијата со кризата се стабилизира. Минатата недела КФСМ донесе одлука за поништување на тековната кошаркарска сезона, а тоа наиде на остри реакции од лидерот на табелата МЗТ Скопје, кој бараше да биде прогласен за шампион, а воедно најавија иницијатива за смена на претседателот Перо…

Read More