Тренерот на Борусија Дортмунд, Лусиен Фавр изјави дека играчот од средниот ред Џејдон Санчо може да го пропушти натпреварот од 28-то коло од Бундес лигата со Баерн Минхен, што ќе се одигра во вторник, 26 мај. „Тој тренира со тимот само 10 дена. Тоа не е многу. Не можам да кажам со сигурност дали тој ќе игра во вторник“, изјави Фавр. Санчо ги брани боите на Борусија Дортмунд уште од 2017 година, а претходно играше на младинско ниво за Манчестер Сити и Ватфорд. Оваа сезона, 20-годишен англиски играч од средниот ред учествуваше на 24 натпревари од Бундес лигата, во кои…
Author: riste
Лондонските ривали Челзи и Арсенал би можеле уште еднаш да бидат противници на трансфер пазарот. Двата клуба го свртеа вниманието кон дефанзивецот на Баерн (Минхен), Жером Боатенг, пишуваат медиумите на Островот. 31-годишниот централен дефанзивец има договор со Баерн уште една сезона. Сепак, тој не доби многу шанси да настапи во последните години на „Алијанц арена“ и често беше поврзуван со трансфер, и не би било изненадување ако во лето побара нов предизвик. По назначувањето на Ханзи Флик за тренер на Баерн Минхен, Боатенг започна да добива шанса да настапува почесто. Оваа сезона тој има 25 натпревари во сите натпреварувања за…
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер не го вклучува напаѓачот Алексис Санчез во неговите планови за новата сезона. Чилеанецот во моментов е на позајмица во Интер, но од овој клуб непланираат да ја платат откупната клаузула и тој ќе мора да се врати на „Олд Трафорд“. Солскјер пред извесно време изјави дека е подготвен да му даде уште една шанса на Санчез, но според последните информации, тренерот веќе се предомислил и нема намера да се потпира на 31-годишниот играч. Сепак, ова го става Манчестер Јунајтед во многу комплицирана ситуација. Клубот ќе мора да бара нов клуб за напаѓачот, но…
Јувентус веќе подготви јасен план за засилување на неговиот напад. Ова лето „Бјанконерите“ ќе ги насочат своите напори за привлекување на напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик, а следната година ќе се обидат да го доведат во Торино, Ерлинг Халанд од Борусија (Дортмунд), пишува „Тутоспорт“. Јувентус е решен да го освежи нападот по крајот на сезоната. Гонзало Игуаин речиси сигурно ќе биде продаден, а на негово место ќе се бара помлад и поперспективен играч. Во последните месеци за многу имиња се шпекулира, но во моментот се чини дека газдите на клубот застанаа кај името на Аркадиуш Милик. 26-годишниот Полјак не може…
Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс, мораше порано да го заврши натпреварот со Волфсбург, односно не се појави во вториот дел од оваа средба поради повреда. Одбранбениот играч почувствувал болки во Ахиловата тетива и по консултација со докторот одлучил да не го доигра натпреварот. „Разговарав со тимскиот доктор и тој ми рече дека Матс почувствувал болка во Ахиловата тетива. Сепак се надеваме дека не е ништо сериозно и дека ќе може да биде дел од екипата за натпреварот со Баерн во вторник“, изјави спортскиот директор на Борусија Д., Михаел Цорк. Борусија Дортмунд исто како и Баерн Минхен има добар настап во…
Поранешниот тренер на Вардар и селектор на нашата ракометна репрезентација Веселин Вујовиќ, не е повеќе тренер на ППД Загреб. Вујовиќ се врати во Загреб и по двомесечната пауза започна со тренинзи со тимот, но сепак денеска ја прекинал соработката со овој клуб. Кризата удри по многу европски клубови, истото важи и за ППД Загреб а сето тоа е поради коронавирусот, па клубот ја загуби поддршка од градот Загреб, а под знак прашалник е останувањето на уште неколку спонзори. Ова придонесе за големо кратење на буџетот, а Веселин Вујовиќ не се согласил на новите услови, па спогодбено го раскинат договорот.
Манчестер Сити нема намера да се раздели со аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро, објави денес „Газета дело Спорт“. Реал Мадрид и Интер го контактирале агентот на Агуеро пред неколку дена, но „граѓаните“ не сакаат да го продадат играчот. Кун Агуеро дојде во Манчестер Сити од Атлетико Мадрид во 2011 година. Оваа сезона, Серхио Агуеро одигра 30 натпревари за Манчестер Сити во сите натпреварувања, беше стрелец на 23 гола и 3 асистенции. Договорот на играчот со англискиот клуб важи до 30 јуни 2021 година. Претходно беше објавено дека Интер го смета Агуеро како замена за Лаутаро Мартинез, кој може да го напушти…
Од денес стартува второто коло по рестартирањето на фудбалот во Германија. По паузата од два месеци поради пандемијата коронавирус во Германија ќе се игра фудбал, сепако и понатаму пред празни трибини. Сепак од Борусија Мехенгладбах најдоа начин како да ја ублажи траорната атмосфера која е сега со празните трибини на стадионите во Германија. Тие одлучија на своите фанови да им овозможат да бидат присутни на трибините со своја фотографија која чини нешто помалку од 20 евра за што можат да добијат своја картонска фигура која е поставена на „Борусија Парк“. Средствата собрани од оваа акција челниците на клубот ќе ги…
Извршниот одбор на Здружението на играчи на Националната хокеј лига на САД и Канада ќе предложи 24 екипи да учествуваат во плеј-офот оваа сезона, објави Асошиејтед Прес. Резултатите од гласањето се очекува да бидат објавени подоцна. Дури и ако се прифати овој предлог, тоа не значи автоматски дека сезоната во најсилната хокеј лига во светот ќе продолжи, но тоа ќе биде голем чекор во таа насока. За да се случи ова, синдикатот на играчи мора да се согласи со раководството на лигата за различни детали, вклучително и здравствени протоколи. Според предлогот, остатокот од регуларната сезона нема да се одигра, туку…
Преговорите на Барселона со голманот Марк Андре тер Штеген напредуваат и двете страни се блиску до продолжување на договорот, пренесуваат медиумите во Шпанија. Според истиот извор, новиот договор ќе биде со важност до 2025 година. Претходно беше објавено дека Тер Штеген сака да добие 18 милиони евра годишно како нето плата според новиот договор. 27-годишниот Тер Штеген се пресели во Барселона летото 2014 година од Борусија Менхенгладбах. Сумата на трансферот беше 12 милиони евра. Оваа сезона голманот беше на голот на својата екипа на 26 натпревари во Ла Лига и прими 29 гола. Тековниот договор на голманот на германската репрезентација со…
