Проблемите на Шалке се очекуваше да завршат со обновување на сезоната во Бундеслигата, но тоа не се случува. Клубот од Гензенкирхен најави дека може да прогласи банкрот поради кризата со коронавирус и беше еден од оние што сакаа повторно да го започнат шампионатот. Шалке е спонзориран од рускиот енергетски гигант „Газпром“, кој обезбедува 30 милиони евра по сезона. Приходите на клубот за 2019 година се 275 милиони. Сепак, тие паднаа од 350 милиони евра кои беа претходната година и резултатот беше вкупна загуба од 26 милиони евра. „Ситуацијата е многу сериозна и критична“, изјави член на одборот на директори Александар…
Author: riste
Екипата на Реал Мадрид денес го одржа тренингот на стадионот „Алфредо ди Стефано“ во својот спортски центар, јавуваат шпанските медиуми. Токму на овој стадион Реал Мадрид ќе бидат домаќини на своите ривали, додека натпреварите се играат без гледачи. Стадионот е во сопственост на кралскиот клуб и ги има потребните услови за натпревар од овој ранг без присуство на навивачи на трибините. Што се однесува до играчите кои биле на денешниот тренинг, Лука Јовиќ го продолжува закрепнувањето со самостојно тренирање, а тренирале Феде Валверде, Иско и Начо Фернандез.
Она што можеше да се очекува се случи денес, а тоа е ставање на крај на сезоната во АБА-лига. Оваа одлука доаѓа откако Евролига пред некој ден го стори истото. Тешко можеше да дојде до продолжување на сезоната бидејќи најголемиот дел од странците во клубовите си заминаа во своите дрзави, а дел од нив и добија раскин на договорите по прекинот на сезоната. Според информации кои доаѓаат од видео-конференцијата на членовите на јадранското натпреварување, нема да има испаѓање, но затоа пак во новата сезона лигата ќе влезат два нов клуба од АБА 2-лига. Најверојатно тоа ќе бидат првите два пласирани…
Напаѓачот Дуван Запата од италијанскиот клуб Аталанта е меѓу главните трансферни цели на шпанскиот гигант Атлетико Мадрид, тврди „Спорт Медијасет“. Според информациите, тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, лично инсистирал кај управата за трансфер на 29-годишниот Колумбиец, кој има одлична техника и брзина. Сепак, цената за овој квалитетен играч би можела да биде околу 60 милиони евра. Пред пандемијата и прекинот на првенството, Запата одигра 19 натпревари за Аталанта во сите натпреварувања, а приотоа постигна 12 голови и 5 асистенции.
Шпанецот Раул Гонзалез очекувано е избран за најдобар тренер во Франција, втора година по ред. Поранешниот предводник на Вардар и македонската репрезентација заврши на врвот во овој избор, поради уште една одлична сезона на клупата на ПСЖ. Неговата екипа обезбеди имаше голема предност пред прекинот на првенството во Франција, а потоа федерацијата го прогласи ПСЖ и за шампион. Во идеалниот тим се најдоа: голман – Родриго Коралес (ПСЖ), лево крило – Хуго Дескат (Moнпелје), лев бек – Елохим Пранди (Ним), среден бек – Сандер Сагосен (ПСЖ), десен бек – Недим Ремили (ПСЖ), десно крило – Мохамад Санад (Ним) и пивот…
Играчот од средниот ред на Бирмингем, Џуд Белингам, постигна договор со Борусија (Дортмунд) за потпишување договор, пренесува весникот „Спорт Билд“. Германскиот клуб го следи напредокот на играчот, надевајќи се дека ќе го повтори успехот на уште еден Англичанец – Џејдон Санчо, кој успеа да постигне одличен напредок во кариерата отккао дојде во Дортмунд. Манчестер Јунајтед исто така се обидуваше да го привлече младиот играч на Бирмингем. 16-годишниот играч има одиграно 32 натпревари оваа сезона, постигнувајќи 4 гола и 2 асистенции. Неговиот клуб сака да добие околу 35 милиони евра од оваа зделка.
Поранешниот напаѓач на Баерн, Ариен Робен, истакна дека Пеп Гвардиола е најдобриот тренер со кој работел. „Гвардиола е најдобриот тренер во мојата кариера. Јас сум неговиот голем обожавател. Сакам напаѓачки фудбал, а Пеп е господар за тоа. Тој се фокусира на напад и целосна контрола на топката. Работевме со топката на секоја тренинг сесија. Секако дека ми се допадна тоа. Бевме на иста бранова должина. Жал ми е што никогаш не ја освоивме Лигата на шампионите со него. Но, повредите, елиминациите или лошите одлуки на судиите доведоа до тоа сеокгаш да завршуваме во полуфиналето. Имав 30 години кога го водеше…
Реал Мадрид и играчот од средниот ред Каземиро ја продолжиле соработката. Новиот договор ќе биде со важност до 30 јуни 2023 година бил договорен пред неколку месеци, пренесува весникот „Марка“. Каземиро игра за Реал Мадрид од 2013 година. Пред да влезе во овој клуб, Бразилецот ги бранеше боите на Сао Паоло. Во сезоната 2014/2015, играчот од средниот ред играше на позајмица во Порто. Минатото лето, тој беше на мета на ПСЖ. Во сезоната 2019/20, која што е во прекин Каземиро беше дел од тимот на Реал Мадрид на 35 натпревари во сите натпреварувања. Фудбалерот постигна 4 гола и 4 асистенции.…
Атрактивната русокосата сопруга на фудбалерот Мауро Икарди – Ванда Нара, која истовремено му е и агент, уште еднаш покажа колку знае да биде атрактивна кога е во фитнес сала. Таа на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии покажувајќи ја својата атрактивност. Во нејзиниот живот, Ванда Нара била манекенка и ТВ-презентерка, но според некои информации има и кариера во порно индустријата. https://www.instagram.com/p/CAdaUtlhcZn/?utm_source=ig_web_copy_link https://www.instagram.com/p/CAlNIUvh_yu/?utm_source=ig_web_copy_link https://www.instagram.com/p/B_-iBONhKhi/?utm_source=ig_web_copy_link Нејзиниот Инстаграм профил го следат повеќе од 6,5 милиони следбеници, а тоа покажува колку е таа атрактивна и популара.
Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Емре Чан, ги опиша шансите на својот тим да ја освои титулата во Бундес лигата, откако загубија 0:1 од Баерн Минхен во дербито од 28. коло. Со оваа победа, Баварците имаат 64 поени и се одлепија на плус седум во однос на Борусија Дортмунд, која е втора. „Мора да бидеме реални, Баерн ќе стане шампион, освен ако не се случи нешто необично. Денес одигравме добро, натпреварот беше рамноправен и секоја екипа можеше да победи. Сепак, ние не ги искористивме нашите шанси и за жал загубивме”, рече Чан.
