Author: riste

Синдикатот на фудбалери на Македонија и официјално потврди дека при вчерашните тестирања во екипите на Ренова и Шкендија откриени се позитивни случаи на коронавирус. „Денес за жал немаме убава вест.По вчерашните тестирања во двата тетовски клуба Фк Ренова и Фк Шкендија имаме позитивни случаеви на Ковид 19.По повторената анализа во лабораторијата на Аџибаден Систина за жал имаме позитивни случаеви.Информацијата ја имавме уште касно синоќа но чекавме повторена анализа.Затоа денешните тренинзи на овие два клуба беа откажани.Имињата на заразените се уредно доставени до ФК Ренова и ФК Шкендија во текот на денот.Позитивните на Ковид 19 веднаш ќе бидат ставени во самоизолација…

Read More

Актуелниот тренер на Атлетик Билбао, Гаиска Гаритано ќе продолжи да го води тимот и во новата сезона, објавија денес од  „Сан Мамеш“. Овој тренер го обнови својот договор за уште една година. Гаритано го презеде тимот на Атлетик Билбао во декември 2018 година, а дојде на местото на Едуардо Берицо. До овој момент Гаритано ги водеше „црвено – белите“ на 61 натпревар, во кои оствари 27 победи, 18 нерешени и 16 порази. Неговиот најголем успех досега е пласманот во финалето на Купот на кралот.

Read More

Милан продолжува да бара нов напаѓач, а потпишувањето на напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ останува приоритет, пренесува „Фудбал Италија“ повикувајќи се на информацијата објавена од „Газета дело Спорт“. Според изворот, иранскиот напаѓач на Зенит Санкт Петербург, Сердар Азмун останува на потесниот список на „росонерите“, но Наполи, кој веќе започна преговори со напаѓачот, е сериозна конкуренција за Милан. Азмун се пресели во Зенит во февруари 2019 година од Рубин Казан. Износот на трансферот беше 12 милиони евра. Оваа сезона, 25-годишниот напаѓач во руската Премиер лига постигна 10 гола и 6 асистенции.

Read More

Англиската Премиер лига на својата официјална веб-страница ги објави резултатите од четвртиот бран тестирање на играчи, тренери и клупскиот персонал за инфекција со коронавирус. На 28 и 29 мај беа извршени 1.130 анализи. Ниту еден од нив не се покажа како позитивен. Во текот на претходните три рунди на тестирање за КОВИД-19, откриени беа 12 заразени. Тестирање за коронавирус во Премиер лигата: Првиот бран: 17 – 18 мај, 748 тестови, шест позитивни резултати во три клуба. Вториот бран: 19 – 22 мај, 996 тестови, два позитивни резултати во два клуба. Трет бран: 25 – 26 мај, 1008 тестови, четири позитивни…

Read More

Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер на вчерашниот домашен натпревар од 29-то коло на германската Бундес лига со Фортуна од Дизелдорф (5:0) стана автор на една асистенција. 30-годишниот фудбалер му асистираше на напаѓачот Роберт Левандовски. За Томас Милер, оваа асистенција веќе беше 18-та во германскиот шампионат оваа сезона. Според ова, Германецот поставил рекорд во Бундес лигата за бројот на асистенции во првите 29 кола (индикаторите се земени предвид започнувајќи од сезоната 2004/05 година, кога лигата започна да спроведува детална статистика). Милер е член на баерн Минхен уште од младинските школи. За главниот тим, напаѓачот го направи своето деби во 2008…

Read More

Една од најголемите сензации во Германија, напаѓачот на Баер Леверкузен, Каи Хаверц бил договорен за трансфер во Реал Мадрид од следната сезона, пишува весникот „Марка“. Сепак, пандемијата промени сè. Од „Сантијаго Бернабеу“ веројатно нема да може да си дозволат влезни трансфери ова лето за да ја одржи стабилноста на клубот. Според „Марка“, 20-годишниот феномен на „фармацевтите“ е информиран дека Реал Мадрид не може да си дозволи трансфери и договорот нема да  успее. „Хаверц треба да почека“, објави „Марка“ во денешниот број. Каи, кој ќе наполни 21 година на 11 јуни, веќе бара други опции. Баерн (Минхен) се чини најупорен и…

Read More

Францускиот дефанзивец во редовите на Баерн (Минхен) Лука Хернандез заработи повреда на бутниот мускул, што го натера да биде заменет при победата од 5:0 над Фортуна (Дизелдорф) во натпреварот од 29-то коло. Тој ја напушти играта кога резултатот беше 3:0 по завршувањето на првото полувреме. „Имаше проблеми и затоа не сакавме да ризикуваме“, рече тренерот на Баварците, Ханси Флик, кој ја пофали играта на неговиот тим. „По натпреварот со Борусија Дортмунд (победа со 1:0) важно беше да се покаже дека нема да ја намалиме брзината. Ова се покажа од првата секунда. Бевме агресивни и не му дававме никаква шанса на…

Read More

Натпреварите на италијанскиот шампионат по продолжувањето на сезоната 2019/20 ќе се одржуваат секој ден, пренесува „Кориере дело Спорт“. Според изворот, толку тежок распоред е избран за да има време да се заврши сезоната пред 2 август. Да потсетете дека продолжувањето на сезоната во италијанската Серија А е закажано за 20 јуни. Во интерес на клубовите и телевизиските компании, средбите ќе започнат во различни периоди. Поради пандемијата на коронавирус, многу спортски натпреварувања се суспендирани. Претходно беше објавено дека сезоната во италијанскиот шампионат може да продолжи со натпреварот Аталанта – Сасуоло. Лидер во италијанската Серија А е Јувентус со 63 поени по…

Read More

ПСЖ во моментов е пред договарање на останување на Мауро Икарди во Париз, но размислува и за нови имиња во новата сезона. Челните луѓе на парижаните веќе започнале да прават планови за следната сезона, а според последните информации на списокот на желби е првата ѕвезда на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ. ПСЖ долго време е заинтересиран за услугите на српскиот репрезентативец, но се чини дека ова лето се решени да го доведет во своите редови. Како што пренесуваат француските медиуми,  од ПСЖ веќе подготвиле понуда во висина од 60 милиони евра. Најверојатно дека од Лацио нема да ја прифатат оваа понуда и…

Read More

Британскиот министер за култура Оливер Дауден изјави дека од понеделник, 1 јуни, официјално е дозволено продолжување на професионалните спортски настани во земјата. „По повеќе од два месеци прекинување на спортските настани, по неколкунеделни разговори со медицински експерти и професионални спортски организации, јас сум задоволен што ќе ви соопштам дека владата објави упатство со кое се дозволува продолжување на настаните со затворени трибини. Сега можам да го кажам и официјално: фудбалот се враќа“, изјави Дауден. Министерот истакна дека секое раководство на спортските организации сами мора да одлучат кога ќе го продолжат натпреварувањето. Дауден додаде и дека од 1 јуни Британците можат…

Read More