Author: riste

Францускиот крилен играч на Барселона, Осман Дембеле е  на листата на желби на Ливерпул, пренесува „Мундо Депортиво“. Според оваа информација, потпишувањето на Дембеле е алтернатива за трансферот на Тимо Вернер од РБ Лајпциг, кој може да биде јасно дали ќе се реализира или не во најскоро време. Претходно беше објавено дека Челзи, Арсенал и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за услугите на 23-годишниот Дембеле. Барселона планира да се раздели со Дембеле во следниот преоден рок. Цената на напаѓачот се проценува на 56 милиони евра. Договорот на фудбалерот со Барселона е до 30 јуни 2022 година. Во досегашната сезона, Осман Дембеле и…

Read More

Министерството за здравство на Австрија го одобри планот за трка во Формула 1 во оваа земја во јули 2020 година. „Организаторите ни го претставија концептот кој се заснова на посебните барања за трки во Формула 1. Зе земаат во предвид сите потребни мерки што го попречуваат ширењето на коронавирусот. Концептот ги исполнува сите барања на Министерството за здравство. Покрај тоа, развиени се посебни правила за да се обезбеди највисоко ниво на заштита од ширење на инфекција“, изјави министерот за здравство Рудолф Аншобер. Ова значи дека скоро сигурно, сезоната во Формула 1 за 2020 година навистина ќе може да започне на…

Read More

Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Ријад Марез смета дека сега е вистинско време „граѓаните“ конечно да го реализираат својот голем сон за освојување на титулата во Лигата на шампионите. Екипата на Пеп Гвардиола го совлада Реал Мадрид со 2:1 на гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“ пред да запре сезоната поради пандемијата. Според Алжирецот, Манчестер Сити има сè што треба за да дојде до самиот крај. „Мислам дека е добро време да ја освоиме Лигата на шампионите. Имаме тим, имаме менаџер, имаме сè што ни треба. Не знам дали сме најдобри, но ние сме доволно добри за да го освоиме трофејот. Лигата…

Read More

Раководството на Баерн (Минхен) продолжува да бара опции со кои би го реализирале трансферот на крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Лерој Сане. Баварците го сакаат Германецот повеќе од една година и нема да се откажат од овој играч ова лето. „Граѓаните“ бараат околу 100 милиони за Сане, а за да ја намалат оваа цена, од „Алијанц Арената“ се подготвени за возврат да им го  понудат Лука Хернандез. Светскиот шампион со Франција е во состојба да игра и како лев бек и како централен дефанзивец, што би можело да биде атрактивна опција за Пеп Гвардиола, кој сака да привлече играчи за…

Read More

Официјален фудбалски натпревар во Италија може да биде одигран на 12 јуни и тоа ќе биде Јувентус – Милан. Ова е реванш натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. Првиот натпревар, одигран на „Сан Сиро“, заврши 1:1. Министерот за спорт, Винченцо Спадафора, најави дека Купот ќе се одигра помеѓу 13 и 17 јуни, а првенството ќе започне на 20 јуни. Сепак, сега се разговара за можноста за реванш полуфиналето од Купот на Италија што би се идиграл еден ден порано, односно на 12 и 13 јуни. За да има натпревари на овие датуми, владата на земјата мора официјално да даде…

Read More

Италијанската влада го одобри продолжувањето на националното првенство во јуни. „Серија А ќе продолжи во јуни. Одлуката беше одобрена од Владата“, пренесоа медиумите во Италија. Претходно беше објавено дека раководството на Серија А го одобри 13 јуни како датум за продолжување на првенството. Многу е веројатно дека викендот на 13 јуни ќе се искористи за одигрување на преостанатите четири натпревари од 25-то коло, кои беа одложени во март: Аталанта – Сасуоло, Интер – Сампдорија, Торино – Парма и Верона – Каљари. Потоа ќе следува доигрувањето на останатиот дел од првенството кое ќе продолжи од 20 јуни, а секоја екипа ќе…

Read More

Ла Лига и носителот на телевизиските права за шпанскиот фудбалски шампионат „Медиапро“ постигнаа договор дека остатокот од сезоната 2019/20 ќе се емитува бесплатно во старечки домови низ цела Шпанија. Оваа земја беше една од најтешко погодените во Европа од коронавирусот, во кој загинаа 27.000 луѓе во кралството, од кои повеќе од 17.500 во домовите на стари луѓе. „Овој гест има за цел да ја разбие изолацијата и осаменоста што ја доживеале толку многу луѓе во земјата. Знаеме дека кризата најтешко ги погоди луѓето во старечки домови и по повеќе од 70 дена изолација сакаме да ги израдуваме најстарите љубители на…

Read More

Италијанскиот тим Наполи ги продолжува преговорите за трансфер на иранскиот напаѓач од Зенит Санкт Петербург, Сердар Азмун и нуди за него 25 милиони евра, вели „Газета дело Спорт“. Според истиот извор, рускиот клуб го проценува играчот на 30 милиони евра, но Италијанците се уверени дека ќе можат да го завршат трансферот. Наполи сака со Азмун да го замени полскиот напаѓач Аркадиуш Милик, кој е интересен за неколку клубови. Азмун се пресели во Зенит во февруари 2019 година од Рубин Казан. Сумата за трансферот беше 12 милиони евра. Оваа сезона, 25-годишниот напаѓач учествуваше на 21 натпревар од руската Премиер лига (19…

Read More

Милан подготвува предлог за нов договор на својот капитен Алесио Ромањоли, тврди „Газета дело Спорт“. Централниот дефанзивец има договор до јуни 2022 година. Иако остануваат уште две години од неговиот договор, „росонерите“ се подготвени да го врзат за подолг период. Тие сакаат да ја избегнат ситуацијата во која се најдоа со Џанлуиџи Донарума. Клубот не успева да се договори со голманот во оваа фаза и од јануари следната година тој ќе има право да преговара со другите клубови и евентуално да замине како слободен агент следното лето. Милан можеби ќе треба да го продаде Донарума оваа година, доколку не сакаат…

Read More

Натпреварите во Премиер лигата ќе продолжи во среда, на 17 јуни, кога Астон Вила ќе биде домаќин на Шефилд Јунајтед, а Манчестер Сити ќе биде домаќин на Арсенал. Ова се натпреварите од 28-то коло, кои не се одиграа поради финалето на Лига купот. Натпреварите од 29-то коло се одиграа во целост, што значи дека натпреварите од 30-то коло ќе започнат на 20 јуни, во тој момент сите екипи ќе имаат ист број на натпревари (веројатно може да има меч од ова коло што ќе се одигра во петок, 19 јуни, но ова сè уште не е сигурно). Првенството треба да…

Read More