Челзи се надева дека ќе продаде четворица играчи за да го зголеми својот буџет за нови засилувања во текот на летото, пренесуват медиумите во Лондон. Челзи планира да ги продава дефанзивците Курт Зума и Емерсон, играчот од средниот ред Рос Баркли и напаѓачот Мичи Батшуаи. Најмногу изненадува информацијата за Баркли, кој одигра добри натпревари пред крајот на сезоната и беше дел од идните планови на Френк Лампард. Лондончаните се надеваат дека ќе заработат 115 милиони фунти од продажбата на овие играчи. Се очекува дека главните желби во текот на следниот трансфер период ќе бидат купување на напаѓач, а имињата главно…
Author: riste
Холдинг компанијата „Сити Фудбал Груп“ на својата веб-страница објави дека го купила управувачкиот пакет во белгискиот фудбалски клуб Ломел. Ломел стана деветти клуб кој е под оваа групација која е исто така сопственик на Манчестер Сити (Англија), Њујорк Сити (САД), Мелбурн Сити (Австралија), Јокохама Ф. Маринос (Јапонија), Монтевидео Сити Торке (Уругвај), Џирона (Шпанија), Сечуан Јун (Кина) и Мумбаи Сити (Индија). Ломел игра во втората дивизија на Белгија. Според резултатите од сезоната 2019-2020 година, која, поради пандемијата на коронавирусот, беше завршена предвреме во април, тимот го зазеде шестото место. „Сити Фудбал Груп“ е во сопственост на Абу Даби Јунајтед Груп, која…
Дали Македонските фудбалски клубови може ова лето да останат без настап во Европа, затоа што УЕФА, размислува дури и да ги укине квалификациите за Лигата на шампионите и Лигата на Европа, објави денес весникот „Тајмс“. Според оваа информација, УЕФА планира да направи скратен систем на натпреварување во европските купови поради сеуште непознатите можности за меѓународни патувања, рестрикциите за влез во земјите и други проблеми со кои би се соочувале клубовите. Во игра се две опции. Првата е да има квалификации, но во скратен формат и наместо два меча (дома-гости), да има само еден. Во оваа варијанта единствениот меч би се…
Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин доби дозвола од клубот да биде отсутен уште 5 дена. Игуаин во моментов е во родната Аргентина, каде е со неговата мајка која е сериозно болна. Тој се врати таму веднаш по избувнувањето на пандемијата и суспензијата на првенството. Игуаин и Адриен Рабио се единствените играчи на шампионот кои се уште не се во Италија. По нивното враќање, тие ќе треба да поминат во задолжителен 14-дневен карантин, што значи дека сигурно ќе доцнат за почетокот на групниот тренинг, што ќе им биде дозволен од 18 мај. Со ова исто така се зголемуваат гласините дека Аргентинецот…
Реал Мадрид наскоро може сериозно да ги намали платите на играчите. Според весникот „АС“, раководството на клубот има намера да ги намали платите за играчите на првиот и вториот тим, како и за членовите на тренерскиот тим за 30 % од следната сезона. Овој чекор ќе влијае на самото раководство. Платите на другите вработени во клубот, од кои повеќе од 800 лица, нема да се променат. Во моментов, Реал Мадрид троши 283 милиони евра годишно на платите на главните играчи на тимот. Намалувањето на платите од 30 % ќе заштеди 85 милиони евра, а со оглед на намалувањето на платите…
Лацио покажува сериозен интерес за напаѓачот на Сарагоса, Луис Суарез. Овој фудналер го има истото име и презиме со големата ѕвезда на Барселона и игра на позајмица за екипата од Сегунда дивизија, а неговите права ги има Ватфорд. Понудата на италијанскиот клуб ќе биде во вредност од 15 милиони евра, и предвидува одредени бонуси. 22-годишниот Суарез помина низ академиите на Гранада и Ватфорд, а потоа беше испратен во Ваљадолид и Гимнастик. Оваа сезона Колумбиецот игра одлично во екипата на Сарагоса и има 17 гола на 29 натпревари, а неговиот тим е во битка за пласман во Ла Лига. Лацио се…
Генералниот директор на Сасуло, Џовани Карневале, потврди дека нивниот играч Стефано Сенси ќе биде продаден во Интер. 24-годишниот играч од средниот ред моментално игра во Интер како позајмен играч, но со своите настапи стигна и до италијанската репрезентација. Играчот од средниот ред ја започна сезоната многу добро, но потоа се повреди и влегувањето на Кристијан Ериксен во форма го спречи да продолжи со главната улога во тимот. „Интер ќе го купи Сенси. Сè е договорено. И ние во Сасуоло наскоро ќе започнеме преговори за продолжување на договорите“, рече Карневале. На прашањето дали кризата ќе влијае на договорот со Стефано Сенси,…
Британската Влада донела одлука да се дозволи повторно играње фудбал, а денеска само треба да ја соопштат оваа одлука со која Премиерлигата во Англија ќе продолжи на 12. јуни. Премиерот Борис Џонсон денеска ќе ја соопшти оваа вест дека Премиерлигата ќе ја продолжи сезоната на 12. јуни, а за утре се очекува побјавување на планот за сите останати спортски активности во Велика Британија, објавија медиумите на Островот. До прекинот во март поради пандемијата со коронавирусот беа одиграни 29 кола во Премиерлигата и остануваат уште девет кола, или точно 92 натпревари за да биде завршена сезоната. Планот е да се игра…
Играчот од средниот ред Фелипе Кутињо веројатно нема да се појави повеќе на теренот со екипата на Баерн (Минхен). Иако се очекува Бундеслигата да продолжи следната недела, Бразилецот веројатно го одигра својот последен натпревар за баварскиот гигант. Тој сè уште се опоравува од повредата на зглобот, откако беше подложен на операција на 24 април. Тогаш беше објавено дека неговиот третман ќе трае 6 недели. Според „Мундо Депортиво“, во најдобар случај тој може да биде во составот на својата екипа за последното коло. Дури и ако тоа се случи, неговото вклучување во играта нема да има смисла, со оглед дека е…
Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, 3 месеци ќе се опоравува од повредата што ја доби пред неколку дена, тврдат медиумите во Мадрид. Српскиот репрезентативец има скршена коска на стапалото на десната нога за време на тренингот во неговиот дом во Белград. Долгото закрепнување значи дека ќе го пропушти остатокот од сезоната во Ла Лига. Поранешната повреда на фудбалерот на Ајнтрахт (Франкфурт) дојде неколку недели откако тој го прекрши двонеделниот карантин и го напушти Мадрид за да се врати во Белград со својата бремена девојка. Веднаш потоа, се појави информација дека Реал планирал да се раздели со него. Сепак, Јовиќ…
