Раководството на Интер размислува да даде понуда за голгетерот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, пренесува „Газета дело Спорт“. Тренерот на Интер, Антонио Конте лично инсистира за привлекување на 30-годишниот репрезентативец на Габон. Барселона и Манчестер Јунајтед се останатите клубови кои за заинтересирани за Обамејанг. Неговата желба е да го облече дресот на Барселона. Обамејанг има договор со Арсенал до летото 2021 година. Двете страни не се во состојба да се договорат за неговото продолжување и се чини дека напаѓачот нема намера да остане во Северен Лондон. Оваа сезона Обамејанг има постигнато 17 гола на 26 натапревари. Неговиот учинок оваа сезона е 3…
Author: riste
Левиот бек на Милан, Тео Ернандез е еден од играчите што Барселона го гледа како свој иден играч. Каталонците размислуваат да направат понуда за 22-годишниот фудбалер, кој има многу добра сезона со тимот на „росонерите“ и има вкупно 5 голови во Серија А. Милан го купи Ернандез од Реал Мадрид за 20 милиони евра, а Реал нама опција да го врати дефанзивецот за одредена сума, ниту пак ќе добијат процент од неговиот следен трансфер. Според весникот „Марка“, на Ернандез кој потекнува од школата на Атлетико Мадрид, не му пречи да се врати во Шпанија. Барселона бара засилување во левата бековска…
Манчестер Сити и Реал Мадрид се двата клуба што ќе влезат во трансфер битката за голгетерот на Тотенхем, Хари Кејн. Според „Дејли експрес“, третиот кандидат за потписот на англискиот репрезентативец Манчестер Јунајтед веќе се помирил со идејата дека тој нема да може да победи на оваа трка. Списанието тврди дека Тотенхем ќе бара околу 150 милиони фунти за својата голема ѕвезда. Пеп Гвардиола веќе бара замена за Серхио Агуеро во Манчестер Сити. Пред неколку дена, поранешниот менаџер на Тотенхем, Хари Реднап, изрази мислење дека Кејн ќе биде најпогодна личност за улогата на напаѓач во Манчестер Сити. Реновирањето на Реал Мадрид…
Сопствениците на Милан сè уште ја разгледуваат кандидатурата на поранешниот тренер на РБ Лајпциг Ралф Рангник за функцијата главен тренер на клубот од Милано. Оваа информација беше денес објавена од страна на „Газета дело Спорт“. Според изворот, американската компанија Елиот Менаџмент, која е актуелен сопственик на Милан, е подготвена да издвои 75 милиони евра за засилувања на составот во летниот преоден рок, со што новиот тренер би можел да направи селекција по свој избор. Рангник работел во клубови како Штутгарт, Хановер, Шалке 04, Хофенхајм, РБ Лајпциг и други. Беше објавено дека друг кандидат за тренерското место на „росонерите“ е Лучијано…
Капитенот на Милан, Алесио Ромањоли е трансферна цел на Барселона, која бара засилување во ценатрот на својата одбрана, пренесува шпанскиот весник „Спорт“, повикувајќи се на италијански извори. Според оваа информација, ваквиот трансфер ќе биде многу тежок поради високата цена на дефанзивецот, која изнесува 50 милиони евра. Затоа, договор може да се случи само доколку Милан се согласи да вклучи играч на Барселона за да ја намали бараната сума. Росонерите се заинтересирани за неколку каталонски играчи како Рафиња Алкантара и Иван Ракитиќ, кој од друга страна сака да се врати во Севиља. Договорот на Ромањоли истекува во 2022 година, но Милан…
Во моментите кога целата светска популација се соочува со коронавирусот потребни се многу медицински материјал и заштитна опрема на здравствените институции. Токму поради тоа напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез направи донација во болница во неговиот роден град во борбата против коронавирусот. Аргентинецот обезбеди средства за клиниката од градот Баија Бланка, со која купи 3.350 литри средство за дезинфекција, 100.000 безбедносни ракавици и друг потребен медицински материјал. Лаутаро Мартинез се пресели од Расинг во Интер во 2018 година. Оваа сезона, на 31 натпревар во сите натпреварувања на клупско ниво, аргентинскиот напаѓач постигна 16 гола и имаше четири асистенции.
Најавените мерки на државата за спортистите и спортските работници се донесени на седница на Владата, а Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски денеска ги истакна мерките кои државата ќе ги превземе за спортот во времетраење на пандемијата со вирусот Ковид-19. „Во време на пандемија на коронавирусот во овие вонредни времиња мора да се донесуваат и вонредни мерки. Токму затоа во изминатите недели бевме фокусирани да го одржиме спортот во нормала по оваа пандемија. Се утврди исплаќање на финаниска поддршка на спортстите, спортските работници, и истата ќе се исплатува врз основ на работен договор на секој оној кој…
Уште еден италијански клуб е заинтересиран за Марио Геце. Се очекува 27-годишниот играч од средниот ред да ја напушти Борусија Дортмунд по крајот на сезоната, а се појавијаја информации дека тој може да се пресели во Интер или Наполи. Рома сега е меѓу кандидатите за потписот на играчот кој стана светскиот шампион во 2014 година. „Кориере дело Спорт“ тврди дека спортскиот директор на Рома, Џанлука Петраки, веќе разговарал со агентот на Геце. „Билд“ додава дека поранешниот германски репрезентативец сигурно повеќе би ја прифатил понудата од Рома, отколку оние од МЛС лигата или Катар. Геце имаше повреди во последните години и…
Фудбалерот од средниот ред на Лацио, Лукас Леива ја искористи паузата во првенството поради коронавирусот да се подложи на артроскопија на менискусот, објави агенцијата „АНСА“. 33-годишниот Бразилец, кој ја игра својата трета сезона во Лацио, беше подложен на операција на клиника во Рим и ќе се опоравува околу два месеци. Леива може да се врати на теренот за можното продолжување на Серија А во текот на летото. Шампионатот беше прекинат на 9 март поради пандемијата и не е јасно кога ќе продолжи.
УЕФА и дозволи на англиската Премиер лига да бидат пренесувани натпреварите кои се играат во 15.00 часот по локално време и тоа само до крајот на сезоната. Истото ова се однесува и за натпреварите од Шкотското првенство. Како што е познато, дуелите во 15 часот по локално време во Англија уживаат право на т.н. „затворени часови“ кои се регистрирани во УЕФА пред почетокот на сезоната. Не треба да се прикажуваат натпревари во овој момент, идејата е да се спречат пиратски телевизиски да го реемитуваат сигналот од овие натпревари во целиот свет. Според правилата на локалните федерации и лиги, договорени со…
