Иднината на Кепа Аризабалага во Челзи е под знак прашалник, а тоа доведе до многу шпекулации околу евентуалното ангажирање на нов голман на „Стемфорд Бриџ“. Лондонските сини имаат интерес за Џaнлуиџи Донарума, кој наскоро ќе влезе во последната година од неговиот договор со Милан. Италијанскиот репрезентативец би чинел околу 60 милиони евра, а Реал Мадрид и ПСЖ се очекува да се приклучат во битката за неговиот потпис. Челзи веќе стапи во контакт со агентот на овој голман, Мино Рајола. Лондончаните сакаат да бидат на списокот на заинтересирани доколку Донорума се одлучи да одбие да потпише со Милан. Во тој случај…
Author: riste
Централниот дефанзивец на Лацио, Луис Фелипе е една од трансферните цели на Барселона за следната сезона, но Баерн Минхен ќе биде уште еден од конкурентите за потписот на Бразилецот. Баварците сакаат овој 23-годишен дефанзивец да го замени Џером Боатенг, кој речиси сигурно ќе ја напушти „Алијанц Арена“. Луис Фелипе има 23 натпревари за Лацио од почетокот на сезоната во сите натпреварувања, а има огромна заслуга што екипата на Симоне Инзаги прими најмалку головите во Серија А. Неодамна, неговиот агент рече дека дефанзивецот совршено одговара со стилот на игра во Шпанија. Лацио ќе стори сé што може за да го задржи…
Раководството на Наполи ќе се обиде да го продолжи договорот на Фабијан Руиз. Тековниот договор на Шпанецот истекува во летото 2023 година, но клубот се надева дека ќе го убеди да потпише нов. Медиумите во Италија пишуваат дека од Наполи се подготвени да понудат сериозно покачување на платата на Руиз за да го задржат во тимот. Не е тајна дека овој играч од средниот ред се најде во плановите за трансфер на Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, а неодамна стана јасно дека Ливерпул исто така сака да го привлече. Во интервју пред неколку дена, агентот на Шпанецот изјави дека…
Бразилскиот интернационалец Филипе Кутињо се надева дека ќе се врати во англиската Премиер лига следната сезона, објави „Мундо Депортиво“. 27-годишниот играч од средниот ред, кој е во сопственост на Барселона, но игра со позајмица во Баерн (Минхен), веќе одби понуда да се пресели во италијанскиот Интер или да замине во францускиот шампион ПСЖ. Кутињо играше во Англија помеѓу 2013 и 2017 година кога го носеше дресот на Ливерпул. Во почетокот на 2018 година, тој се пресели во Барселона за сума со бонуси до 158 милиони евра. Баерн, кој сега е дом на Бразилецот, има опција да го купи за 120…
Од денес, Реал Мадрид официјално не е веќе во карантин. Вчера истече 15-дневен период на целосна изолација на сите во клубот откако позитивен на тестот за коронавирус беше кошаркарот, Треј Томкинс. Фудбалскиот клуб, кошаркарскиот и други спортски тимови сите ја делат истата тренинг база па затоа беше воведена оваа мерка. Во карантин беа 750 луѓе. Добрата вест е дека ниту еден од фудбалерите не е позитивен на коронавирус. Крајот на карантинот, сепак, не значи олабавување на мерките, па дури и спротивното. Шпанија моментно се наоѓа во најтешкиот период на кризата досега, со рекордни 769 мртви минатиот ден. Вкупно 4.858 се…
Голгетерот на Лацио, Чиро Имобиле, ќе добие предлог од клубот за обновување на договорот. Новиот договор ќе биде во функција до 2025 година и има дополнителни бонуси за постигнати голови, настапи во Лигата на шампионите и друго, пренесува „Калчомеркато“. Тековниот договор на Имобиле со римскиот клуб истекува во летото 2023 година. Според извештаите, Евертон и Наполи се заинтересирани за напаѓачот, но тој сака да остане во Рим. Оваа сезона Имобиле има 27 голови и 7 асистенции на 26 натпревари во Серија А.
Капитенот на нашата најдобра фудбалска репрезентација, Горан Пандев, испрати уште една порака до македонските граѓани во борбата со ширењето на коронавируост во нашата земја. Панде со своето семејство е во Џенова, Италија каде се во самоизолација. Нашиот најдобар фудбалер многу веројатно ќе ја продолжи својата играчка кариера за уште една година и ќе остане во оваа екипа, а преку пораката која ја упати вели дека секој треба да е одговорен, како кон себе така и кон другите. „Секој треба да е одговорен, како кон себе така и кон другите. Затоа седи дома и слушај ги препораките. Само со дисциплина и самодисциплина може да…
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета откако ја надмина болеста по заразата од коронавирусот излезе во јавноста со негов коментар за елата ситуација и посочи дека на неговите играчи најверојатно ќе им треба силен поттик за да се опорават ментално од проблемот со коронавирусот. Поради пандемијата, сите се дома и работат индивидуално. „За да ги задржиме активни и да не им биде досадно, во моментов им даваме многу вежби за да работат дома“, објасни Артета. „Тие сè уште се ентузијасти. Треба да го задржиме тоа чувство и од таа причина, по враќањето во нормалното секојдневие, можеби ќе треба да добиеме повеќе…
Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, сака да го види дефанзивецот на Интер, Диего Годин во неговиот клуб. Ова денес го објави „Тутопорт“. Според изворот, Мурињо веќе бил заинтересиран за играчот кога бил на чело на Манчестер Јунајтед. Годин играше за Атлетико Мадрид од 2010 до 2019 година. Заедно со Атлетико Мадрид , Диего стана шампион на Шпанија, освојувач на Купот на Шпанија, двапати ја освои Лигата на Европа, три пати – Суперкупот на УЕФА. Вкупно за Атлетико Мадрид, Годин одигра 277 натпревари и постигна 17 голови. Во летото 2019 година, дефанзивецот му се приклучи на Интер како слободен играч. Оваа…
Раководството на ФИФА ќе им препорача на играчите за намалување на платите од 50 проценти додека не се смири пандемијата на коронавирус. Ова беше јасно по средбата со претставници на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА) и Меѓународната федерација на здруженија на професионални фудбалери (ФИФПро). Покрај тоа, ФИФА привремено ќе забрани прекинување ма договорите со играчи и тренери од страна на клубовите за времетраењето на кризата. Опцијата за намалување на платите за половина е поддржана од повеќе од половина клубови. Намалувањето на платите од 50% исто така веќе се дискутира и во англиската Премиер лига.
