Author: riste

Големината на одредени спортисти се гледа сега кога се наоѓаат сите во тешка состојба. Таков е случајот и со фудбалерите на Боруисја Дортмунд кои синоќа се сретнале со раководството на клубот и одлучиле да се откажат од 20% од нивните плати за време на суспензијата на Бундеслигата поради пандемијата на коронавирус, пренесува „Билд“. Со оваа одлука, играчите на Борусија Дортмунд директно ќе помогнат да се одржи работата на 850 вработени во клубот. После 25 одиграни натпревари, Борусија го завзема второто место во германскиот шампионат со 51 бод и се на четири бода зад водечкиот Баерн Минхен.

Read More

Челзи објави дека крилниот играч Калум Хадсон-Одои се чувствува подобро и повеќе не покажува симптоми на коронавирус. На фудбалерот од „Стемфорд Бриџ“ му беше дијагностициран „COVID-19“ пред две недели и веднаш замина во самоизолација. Во изјавата на клубот се вели дека Хадсон-Одои дал негативен тест за да докаже дека е целосно здрав, а сега 19-годишникот веќе тренира напорно дома. Хадсон-Одои беше првиот играч од Премиерлигата кој имаше коронавирус. Тој на социјалните медиуми напиша дека е здрав, но дека и понатаму останува во својот дом. Од почетокот на сезоната, овој фудбалер има одиграно 25 натпревари и постигнато 3 гола за својата…

Read More

Напаѓачот на Јувентус и репрезентацијата на Аргентина, Пауло Дибала, на својата страница на Инстаграм изјави дека тој и неговата девојка се заразиле со коронавирусна инфекција. „Здраво на сите, само сакав да ве известам дека ги добивме резултатите од тестот COVID-19. Јас и Ориана имаме позитивен резултат. За среќа, ние сме во совршени услови. Ви благодарам за вашите пораки“, напиша Пауло Дибала. Дибала е третиот играч на Јувентус кој е позитивен на тестот на коронавирус. Претходно, позитивен тест имаше дефанзивецот Даниеле Ругани и играчот од средниот ред Блез Матуиди.

Read More

Интер продолжува да инсистира со тоа дека нема да ја продаде својата sвезда Лаутаро Мартинез во Барселона, но сепак според одредени потези кои ги прават се подготвуваат да го заменат со двајца нови играчи, пренесува „Газета дело Спорт“. Станува збор за Оливие Жиру од Челзи и Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал, а Интер планира да ги привлечат и двајцата. И Французот и Габонецот беа поврзани со трансфер во Интер изминатата зима. Жиру ќе стане слободен агент по крајот на сезоната, додека Обамејанг не брза повторно да се потпише нов договор со „топџиите“ бидејќи неизвесно е дали тие ќе учествуваат во евро…

Read More

Манчестер Јунајтед ја користи оваа пауза за да направи планови околу купувањето на играчи во летниот преоден рок. Додека е во тек прекинот на првенството во Манчестер Јунајтед размислуваат каква понуда да дадат за да го привлечат Томас Лемар, а минатата недела се сретнаа со претставниците на играчот. Францускиот репрезентативец импресионираше со своите настапи во сезоната 2016-2017 и привлече внимание на некои од европските гиганти. Ливерпул и Арсенал се обидоа да го привлечат од Монако, но тој избра да се пресели во Атлетико Мадрид. Шпанците платија 70 милиони евра за него во 2018 година, но тој разочара со неговиот настап…

Read More

Sвездата на Јувентус, Пауло Дибала, одлучи да ги негира лажните информации дека е заразен со коронавирус. Тој го искористи својот профил на Инстаграм за оваа намена. „Ние сме еден голем тим. Ние не се делиме, ниту сме политички обоени. Имам само еден совет за сите – останете дома како што правам јас. Беше голема дезинформација дека бев болен со КОВИД-19. Нема никаква вистина во тоа, иако се подложувам на универзален карантин како и секој друг. Во следните неколку дена ќе го знам резултатот од тестовите. Би сакал да им се заблагодарам на сите даватели на здравствени услуги кои го ризикуваат…

Read More

Реал Мадрид нема намера да се справува со однесувањето на напаѓачот Лука Јовиќ , кој ги прекрши карантинските правила во клубот. Да потсетиме дека играчот се вратил од Шпанија во Србија, игнорирајќи ја потребата од двонеделен карантин во Мадрид, како резултат на ситуацијата со коронавирусот. Според „Дејли Стар“, српскиот фудбалер ќе биде понуден на лондонските Челзи и Тотенхем во наредното лето. Секој од клубовите сериозно размислува да потпише договор со 22-годишниот Јовиќ. Оваа сезона Јовиќ одигра 23 натпревари за Мадридскиот гигант, во кои постигна два гола и имаше една асистенција. Лука стана играч на Реал Мадрид минатото лето, откако се…

Read More

Италијанските клубови во Серија А планираат да ги намалат платите на фудбалерите за 15-30%, како резултат на стопирањето на првенството поврзано со пандемијата на коронавирусот. Според информациите кои беа објавени, платите ќе бидат намалени за 30% за оние кои примаат повеќе од 1,5 милиони евра по сезона, а за 15% ако играчот заработува помалку од одредената сума. Така, клубовите сакаат да ги минимизираат загубите со заштеда на 250 милиони евра со потенцијална загуба од 1 милијарда евра. Италијанското првенство беше суспендирано по 26-то коло. Првиот италијански играч на кој му беше дијагностицирана болест беше дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани.

Read More

Лондонскиот Челзи е фаворит во борбата за бразилскиот играч од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо, пренесува шпанскиот весник „Спорт“. Според изворот, најверојатната опција за трансфер е позајмица со право на откуп. Во моментов, Бразилецот настапува за Баерн Минхен на позајмица. Германскиот клуб има право да го купи играчот за 120 милиони евра, но, најверојатно, ќе ја одбие опцијата за трансфер на играчот од средниот ред. Оваа сезона, 27-годишниот Кутињо учествуваше на 22 натпревари од германскиот шампионат (15 во првиот тим), стана стрелец на осум гола (еден од пенал) и даде шест асистенции. Договорот на бразилскиот играч од средниот ред…

Read More

По целата ситуација која владее во Европа, запирањето на сите натпревари во ракометот, неминовно беше да биде донесена и одлуката за одложување на завршниот Ф4 турнир во регионалната СЕХА лига. Регионалната СЕХА лига, на чие чело е претседателот Михајло Михајловски, денес ја информираа јавноста за одложување на завршниот турнир од деветото издание на регионалната лига во ракомет за мажи. „Фајнал-фор“ турнирот требаше да се игра од 3 до 5 април во хрватскиот град Задар, но се одложува на неодредено време. Не постојат технички услови за одигрување на турнирот, заради ширењето на пандемијата ковид-19 и неодиграните реванш натпревари од четвртфиналето. Познати се…

Read More