Европскиот и светскиот клупски шампион Ливерпул го пречекува шпанскиот Атлетико Мадрид во реваншот од 1/8-финалето на Лигата на шампионите вечерва од 21.00 часот. Тимот на менаџерот Јурген Клоп е подготвен да го надмине резултатот од 0:1 кој го оствари на гостувањето на „Ванда Метрополитано“, а сите во Ливерпул се подготвени за уште една магична вечер на „Енфилд“. Поразот во Мадрид предизвика непријатна серија за Ливерпул – тешки победи над Вест Хем и Бурнемаут на домашен терен, поразот од Ватфорд со 0:3 како гостин и отпаѓањето од Челзи во ФА Купот. Во пракса, се покажа дека тимот на Диего Симеоне ја…
Author: riste
Францускиот гигант ПСЖ вечерва од 21 часот ја пречекува Борусија Дортмунд пред празните трибини на „Паркот на принцовите“ во реваншот од 1/8-финалето на Лигата на шампионите. Дуелот ќе се игра зад затворени врати заради епидемијата на коронавирусот. Германскиот тим победи со 2:1 на првата средба, која го остави отворено прашањето за конечниот победник од оваа пресметка. Парижаните изгубија едно од своите оружја во мечот – публиката, но може да излезат уште послаби заради здравствената состојба на младата sвезда Килијан Мбапе, кој не се чувствува добро, па дури беше тестиран за коронавирус. Постојат индикации дека тестот е негативен, но неговото учество…
Вечерва од 21 часот се игра реваншот меѓу Лајпциг и Тотенхем во осминафиналето од лигата на шампионите. Двете екипи се среќаваат на „Ред Бул Арената“ во битка за место во 1/4 финалето. Германскиот тим е фаворит во овој натпревар по победата од 1:0 во Лондон. Сепак, ова е предност што лесно може да се загуби, така што овој натпревар не може да се каже дека е решен на било кој начин. Сепак, Тотенхем е пред сериозен испит и ќе мора да оди на победа вечерва на гостувањето во Германија доколку сака да игра во четвртфиналето. „Спарси“ не се во слична…
Италијанската екипа Аталанта е на чекор да постигне еден од најголемите успеси во својата историја. Екипата од Бергамо е на 90 минути од пласман во 1/4-финалето во Лигата на шампионите уште во своето деби во елитното натпреварување. Избраниците на тренерот Џан Пјеро Гасперини гостуваат кај Валенсија на „Местаља“ во реваншот од 1/8-финалето. Сепак, Италијанците се огромен фаворит да продолжат понатаму, откако во првиот натпревар на домашен терен остварија импресивна победа од 4:1. Во исто време, Валенсија ќе мора да направи чудо доколку сака да оди понатаму во ЛШ. Иако им се потребни три гола, тоа не значи дека Шпанците немаат…
Македонскиот интернационалец и еден од најдобрите наши репрезентативци и фудбалер кој игра во одлична форма во овој период, Енис Барди, поради повреда го пропушти последниот тренинг на својата екипа Леванте. Неговиот клуб веднаш излезе со информации за ова и соопшти дека македонскиот фудбалер има повреда на скочниот зглоб и во следните денови ќе се знае колкав период ќе биде надвор од терените. Ова секако не е добра вест за нашата репрезентација која ја очекува плеј-оф мечот против Косово на 26-ти март. Барди е една од важните алки во составот на селекторот Игор Ангеловски во македонката репрезентација и затоа со големо внимание…
Арсенал стана уште еден клуб кој се најде во редот на заинтересирани за дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Крис Смолинг. 30-годишниот дефанзивец моментално игра со позајмица во Рома, но со своите добри игри привлекува се поголем интерес за него. Рома сака да го задржи во своите редови, но тие не сакаат да платат 25 милиони фунти за правата на Англичанецот, а тоа ја отвора можноста за потпишувањето на договор со другите кандидати. „Газета дело Спорт“ тврди дека Арсенал е подготвен да ги плати 25-те милиони за да го донесе Смолинг на „Емирати“. Лично, менаџерот Микел Артета дал зелено светло за овој…
Младиот талент на Манчестер Јунајтед Таит Чонг потпиша нов договор со клубот. 20-годишниот играч се договори со менаџментот на клубот да го потпише својот нов договор до 2022 година, кој има можност да го продолжи за уште една година. Тој, исто така, ќе добие солидно покачување на платата, заработувајќи 30.000 фунти неделно. Претходниот договор на Холанѓанецот беше до летото и имаше значителни шпекулации дека тој ќе го напушти „Олд Трафорд“ како слободен агент. Италијанските гиганти Јувентус и Интер беа со голем интерес за него, а Интер беше посебно блиску до неговиот ангажман кој сега веќе пропаѓа. Сопствениците на Манчестер Јунајтед,…
Играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ може да го напушти тимот од Рим во летниот преорден рок и да ја продолжи кариерата во Франција. Според „Газета дело Спорт“, ПСЖ е заинтересиран за услугите на 25-годишниот фудбалер. Клубот од Париз си постави цел, а тоа е да го донесе во своите редови српскиот играч од средниот ред во следниот трансфер период. Финансиските барања на Лацио и понатаму се околу 100 милиони евра. Милинковиќ-Савиќ ги брани боите на Лацио од 2015 година, а претходно играше за Генк и Војводина. Тој е дел од репрезентацијата на Србија уште од 2017 година.…
Ракометарите на Вардар победија на првата средба од четвртфиналето на СЕХА Гасопром лигата и тоа н гостински терен кај Нексе со 31:30. Како што се очекуваше ова беше уште еден тежок натпревар за актуелниот СЕХА шампион, но сепак остварија победа со која го чекаат реваншот во Скопје. Вардар лошо го започна натпреварот и му дозволи на домашниот тим да дојде до предност која ја одржуваше во текот на целото прво полувреме. Во 10.минута резултатот беше 6:3 за Нексе, а во 21.минута домашната екипа имаше предност од 13:10. Сепак во финишот од првиот дел Вардар успеа да фати приклучок и да…
Од страна на ФФМ денес и официјално потврдено дека Македонија ќе има максимална поддршка на мечот против Косово. Средбата ќе се игра на 26. март на Националната арена во рамките на плеј – оф средбите за пласман на Европското првенство 2020. „Влезниците за натпреварот веќе се распродадени. Доколку нема било какво барање, препорака или евентуална забрана за присуство на гледачи од надлежните државни инстутуции поради корона вирусот, тогаш македонските фудбалери пред полн стадион ќе го одиграат натпреварот против Косово. Им се заблагодаруваме на македонските навивачи за поддршката која им ја даваат на фудбалерите и се радуваме на одличната атмосфера на…
