Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, по натпреварот со Портсмаут зборуваше за повредата на уругвајскиот играч од средниот ред, Лукас Тореира, кој заработи повреда на 1/8 финалниот натпревар во ФА Купот со Портсмаут. „Единствено што знам досега е дека тој имаше голема болка. Неговата нога ќе биде прегледана во наредните денови, а потоа ќе знаеме детали. Во моментов не можам да кажам конкретно за каква повреда се работи, дали се работи за коска или лигаменти“, изјави Артета за официјалната веб-страница на Арсенал. Фудбалерот доби повреда уште во првото полувреме од натпреварот по еден дуел со дефанзивецот на Портсмут, Џејмс Болтон. Во…
Author: riste
Швајцарскиот фудбалски сојуз одлучи да не одржуваат натпревари во оваа земја до 15 март, а ова беше потврдено на официјалната веб-страница на Швајцарската лига. Претходно, швајцарските власти забранија какви било масовни настани, вклучително и спортски настани, а сето тоа поради заканата од ширење на коронавирус. На итен состанок Швајцарскиот фудбалски сојуз реши да ги одложи натпреварите од 24-то коло од Суперлигата, како и средбите во пониските лиги на неодредено време. Натпреварите требаше да се играат изминатиот викенд на 29 февруари и на 1 март. Дополнителната информација која беше објавена денес е дека сите овие спортски натпревари се одложени до 15…
Барселона повеќе не ја интересира бразилскиот интернационалец и репрезентативец од екипата на Челзи, Вилијан, објави „Мундо Депортиво“. Според овој извор, каталонскиот клуб повеќе не го смета Бразилецот како трансферна цел за нив, бидејќи тој ќе има 32 години следното лето. Барселона се обиде да го купи Вилијан во летото 2019 година, но не успеа да се договори со Челзи за износот на трансферот. Да потсетиме, Вилијан не може да се договори со Челзи за да го продолжи договорот, кој му истекува на крајот на оваа сезона. Клубот му понуди двегодишен договор, но Бразилецот сака да потпише договор на три години.…
По нивното враќање во редовите на „црвено-црните“, новите засилувања за Вардар, Борко Ристовски и Марко Мишевски го имаа првиот тренинг со екипата. Покрај загревањето, фокусот на тренингот на екипата повеќе беше посветан на физичката подготовка. Искусниот голман на нашата репрезентација Борко Ристовски веднаш почна со работа под надзор на тренерот на голманите Дејан Периќ. На Марко Мишевски му е добро позната оваа екипа, тој пред само неколку месеци беше дел од овој тим на Вардар со кој ја освои и шампионската титула во ЕХФ – Лигата на шампионите. ФОТО: РК Вардар
Утре во Амстердам ќе биде одржано извлекувањето на групите за второто издание на Лигата на нациите за 2020/21 година. Репрезентацијата на Македонија успеа да си обезбеди пласман и настап во лигата Ц, каде што конкуренцијата ќе биде за нијанса посилна од онаа во првото издание на Лигата на нации. УЕФА направи неколку промени и модификации, па така во најсилната лига А, оваа година ќе учествуваат 16 тимови, исто како и во лигите Б и Ц, додека во лигата Д останаа само седум тимови. Формат и шешири за извлекувањето: Лига А: Прв шешир: Португалија, Холандија, Англија, Швајцарија Втор шешир: Белгија, Франција, Шпанија, Италија Трет шешир: Босна…
Македонскиот каратист Емил Павлов освои златен медал на натпреварот од карате 1 премиер лигата во Салцбург, Австрија. По тој повод Агенцијата за млади и спорт организираше прием, на кој освен Павлов, присуствуваше неговиот тренер и селектор на репрезентацијата Сашко Арсовски, како и претседателот на карате федерацијата Горан Милковски. Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски нагласи дека Агенцијата стои на располагање за сите потреби на Емил Павлов, и ќе ги овозможи сите потребни услови за одржување и подигање на формата за наредните настапи во Баку и ЕП во Париз, од каде се очекува обезбедување на норма за настап…
На прес-конференцијата по натпреварот со Монпеље, тренерот на Вардар, Стевче Алушовски го потврди она што се најавуваше изминатите денови, а се однесува за два нови трансфери во редовите на македонскиот и европски шампион. Од понеделинк нови членови на Вардар ќе бидат репрезентативниот голман Борко Ристовски и младиот репрезентативец Марко Мишевски. „Од понеделник ќе ги имаме во нашите редови Ристовски и Мишевски. Се надевам дека тие ќе ја донесат потребната свежина и дека ќе ни бидат од голема помош. Доколку не се случи чудо , тоа се играчите со кои ќе треба да играме во продолжение од сезионата“, изјави Алушовски. Двајцата…
Вардар го очекува последниот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите, в сабота (17:30 часот) во Скопје го пречекува Монпеље, во мечот во кој ќе се обиде да дојде до 5. место на табелата во групата Б во Лигата на шампионите. Во таборот на Вардар се соочуваат со многу проблеми пред оваа средба, а на денешната прес-конференција за тоа зборуваше и тренерот Стевче Алушовски. „Не очекува тежок натпревар. Нашата примарната цел беше пласман во Топ-16 и ја остваривме на претходниот меч со Мотор Запорожје. Ќе се обидеме да победиме. Ние сме Европски шампиони, играме пред домашна публика, мотивацијата не…
Сè уште постои шанса италијанското дерби меѓу Јувентус и Интер да се одигра пред навивачите на двата тима. Ова го откри гувернерот на Ломбардија, Атилио Фонтана. Дуелот, кој е дел од 26-то коло во Серија А, е предвидено да се игра во 20:45 часот во недела на „Алианц Стадион“, но во моментов е предвидено да се одигра пред празни трибини поради коронавирусот. „Се надевам дека денес ќе има пад на ширењето на коронавирусот, па ќе размислиме и за Јувентус – Интер. Ние ја следиме ситуацијата, јас сум смирен. Не се сомневам во позитивниот развој на ситуацијата. Треба да видиме каква…
Голманот на Милан Џанлуиџи Донарума ќе го пропушти неделниот натпревар со Џенова, јавуваат италијанските медиуми. Како што е познато, 21-годишниот голман го напушти теренот предвреме на мечот против Фиорентина по еден дуел со Федерико Киеза. Болката во зглобот на Донарума не е сериозна, но Стефано Пиоли не сака да го ризикува и сака да го има подготвен за реванш со Јувентус во Купот на Италија. Асмир Беговиќ, кој го замени против „Виолетовите“, најверојатно ќе го направи своето деби како стартер во дресот на Милан против Џенова. Средбата треба да се одигра на „Сан Сиро“ пред празни трибини поради коронавирусот.
