Ѕвездата на НБА тимот Далас, Лука Дончиќ не престанува да ги руши секојдневно рекордите во НБА лигата. И покрај тоа што овој Словенец е само година ипол дел од најсилната кошаркарска лига на светот сепак е сопственик на многу рекордни достигнувања. Тој го предводеше Далас во победата над Сан Антонио 109:103 на гостински терен со нов трипл-дабл односно 26 поени, 10 скокови и 14 асистенции, што е за него 13-ти ваков учинок сезонава. https://twitter.com/nbastats/status/1232876948549926912?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1232876948549926912&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmedia.mk%2F2020%2F02%2F27%2F%25d0%25bd%25d0%25be%25d0%25b2-%25d1%2582%25d1%2580%25d0%25b8%25d0%25bf%25d0%25bb-%25d0%25b4%25d0%25b0%25d0%25b1%25d0%25bb-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b4%25d0%25be%25d0%25bd%25d1%2587%25d0%25b8%25d1%259c-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b1%25d0%25b0-%25d0%25b8%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b8%25d1%2598%2F На само два дена пред да наполни 21. година Дончиќ го запиша својот 21. трипл-дабл во НБА кариерата и го изедначи рекордот на ѕвездата на Далас,…
Author: riste
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола стана најуспешниот тренер во елиминацискиот дел во Лигата на шампионите по синоќешниот успех од 2:1 против Реал Мадрид. Така, тој има 28 победи во оваа фаза на ова натпреварување и сега е пред своите колеги Карло Анчелоти, Жозе Мурињо и Сер Алекс Фергусон. Гвардиола е исто така само втор тренер по Отмар Хитсфелд кој го победи Реал Мадрид двапати како гостин во Лигата на шампионите, но е првиот што го направи тоа со две различни екипи. Манчестер Сити е вториот тим во ЛШ кој го совладал Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, откако први примиле…
Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, беше дел од првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите со Олимпик Лион, но не успеа да се запише во листата на стрелците отккао победи Лион со 1:0. Така, со ова беше прекината голгетерската серија на 35-годишниот Португалец. Во 2020 година, тој постигна гол на сите натпревари, освен на средбата со Олимпик Лион. Во италијанската Серија А, Роналдо има постигнато гол на сите натпревари од декември минатата година, односно на седум првенствени натпревари годинава го погоди голот на противниците 11 пати. Во Купот на Италија, напаѓачот во овој период одигра два натпревари и…
Реал Мадрид загуби на свој терен од Манчестер Сити со 1:2, а тренерот на домашната екипа Зинедин Зидан не го криеше своето разочарување. Тренерот е лут што неговиот тим изгуби концентрација на крајот и дозволи пресврт во финишот од мечот. Сепак, тој верува дека Шпанците можат да ги свртат работите во своја корист на реваншот. „Игравме добро 75 минути, па затоа сум многу разочаран што изгубивме. Сепак, овој судир меѓу Реал и Манчестер Сити трае 180 минути, така што ништо не е готово. Дадовме се од себе, но изгубивме концентрација во последните десет минути. Тешко е да се проголта овој…
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше задоволен од победата со 2:1 над Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ во првото 1/8 финале во Лигата на шампионите. Сепак, тој е свесен дека ова е само првиот од двата дуела и не смее да го отпишат Реал Мадрид, бидејќи е целосно способен да го сврти резултатот на „Етихад“. „Ако има тим способен да направи враќање по ваков пораз, тоа е Реал Мадрид. Ние примивме гол, потоа ја подобривме нашата игра и успеавме да изедначиме, но и да победиме. Лигата на шампионите е турнир на кој се неизбежни подеми и падови. Задоволни сме…
Предводникот на Олимпик Лион, Руди Гарсија е целосно задоволен од минималната победа со 1:0 над Јувентус во првиот натпревар помеѓу двете екипи во 1/8 финалето на Лигата на шампионите. Тој не жали што неговиот тим нема постигнато повеќе голови, велејќи дека е оптимист за реваншот и за пласман во следната фаза. „Не жалам што не постигнавме повеќе голови. Свесен сум дека одигравме силно прво полувреме, постигнавме гол и задржавме сува мрежа на свој терен. Нормално беше да не притиснат во второто полувреме, особено откако влегоа во игра Игуаин и Бернардески. Се боревме напорно за да ја задржиме победата и сега…
Тренерот на Јувентус, Маурисио Сари, имаше многу забелешки до своите играчи за нивното претставување во првиот натпревар со Олимпик Лион во 1/8 финалето на Лигата на шампионите. Сари ги критикуваше играчите дека не го направиле она за што се обучени да го сторат во текот на натпреварот. Тој е малку задоволен од играта на тимот во второто полувреме, но дури и тоа не е доволно за натпревар во Лигата на шампионите. „Тешко ми е да објаснам зошто се случува ова, но во првото полувреме ја префрлавме топката премногу бавно, не се движеше на теренот и противникот искористи да нè притиска…
Последните минути од мечот меѓу Наполи и Барселона може да и донесат многу проблеми на екипата на барселона затоа што искусниот дефанзивец на гостите, Жерард Пике заработи повреда. Шпанецот мораше да биде заменет од Клемен Ленгле, бидејќи почувствува болки во левиот скочен зглоб. Причината за тоа беше незгодно згазнува при една интервенција пред својот гол. Пике веднаш сигнализираше дека нема да може да го продолжи натпреварот и веднаш беше заменет. Не е потврдено дали оваа повреда нема да му дозволи на Пике да биде дел од неделното „Ел Класико“ против Реал Мадрид, кое одлучува која екипа ќе има предност пред…
Предводникот на Наполи, Џенаро Гатузо не беше задоволен од нерешените 1:1 со Барселона во првото 1/8 финале меѓу двата тима од Лигата на шампионите. Тренерот е задоволен од своите играчи, но жали што неговиот тим дозволи да прими гол од единствената сериозна позиција што гостите можеа да ја создадат на натпреварот. „Можевме да направиме подобар резултат со неколку контранапади, но екипата го направи она што требаше да го направи. Речиси не му дадовме шанса на противникот. Малку сум разочаран што не игравме подобро на средината и не ја држевме топката добро. Но, ова е поради акумулираниот замор. За жал, не…
Тренерот на Барселона, Кике Сетиен смета дека нерешените 1:1 со Наполи на „Сан Паоло“ во првиот 1/8-финален дуел во Лигата на шампионите е добар резултат. Сетиен смета дека Наполи нема да може да се одбрани толку добро во реваншот на „Камп Ноу“, каде Каталонците ќе го најдат вистинскиот пат до победата. „Ова е добар резултат, иако моравме да вложиме многу напор за создавање на ситуација за гол. Не бевме доволно остри за да го пробиеме нивниот одбрандбен бедем. По изедначувањето, противникот се отвори и можевме да ги казниме. Играа многу добро и тешко ни беше да постигнеме гол. Затоа нерешениот…
