Author: riste

Оваа недела беше посебна за фудбалските клубови од Германија, пет клуба кои настапуваат во германскиот шампионат го продолжија својот настап во фазата од плеј-офот на евро куповите и победија. На натпреварите во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд го совлада ПСЖ со 2:1 на домашен терен, а РБ Лајпциг го совлада Тотенхем со 1:0 на гостувањето во Лондон. Синоќа во Лигата на Европа, Ајнтрахт Франкфурт го совлада РБ Салцбург со 4:1, а Баер Леверкузен и Волфсбург победија со 2:1 против Порто, односно Малме. За една недела пет германски клуба последен пат оствариле пет победи во плеј-оф фаза од Европскиот куп во…

Read More

Следната недела ќе биде одржан 57-от Мавровски меморијал, натпреварување со кое се продолжува традиција на скијачкото трчање. Според програмата самите натпревари се планирани за вторник и среда (25 и 26 февруари) додека во понеделник на 24 февруари ќе биде свеченото отварање во хотелот „Спорт“ , а на кој ќе се обратат видни гости, додека за отворен 57 –от Мавровски Меморијал ќе го прогласи на заменик претседателот на Влада и министер за одбрана, г-ѓа Радмила Шекеринска Јанковска Во вторник и среда од 10 часот ќе се одржат натпреварите на 5км и 10км (слободен стил), а веднаш потоа во 14 часот ќе…

Read More

Цели пет години поминаа од последниот гол на Ромелу Лукаку во Лигата на Европа. Белгискиот напаѓач на Интер беше стрелец на конечните 2:0 за победа на неговата екипа над Лудогорец во Разград во првиот 1/16-финален меч од Лига Европа. Тој последен пат беше постигнал гол во Лига Европа во сезоната 2014/2015 кога го носеше дресот на Евертон. Така, Лукаку постигна гол на шестиот последователен натпревар од ова натпеварување и покрај долгата пауза. Уште еден играч, Ален Ширер, кој постигнуваше голови на осум последователни натпревари, но на претходното натпреварување, Куп на УЕФА, може да се пофали со вакво достигнување. 26-годишниот Лукаку…

Read More

Селекторот на Македонија, Александар Тодоров, очекувано не беше задоволен од се она што се случуваше на мечот со Естонија (72:81), пораз кој секако дека никој не го очекуваше. Но сепак тој изрази оптимизам и верба во своите избраници дека можат да победат во следните натпревари кои следуваат. „Само поради начинот на кој ја одигравме втората четвртина, која ја загубивме со 20 поени разлика, ние не заслуживме да победиме на крајот на натпреварот. Дозволивме да влеземе во брза кошарка која противникот ја наметна, а знаевме дека тоа не смеевме да им го дозволиме. Естонците мечот го почнаа со таква агресија каква…

Read More

Македонската кошарка репрезентација доживеа неочекуван пораз на стартот на квалификациите за Европското првенство, откако на домашен терен беше совладана од Естонија со 72:81(18:20, 5:25, 23:15, 26:21). Во првата четвртина од средбата гостите беа тие кои имаа резултатска предност, но заврши со само -2 за Македонија (18:20). Потоа следуваше вистински дебакл на нашите кошаркари кои за 10 минути во втората четвртина постигнаа само 5, а примија 25 поени и дозволија Естонија да направи недостижна предност. Во третата четвртина се поправи играта на нашата репрезентација и успеаа да ја намалат предноста на Естонија откако го добија овој период со 23:15, но немаа…

Read More

Дефанзивниот играч од средниот ред на Челзи и француски репрезентативец Н’голо Канте ќе ги пропушти следните 2-3 недели од сезоната поради повреда, пренесува весникот „Тајмс“. 28-годишниот Канте заработи повреда на препоните при поразот од Манчестер Јунајтед во Премиер лигата со 0:2 во неделата. Играчот од средниот ред нема да биде достапен барем за следните пет натпревари на тимот од Лондон, меѓу нив се дербито во Премиер лигата со Тотенхем, првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн Минхен (25 февруари) и натпревар против англискиот шампион во Премиер лигата (3 Март). Канте има 21 натпревар и 3 гола за „Сините“…

Read More

Јувентус подготвува понуда за играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, во која ќе биде вклучен еден од нивните играчи. Според италијанските медиуми, „Бјанконерите“ ќе им го понудат на „црвени ѓаволи“ Арон Рамзи, кој има потешкотии да се прилагоди во Италија, плус 50 или 60 милиони евра. Желбата на Погба да си замине од „Олд Трафорд“ е веќе евидентна, а неговиот агент Мино Рајола неодамна изјави дека враќањето на Французинот во Јувентус е сосема можно бидејќи се чувствува како дома во Торино. Оваа изјава предизвика и неколку интересни коментари на релација помеѓу менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар…

Read More

Вардар го очекува тежок пат за одбрана на титулата во СЕХА Газпром лигата, а најнапред треба да ги одигра натпреварите од четврт-финалето каде за противник го има хрватскиот вицепрвак Нексе. Во соработка со клубовите домаќини и ТВ куќи кои ќе прават преноси одредени се термините за натпреварите од Топ-8 фазата. Победниците од овие два меча ќе играат на Ф4 турнирот на СЕХА лигата. Покрај Вардар во четврт-финалето се уште и екипите на Мотор, Татран, ППД Загреб, Војводина и Веспрем. Последниот учесник ќе се одреди по одигрување на двете средби меѓу Мешков и Универзитет Пекинг закажан за почетокот на март. На…

Read More

Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) ја исплати премијата во висина од 750.000 денари на машката сениорска репрезентација за пласманот во квалификациите за ЕП 2021 година. Управниот Одбор на КФСМ, одлучи: „Да се исплати премија на сениорската машка репрезентација во вкупен нето износ од 750.000 денари, за остварен пласман во квалификациите за Европско првенство 2021, како први во група со кош разлика“. „Во оваа прилика, КФСМ сака да ја информира јавноста дека, средствата утврдени за премии, ветени од страна на претходното раководство на федерацијата, се реализирани од страна на новиот раководен тим на КФСМ. Финансиските надоместоци веќе се префрлени на сметките на кошаркарите…

Read More

Италијанскиот тим Аталанта вечерва ја пречекува Валенсија во првиот осминафинален дуел меѓу овие два тима. Гостите од Шпанија со многу проблеми допатуваа во Милано за да го одиграат овој натпревар. Тренерот на шпанскиот тим Алберт Селадес е во големи проблеми со играчкиот кадарзатоа што за мечот со тимот од Бергамо нема да смета на засилувањето Алесандро Флоренци, Езекиел Гарај, габриел Паулиста, Родриго, Франсис Коклан, ману Ваљехо и Кристиан Пичи. Неизвесно е враќањето на Јаспер Силесен, кој беше повреден. Селадес во Милано на „Сан Сиро“ ќе се појави во улога на аутсајдер поради овие прблеми, а за средбата ќе може да смета од следните играчи: Доменек,…

Read More