Author: riste

Раководството на Сампдорија претрпе измени, пренесува денес “Фудбал Италија“. Според изворот, целиот управен одбор на Сампдорија поднесе оставка. Претходно, италијанскиот клуб го напушти потпретседателот Паоло Фиорентина. Сега претседателот на Сампдорија Масимо Фереро ќе треба да формира нова управа на клубот. Фереро рече дека е подготвен да го продаде клубот, но само на сигурен купувач. Сампдорија има освоено 23 поени на 23 натпревари и се најоѓа на 17-то место на италијанската Серија А. Денес екипата на Сампдорија на домашен терен ќе игра против Фиорентина, натпреварот се игра во 15 часот.

Read More

Манчестер Сити, кој беше суспендиран од УЕФА за учество во натпревари во Лигата на шампионите и Лига Европа во наредните две години поради кршење на правилата за финансиски фер-плеј, може да се соочи со друга казна. Станува збор за одземање на освоената шампионската титула во англиската Премиер лига во 2014 година, пренесува „Дејли меил“. Веќе е објавено дека раководството на Премиерлигата може да донесе одлука за одземање на поени на Манчестер Ситии, бидејќи сите финансиски податоци за лиценцирање во ова натпреварување  мора да се совпаѓаат со оние што клубот ги обезбедува за УЕФА. Според публикацијата, нема смисла да им се…

Read More
NBA

Се е подготвено за големиот спектакл кој треба да се случи вечерва во 2 часот по полноќ. Сите останатие делови од „Ол-стар“ викендот се зад нас , останува главниот дуел кој треба да го одбележи „Ол-стар“ викенот во Чикаго, а тоа е дуелот меѓу Тимот на Леброн и Тимот на Јанис. Веќе од поодамна се знае дека овој „Ол-стар“ викенд ќе мине во чест на трагично загинатиот поранешен кошаркар на ЛА Лејкерс, Коби Брајант и неговата ќерка Џиана. Затоа, на вечерашниот спектакл сите кошаркари на своите дресови ќе ги носат бројките „2“ и „24“, со кои настапуваа Џиана и Коби. Дополнително ,…

Read More

Македонскиот каратист Петар Спасеновски ја потврди својата одлична форма и ќе се бори за бронза на натпреварите од силната Премиер лига која се одржува во Дубаи. Спасеновски до борбата за бронза стигна совладувајќи ги своите противници, Американецот Камран Мадани со 4:3, Австриецот Робин Ретенбахер со 1:0 и Ву Веј-Чун од Тај Пеј со 7:1. Сепак во полуфиналето Петар Спасеновски загуби од Казахстанецот Данијар Јулдашев и со тоа остана без пласман во финалето. Карате Премиер лигата е најсилното натпреварување во каратето, а право за настап во ова натпреварување имаат само најдобрите 64 натпреварувачи по категорија.

Read More

Ракометарите на Вардар одиграа беслакава партија против Мотор Запорожје и забележаа голема победа со 38:28 во рамките на Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ и покрај сите проблеми и заминувањето на дел од ѕвездите, дојдоа до значајни бодови во трката за наредната фаза во ракометната елита. Вардар, брзо дојде до пет голови предност 7:2, Мотор успеа да дојде до минус еден 11:10, но,европскиот шампион направи серија и замина на пауза со предност од 16:11. Во второто полувреме Вардар имаше и 11 голови предност. Сташ Скубе постигна осум голови, Дибиров и Горбок застанаа на пет голови. Кај гостите Пуковски беше најефикасен со шест…

Read More

Како бомба одекна веста дека Манчестер Сити доби забрана за настап во Лигата на шампионите во наредните две сезони. Оваа одлука беше донесена од страна на УЕФА поради кршењето на правилникот за финансискиот фер-плеј. Манчестер Сити исто така ќе мора да платат 30 милиони евра. Главен виновник за откивање на сето ова е весникот „Шпигел“ од Германија. Тие објавија мејлови и документи кои покажаа како сопственикот на тимот од „Етихад“ го финансирал клубот. Еден од документите покажа дека само осум милиони фунти пристигнале од спонзорот „Етихад“, а сите останати средства директно од компанијата на Мансур бин Зајед Ал Нијан, „Абу…

Read More

Капитенот на Баерн Минхен, Мануел Нојер е опоравен од стомачниот вирус, кој го мачеше последниве денови и е подготвен да учествува на дуелот со Келн в недела, изјави тренерот на Баерн Минхен, Ханзи Флик. Нојер, како и дефанзивецот Давид Алаба, кој имаше помал проблем со мускулите, целосно учествуваа на денешниот петочен тренионг. Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ изјави дека неговите фудбалери не се загрижени за тоа што нивната серија од шест последователни победи беше прекината минатата недела и дека РБ Лајпциг може да биде пред нив во пласманот доколку победат против Вердер Бремен во сабота. „Ние гледаме во себе. Најважно за…

Read More

Македонската репрезентација до 17 години го одигра вториот натпревар против Босна и Херцеговина и ја забележа втората победа против оваа селекција на средбите кои ги одиграа гостински терен. Нашата селекција предводена од Драги Канатларовски славеше со 3:1 на воведниот дуел во БиХ. На денешниот натпревар одигран на стадионот „Бабовац“, македонската репрезентација поведе веќе во 3. минута, кога по проигрување на Елези, Георг Стојановски биеше прецизно за водство од 1:0. Во 48. минута Александар Кахвиќ го израмни резутатот, а по голема грешка, односно недоразбирање меѓу нашиот голман Василев и одбраната, фудбалерот на БиХ, Кахвиќ го постигна вториот свој гол за предност…

Read More

Фудбалската федерација на Македонија ги одреди цените на влезниците за натпреварот од полуфиналето од Лига на нации меѓу македонската репрезентација и селекцијата на Косово. За натпреварот кој ќе се одигра на 26 март на Националната арена „Тодор Проески“, билетите за јужната и северната трибина ќе се продаваат по цена од 300. и 400. денари. Фудбалската федерација на Македонија ќе обезбеди билети за навивачите на македонската репрезентација на западната трибина од арената „Тодор Проески“. Се очекува нашиот најголем стадион да биде исполнет до последното место, а најавено е присуство и на навивачи на косовската репрезентација. Овој натпревар ќе биде посебно значаен за двете селекции, но…

Read More
NBA

Лука Дончиќ ги пропушти последните седум натпревари за неговата екипа Далас поради повреда на десниот зглоб, но сега тој потврди дека ќе се врати на теренот и дека ќе може да игра. Тоа ќе се случи на домашниот натпревар кој Далас ќе го игра против Сакраменто во среда навечер. 20-годишниот кошаркар го обнови тренингот со своите соиграчи и ќе му биде на располагање на Рик Карлајл. „Подготвен сум. Јас сум само возбуден што повторно ќе бидам на теренот и ќе играм кошарка“, им рече Дончиќ на новинарите. Поранешниот кошаркар на Реал Мадрид е клучна фигура во составот на Далас Маверикс…

Read More