Одложениот натпреварот од 26.коло во Премиер Лигата меѓу Манчестер Сити и Вест Хем е закажан за 19 февруари (среда), објавија денес во Англија. https://twitter.com/ManCity/status/1227261010974633986?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1227271016289898497&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D827622 Средбата требаше да се одигра на 9 февруари, но беше одложена поради лошите временски услови. Според британските медиуми, натпреварот ќе започне во 20:30 часот. Интересно е тоа што истата вечер во 21:00 часот има два натпревари во 1/8 финалето на Лигата на шампионите. Еден од нив е во Англија, Тотенхем против РБ (Лајпциг). Првиот натпревар на граѓаните од 1/8-финалето против Реал Мадрид ќе биде одигран на 26 февруари.
Author: riste
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа очекувано има скок на најново објавената ВТА листа по одлично одиграниот турнир во Трнава (ИТФ фјучeрс од 25.000 долари), но немаше сили за да го добие и финалето против Софија Лансере од Русија од која загуби со 2:0 во сетови, 2:6 и 3:6. Сепак, и покрај овој пораз во финалниот натпревар, нашата најдобра тенисерка направи голем скок на ВТА ранг-листата. Пред почетокот на турнирот во Словачка, таа беше 403-та тенисерка на светот, а од денес благодарение на одличниот настап во Трнава иама напредок од цели 60 позиции на ВТА-листата, и сега е на 343-то место. Со вакви…
Францускиот напаѓач од Реал Мадрид, Карим Бензема се искачи на врвот на листата на најдобри асистенти во историјата на Кралскиот клуб. Во натпреварот од 23-то коло од шампионатот на Шпанија со Осасуна (4:1), Французинот направи асистенција, која стана негова 132-та во дресот на Реал Мадрид. Според овој индикатор, Бензема сега е пред претходниот рекордер португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо (131) асистенција. На списокот на најдобри стрелци во историјата на Реал Мадрид, Бензема го зазема шестото место, постигнувајќи 240 гола. Лидер е Роналдо (450). Бензема дојде во Реал Мадрид летото 2009 година од Олимпик Лион. Сумата на трансферот беше 35 милиони евра.…
Во натпреварот од 23-то коло од италијанскиот шампионат, римски Лацио на гостувањето на стадионот „Енио Тардини“ ја совлада Парма со минимален резултат 1:0 благодарение на голот на 31-годишниот еквадорски напаѓач Фелипе Сеиседо. Оваа победа му овозможи на римскиот клуб да постави нов рекорд за себе – 18 натпревари во низа без порази во италијанскиот шампионат. Лацио последен пат загуби на гостувањето кај Интер на 25 септември со 1:0, а од тогаш е во серија од 18 првенствени среддби без пораз. Лацио во моментов има 53 бода од 23 натпревари, го зазема третото место на табелата во италијанската лига, зад водечкиот…
Извлечени се паровите за четвртфиналните натпревари од Купот на Германија во сезоната 2019-2020 година. Актуелниот носител на трофејот Баерн Минхен ќе оди во Гелзенкирхен кај Шалке 04, тоа е дербито на четвртфиналето од Купот на Германија. Парови за 1/4 финале – Куп на Германија: Баер Леверкузен – Унион Берлин Шалке 04 – Баерн Минхен Ајнтрахт Франкфурт – Бремен Бремен Сарбрикен – Фортуна Дизелдорф Натпреварите ќе се играат на 3 и 4 март. Најтрофејен клуб во историјата на германскиот куп е Баерн Минехн кој го освоил трофејот 19 пати. Второто место со големо заостанување го држи Вердер Бремен, кој шест пати…
Тренерот на Интер, Антонио Конте ги сумираше резултатите од средбата од 23-то коло на италијанскиот шампионат, во која неговата екпа го совлада градскиот ривал Милан со 4:2. „Беше посебна вечер за Интер. Во првото полувреме ги имавме најголемите проблеми оваа сезона. Бевме близу до неуспех. Но, тогаш ја вративме рамнотежата, видовме каде и што треба да подобриме, верувавме во тоа што го правевме. Ова е заслуга на играчите. За време на паузата не морав многу да зборувам. Мислам дека во тешки ситуации, секој треба да разбере сè и да преземе одговорност. Имав голем дел од одговорноста поради оние 0:2 по…
Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси стана херој за својата екипа на натпреварот од 23-то коло на Шпанската Примера со Бетис, што се одигра синоќа на стадионот „Бенито Виламарин“ во Севиља. Аргентинецот имаше три асистенции и му помогна на својот тим да оствари победа со резултат 3:2. Така, капитенот на Барселона го зголеми бројот на постигнатите голови и асистенции во досегашната сезона во првенството и дојде до двоцифрени броеви и во двата показатели. Во моментов, 32-годишниот Аргентинец има 14 гола и 11 асистенции на 18 првенствени натпревари. Според ова.Лео Меси станал вториот играч во првите 5 европски лиги што постигнал ваква…
Во натпреварот од 23-то коло од шампионатот на Италија, Интер го совлада Милан со 4: 2. Средбата се одигра синоќа во Милано на стадионот „Џузепе Меаца“ , а Интер славеше со пресврт во второто полувреме. Шведскиот напаѓач во дресот на Милан, Златан Ибрахимовиќ постигна еден од двата гола за Милан на оваа средба, а со тоа стана највозрасниот играч кој успеа да постигне гол во дербито на Милано, објавија денес од Милан на „Твитер“. https://twitter.com/OptaPaolo/status/1226617637695827969?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1226617637695827969%7Ctwgr%5E393535353b636f6e74726f6c&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.championat.com%2Ffootball%2Fnews-3967996-ibragimovich-stal-samym-vozrastnym-avtorom-gola-v-istorii-milanskogo-derbi.html Златан успеа да се запише во листата на стрелци на возраст од 38 години и 129 дена, со што го надмина достигнувањето на уште еден…
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос му помогна на својот тим да победи на натпреварот од 23-то коло од Примера со Осасуна (4:1), што се одигра вчера во Памплона. Според информациите кои ги објавија од клубот, оваа средба била за капитенот на Реал Мадрид посебна, 440-та во првенството на Шпанија. Според овој индикатор, тој излезе на петтото место, пред поранешниот дефанзивец Фернандо Иеро (439). Повеќе натпревари од Рамос за Реал Мадрид во Примера имаат само такви играчи како Карлос Сантиљана (461), Мануел Санчиз (524), Икер Касиљас (510) и Раул Гонзалез (550). Од нив, само Касиљас досега не ја завршил својата…
Швајцарката Корин Зутер дојде до својата втора победа во кариерата, откако победи на супервелеслаломската трка во германскиот Гармиш Партенкирхен. Зутер прва помина низ целта со време од 1:19,46 што беше доволно за победа, оставајќи ги зад себе Никол Шмидхофер од Австрија со задоцнување од 0,43 секунди. На третото место се пласираше Венди Холденер од Швајцарија со 0,70 секунди задоцнување. Италијанката Федерика Брињоне се пласираше на 5-то место со што повторно освои бодови со кои ја намалува предноста на Микаела Шифрин. Брињоне сега е втора со 1080, додека Американката е лидер со 1225 освоени бодови во Светскиот куп. Шифрин овој викенд…
