Менаџерот на Тотенхем , Жозе Мурињо побарал од неговиот клуб да го купи турскиот интернационалец од Рома, Ченгиз Ундер , тврди „Фудбал Италија“. Според изворот, менаџерот на англискиот клуб, Жозе Мурињо, лично побарал купување на фудбалерот . Сепак, трансферот е можен само доколку Тотенхем се пласира во Лигата на шампионите следната сезона. Ундер се пресели во Рома летото 2017 година од Истанбул Башакшехир. Сумата на трансферот беше 14 милиони евра. Оваа сезона, 22-годишниот турски играч од средниот ред учествуваше на 12 натпревари во италијанскиот шампионат (шест во стартниот состав), а притоа стана автор на два гола. Договорот на фудбалерот со…
Author: riste
Манчестер Сити го следи конфликтот на напаѓачот Лионел Меси со раководството на Барселона. „Граѓаните“ очекуваат да го добијат 32-годишен фудбалер доколку одлучи да го напушти каталонскиот клуб, пренесува „ЕСПН“. Договорот на Меси со Барселона е со важност до 30 јуни 2021 година, но договорот има опција која му овозможува на напаѓачот да стане слободен агент во наредното лето. „Сити“ важи за фаворит во борбата за Лионел, бидејќи Аргентинецот одржува добри односи со спортскиот директор на англискиот клуб Чики Бегиристин , менаџерот Феран Сориано и главниот тренер Пеп Гвардиола (претходно сите тројца работеа во Барселона). Актуелниот шампиони на англиската Премиер лига…
Барселона продолжува да бара засилување во нападот, што би помогнало да се пополни празнината по повредите на Осман Дембеле и Луис Суарез . Трансфер периодот во Европа е веќе затворен, но поради тешката ситуација во екипирањето, может да се направи исклучок за Каталонците. Во овој случај, зборуваме исклучиво за играчи кои играат во Шпанија. Сега Барселона е заинтересирана за Анхел Родригез од Гетафе, Лукас Перез од Алавес и Борха Иглесијас од Бетис. Барселона го задржува интересот и за напаѓачот на Џирона, Кристијан Стујани . Луис Суарез се повреди во полуфиналниот натпревар од шпанскиот Суперкуп против Атлетико Мадрид на 9 јануари,…
По одигрувањето на последните натпревари од ова коло во ФА купот на Англија, познати се сите учесници и парови од 1/8 финалето на ова натпреварување. Секако дека дербито се игра на „Стемфорд Бриџ“ каде Челзи ќе го пречека Ливерпул, додека бранителот на титулата Манчестер Сити ќе го има за противник Шефилд Венсдеј на гостински терен. Натпреварувачки парови за осминафинале на ФА куп: Челзи – Ливерпул Шефилд В. – Манчестер Сити Ридинг – Шефилд Јунајтед ВБА – Њукасл Лестер – Бирмингем Дерби Каунти – Манчестер Јунајтед Тотенхем – Норвич Портсмут – Арсенал Натпреварите од оваа фаза на турнирот ќе се одиграат…
Крилниот напаѓач на Барселона, Осман Дембеле, ќе паузира минимум две недели поради повреда, пренесува весникот „АС“. Францускиот репрезентативец ја напушти последната тренинг сесија со болки во мускулите во десната нога. Прегледите покажаа дека не станува збор само за преоптоварување, а 22-годишникот е веќе надвор од комбинацијата на Кике Сетиен. Тој ќе ги пропушти натпреварите со Атлетик Билбао од Купот на кралот, со Бетис и Хетафе од Ла Лига и би требало да биде подготвен најрано за средбата на домашен терен со Еибар на 22 февруари. Оваа сезона Дембеле има одиграно само 5 натпревари и постигнато 1 гол во Ла Лига…
Хрватскиот интернационалец и репрезентативец Иван Перишиќ, кој е еден од најквалитетните играчи на Баерн Минхен уште од почетокот на сезоната, ќе мора да паузира од 6 до 8 недели. За време на денешниот тренинг, тој заработил повреда при еден дуел со Алваро Одриосола, а настрадал неговиот зглоб. Ова значи дека Перишиќ ќе ја пропушти првата средба со Челзи од 1/8-финалето на Лигата на шампионите на 25 февруари во Лондон. „Ова е шок за сите нас, затоа што Иван досега беше многу корисен“, рече тренерот Ханзи Флик. Повредата може да го спречи Перишиќ да добие постојан договор со Баерн, затоа што…
Ракометниот клуб Вардар објави дека од денес се пуштени во официјална продажба влезниците за првиот домашен дуел од продолжението на Лигата на шампионите. Дуелот со Мотор Запорожје ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ на 15 февруари со почеток од 17:30 часот. Билетите се пуштени во поединечна продажба онлајн во мрежата на тикетплус, а од десетти февруари ќе бидат достапни и на билетарницата од спортскиот центар во Аеродром. Цените на картите се 350 денари за трибина и 400 денари за блок А. Овој натпревар е од големо значење за Вардар за да се задржат шансите да се избегне шестото место кое носи дуел…
Недоличното однесување на Килијан Мбапе на саботниот натпревар на ПСЖ против Монпелје го принуди раководството на клубот веднаш да реагира. Според весникот „Ле Паризиен“, синоќа се одржала средба помеѓу фудбалерот, тренерот Томас Тухел и директорот Леонардо. На неа, тројцата разговарале за тоа што се случи кога напаѓачот беше сменет. Мбапе се налути на одлуката на Тухел да го повлече од игра во 68. минута и почна да се расправа со него пред сите. Сè уште не е јасно дали клубот ќе му изрече казна на играчот. Ова е најмалку трета ваква реакција на Килијан Мбапе во последните месеци. https://twitter.com/FutbolBible/status/1223691961493860353?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1223691961493860353&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D826215 Според…
Во натпреварот од 22-то коло на италијанскиот шампионат Удинезе на стадионот „Дачиа Арена“ беше домаќин на Интер. Средбата заврши со победа од 2:0 за гостите, благодарение на двата гола на 26-годишниот белгиски напаѓач Ромелу Лукаку. Белгиецот стана првиот играч во ерата по воведувањето на системот со три бода во Серија А, кој успеа да постигне 11 или повеќе голови на првите 11 гостински натпревари од првенството. На последните осум натпревари, Лукаку постигна четири пати по два гола. Вкупно има 16 постигнати голови во Серија А, тој е трет стрелец во првенството, зад напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо кој има 19…
Крилниот напаѓач на Манчестер Сити Рахим Стерлинг се повреди на натпреварот од 25. коло од шампионатот на Англија со Тотенхем. 25-годишниот играч почувствува болки во мускулот и беше заменет во 84-та минута од средбата. Наместо тоа, на теренот влезе Бернардо Силва. Според „Ел Мундо Депортиво“, оваа повреда може да го загрози неговото учеството на 1/8 финалниот натпревар во Лигата на шампионите со Реал Мадрид. Степенот на сериозност на повредата на крилото ќе стане познат откако ќе ги помине дополнителните медицински прегледи денес. Оваа сезона, Стерлинг учествуваше на 35 натпревари на клупско ниво. Успеа да постигне 20 голови и 6 асистенции.…
