Аргентинскиот дефанзивец во редовите на Валенсија, Есекиел Гарај ги повреди лигаментите на десното колено. Поради оваа повреда, играчот може да го пропушти остатокот од сезоната, пренесува „Марка“. Не е познато точно кога 33-годишниот играч ќе може да се врати на терените, не се соопштуваат детали за повредата. Аргентинецот заработи повреда во натпреварот од 22-то коло од шампионатот на Шпанија помеѓу Валенсија и Селта (1:0), и беше заменет во 43-та минута. Во досегашниот дел од сезоната Гарај одигра 17 натпревари за Валенсија, во кои доби два жолти картони. Аргентинецот се пресели во Валенсија во септември 2016 година од Зенит Петербург, со…
Author: riste
Екипата на Канзас Сити Чифс чекаше цели 50 години за да дојде до шампионската титула во НФЛ лигата. За првпат во овој век, втор пат во својата историја екипата на Канзас Сити Чифс славеше на еден од најпопуларните настани во светскиот спорт – Супербоул финалето. Во големото финале кое се одигра во Мајами, Канзас Сити беше подобар од тимот на Сан Франциско со 31:20. Патрик Махомс повеќе од заслужено го доби МВП признанието во ова финале, со што стана најмладиот играч кој успеал да ги обедини МВП признанијата (минатата година беше избран за најкорисен играч на сезоната). Секако дека едно…
Победата на Тотенхем од 2:0 над Манчестер Сити му донесе огромно задоволство на Жозе Мурињо, кој досега не успеа да се пофали со особено импресивни резултати откако е на клупата на Тотенхем. Вчера, по 23-ти пат, тој се соочи со тим предводен од Пеп Гвардиола и ја забележа својата шеста победа. Во меѓусебните дуели на овие двалца тренери Пеп има 10 победи, а 7 натпревари завршиле нерешено. Денешната победа е најубедлива за Португалецот против Гвардиола во изминатите 10 години. Мурињо успеал да победи против екипа која ја водел Гвардиола со 3:1 во сезоната 2009/10 кога Интер ја совлада Барселона со…
Премиерлигашот Ливерпул е лидер во првенството со 73 бода и предност од 22 поени пред Манчестер Сити би можел да стане шампион на Англија на седум кола пред крајот на првенството, пренесуваат медиумите на Осровот . Во ТОП 5 лигите во Европа, ова се има случено само двапати: Во сезоната 2015/2016, кога ПСЖ го освои францускиот шампионат на 8 кола до крајот, и во сезоната 2013/2014, кога Баерн стана германски шампион на 7 кола пред крајот Во Англија, никој сè уште немал таква доминација. Доколку Ливерпул продолжи да игра вака и според евентуалните постогнати резултати, може да стане шампион во…
Футсал репрезентацијата на Македонија не успеа во последниот натпревар од претквалификацискиот турнир во Скопје да забележи победа против Норвешка и да го освои првото место во групата. Македонија е поразена од Норвешка со 1:2, па патот до квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2020 година ќе мора да помине преку бараж. Норвежаните губеа во поголемиот дел од натпреварот откако Македонија поведе во 5.минута преку Иван Крстевски, но на стартот на вториот дел во 22. минута Педерсен изедначи на 1:1, додека целосниот пресврт го направи голманот на Норвешка Ракваг во 37. Минута кога погоди во празниот гол…
Во првиот натпревар од осминафиналето на СЕХА лигата, екипата на Еурофарм Пелистер е поразена на гостувањето во Нашице кај Нексе со 23:20 (10:9) и со активен пораз ќе го чека реваншот во Битола. И покрај тоа што тренерот на домашната екипа Хорват не можеше да смета на тројца стандардни првотимци, а кај битолчани недостигнаа Шевелев, Кузманоски и Стјепановиќ сепак гледавме добар натпревар кој заврши со победа на домашниот тим. Двете екипи почнаа нервозно и со многу технички грешки, но сепак на полувреме се замина со минимална предност од 10:9, но во вториот дел Нексе направи резултатска предност која на крајот им даде…
Откако синиќа беа одиграни последните натпревари во 1/8 финалето, денес беа извлечени паровите за четвртфиналето во шпанскиот Куп на Кралот. Гигантите се избегнаа во четвртфиналната пресметка, реал Мадрид ќе го пречека Реал Сосиедад, а барселона ќе гостува на „Сан Мамеш“ во Билбао кај Атлетик. Валенсија и Виљареал ќе играат на гостински терен кај Гранада, односно Мирандес. Парови за четвртфинале: Реал Мадрид – Реал Сосиедад Атлетик Билбао – Барселона Гранада – Валенсија Мирандес – Виљареал Натпреварите од четвртфиналето ќе се играат од 4 до 6 февруари.
Новиот менаџер на Арсенал, Микел Артета го доби второто засилување оваа зима и тоа повторно во одбраната. По Пабло Мари, редовите на „топџиите“ се освежуваат со искусниот десен бек Седрик Соареш, кој во Лондон пристигна од Саутемптон. 28-годишниот репрезентативец на Португалија на „Емирати“ се пресели на шестмесечна позајмица, а неделно треба да заработува по 65.000 фунти, додека неговиот досегашен клуб од оваа зделка ќе заработи еден милион фунти. Артета доби квалитетно засилување во одбраната и заедно со капитенот Белерин ќе треба да ја пополнат десната бековска позиција на тимот.
Од Англија денес стигнуваат неколку информации кои се поврзани со тимот на Тотенхем, предводен од Жозе Мурињо. Првата вест е дека Челзи и Тотенхем се договориле за трансферот на Оливие Жиру во Тотенхем, но оваа информација сеуште не е потврдена од страна на клубот. Но секако она сшто го објави весникот „Тајмс“ е уште по интересно, а тоа е дека Тотенхем се надева на склучување договор за враќање на Герет Бејл во северен Лондон. Во Тотенхем веруваат дека со успех ќе завршат неодамнешните разговори со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, во нивните напори повторно да потпишат договор со интернационалецот…
Напаѓачот на Атлетико, Жоао Феликс се опоравува од повреда на мускулот, пренесува весникот „АС“. Феликс се повреди на натпреварот со Легањес (0:0) и нема да учествува на дербито со Реал Мадрид, но сепак не треба да го спречи да биде дел од првиот натпревар од плеј-офот во Лигата на шампионите со Ливерпул, што ќе се одигра на 18 февруари. Но, во случај на повторување на повредата на Португалецот, тој ризикува да го пропушти дуелот со актуелниот европски шампион. Натпреварот Реал Мадрид – Атлетико ќе се одигра во сабота на 1 февруари. Средбата ќе се одржи на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Феликс…
