Author: riste

Бразилскиот играч од средниот ред, Филипе Кутињо кој е во сопственост на Барселона и игра во Баерн Минхен на позајмица, може да се врати во каталонскиот клуб веќе во овој зимски трансфер период, пренесуваат медиумите во Барселона. Германскиот клуб нема да го откупи договорот на 27-годишниот играч, па затоа сака да го врати во Барса што е можно поскоро. Филипе Кутињо се пресели во Барселона од англискиот Ливерпул на 6 јануари 2018 година за 125 милиони евра, потпишувајќи петгодишен договор со обештетување од 400 милиони евра. Како дел од каталонскиот тим, Бразилецот го освои Шпанското првенство двапати, еднаш Купот и…

Read More

Доцна синоќа во тешка сообраќајна несреќа синоќа во Скопје, во Општина Кисела Вода загина една од најголемите македонски кошаркарски легенди, Благоја Георгиевски – Буштур. Според неофицијалните информации, Благоја Георгиевски животот го загуби во скопската општина Кисела Вода, во близина на сервисот „Скендеровски“ каде загубил контрола над својот автомобил и притоа удрил во бетонската банкина на средишниот дел на булеварот Србија и починал на лице место. Благоја Георгиевски е роден на 15. октомври во Скопје. Најголем дел од својата играчка кариера ја помина во Работнички, клуб со кој се натпреваруваше во Првата југословенска кошаркарска лига. Во сезоната 1975/76 популарниот Буштур, заедно…

Read More

Она што веќе беше најавено во текот на овој месец , денес доби и официјализација. Унгарскиот ракометен гигант Веспрем ги потврди своите две засилувања за новата сезона, а тоа се Данил Шишкарев од Вардар и играчот кој во минатото го носеше „црвено-црниот“ дрес Хорхе Македа. Руското крило е член на Вардар веќе неколку години, но нема да продолжи во иднина да игра за македонскиот шампион. Шишкарев се определи да игра за Веспрем во наредните две сезони. Македа, играше за ПИК Сегед, најголемиот ривал на Веспрем, но сега се реши да се пресели во Веспрем. Веспрем исто така најави дека ќе се раздели…

Read More

Македонскиот и европски ракометен шампион Вардар го доби и вториот тест натпревар кој го одигра против градскиот ривал Металург со 35:26. Ракометарите на Вардар предводени од новиот тренер Стевче Алушовски одиграа две различни полувремиња. Во првиот дел дозволија противникот да биде рамноправен и го завршија со предност од 17:15, меѓутоа во второто одиграа како што доликува и дојдоа до убедлива победа. Вардар со тоа дојде до втората победа во вториот пријателски контролен натпревар по победата на Еурофарм Пелистер. Најдобар кај Вардар беше Тимур Дибиров со осум гола, додека Кристопанс постигна шест, а Чупиќ и Скубе реализираа по пет гола. Вардар со овој…

Read More

Арсенал го ангажираше шпанскиот дефанзивец Пабло Мари за остатокот од сезоната, соопштија од клубот. 26-годишниот дефанзивец пристигнува од бразилскиот Фламенго, кој ја освои титулата во Јужна Америка и Копа Либертадорес пред само два месеци. Претходно, Мари беше играч на Манчестер Сити. Арсенал ќе има опција да го ангажира Мари со постојан договор по завршувањето на сезоната, доколку неговиот настап во текот на следните пет месеци ги задоволи вкусовите на раководството.

Read More

Габигол како што е познат Габриел Барбоса, од денес и официјално е член на Фламенго. Фудбалерот кој со своите два гола во финишот од финалето му ја донесе титулата во Копа Либертадорес на својот клуб доби можност да потпише постојан договор со својата сегашна екипа. Интер ќе заработи 17,5 милиони евра, но и 20% од евентуален следен трансфер на 23-годишниот фудбалер. За потписот на овој играч потврдија од самиот клуб на социјалните мрежи. Габриел Барбоса се очекува да заработува по четири милиони евра годишно, до 2024 година, до кога му важи договорот. Напаѓачот имаше кариера која беше во надолна линија, но со преминот во Фламенго, како…

Read More

Менаџментот на Интер официјално ја објави информацијата дека Кристијан Ериксен е нов играч на нивниот клуб. Данскиот играч од средниот ред пристигнува во Милано со договор до летото 2024 година. Според италијанските медиуми, Тотенхем ќе добие околу 20 милиони евра за трансферот. Ериксен имаше договор со лондонскиот клуб до летото 2020 година. Играчот од средниот ред со месеци преговараше за трансфер во Реал Мадрид, но сепак на крајот заврши на „Џузепе Меаца“. Кристијан Ериксен ќе биде големо засилување за тимот на Антонио Конте кој оваа сезона игра одлично и се надева дека конечно ќе го симне од шампионскиот трон Јувентус,…

Read More

Ваљадолид на својата официјална веб-страница го објави трансферот на поранешниот играч од средниот ред на Рен , Хатем Бен Арфа. Шпанскиот клуб потпиша договор со 32-годишниот француски фудбалер, до крајот на оваа сезона. Ваљадолид го доби Бен Арфа, бидејќи шест месеци беше со статус на слободен агент. По трансферот, играчот се ракуваше со претседателот на клубот – легендарниот бразилски напаѓач Роналдо. Бен Арфа е без клуб уште од минатото лето кога му истече договорот со Рен, во чии редови играше минатата сезона. Претходно, играчот од средниот ред играше и за Олимпик Лион, Марсеј, Њукасл Јунајтед, Хал Сити и ПСЖ. Од…

Read More

Младата Македонска скијачка Јана Атанасовска оствари победа во слаломот на 58. издание на Ски Интер Критериум 2020 кој се одржа во скијачкиот центар Рички во Чешката република. Таа во категоријата до 14 години го освои првото место. Јана Атанасовска е родена во 2006 година имаше нешто послаба прва трка и заврши со време од 36.12 но во втората беше далеку подобра од конкуренцијата за речиси две секунди и во севкупниот поредок го освои првото место со вкупно време 1:14.36. На оваа трка учествуваа 40 скијачки од различни држави ширум Европа, а Јана беше единственото девојче од Македонија. Атанасовска се натпреваруваше…

Read More

Главниот извршен директор на Интер, Џузепе Марота коментираше за тоа што се случуваше околу можниот трансфер на Кристијан Ериксен. „Нема да криеме – знаете, веќе некое време преговаравме со Тотенхем“, изјави Марота пред денешниот натпревар против Каљари. „Неговиот договор истекува на 30 јуни, а во моментов зборуваме само за неговите права во тие шест месеци. Ние сме оптимисти дека можеме да го затвориме договорот што е можно поскоро – особено пред да заврши преодниот рок следниот петок“ додаде Марота. Тој исто така објасни дали тоа значи дека доколку се реализира овој трансфер, некој друг играч ќе мора да го напушти…

Read More