ЕХФ точно напладне ги објави резултатите од анкетата во која учествуваа над 20.000 посетители на веб страната и апликацијата на ЕП и го дадоа својот глас за да се формира идеалниот тим на Европското првенство. За најкорисен играч на турнирот беше избран Домагој Дувњак, кој херојски ја однесе својата репрезентација во големото финале. Во идеалниот тим друштво му прави и сонародникот Игор Карачиќ, а место има уште за Блаж Јанц (Словенија), Хорхе Македа (Шпанија), Магнус Јонгал (Норвешка), Сандер Сагосен (Норвешка), Бенце Банхиди (Унгарија) и голманот Гонзало Перез де Варгас (Шпанија). Титулата за најдобар дефанзивец заврши кај Хендрик Пекелер (Германија). https://www.instagram.com/p/B7x81vPoJ_M/?utm_source=ig_web_copy_link Откако се…
Author: riste
Со финалниот натпревар меѓу Шпанија и Хрватска во Стокхолм кој се игра денес од 16.30 часот ќе заврши првото ЕП на кое учествуваа 24 репрезентации и се одржуваше во три држави. Цели 18 години досега не се случило бранителот на титулата да ја одбрани круната, а во Шпанија се надеваат дека ќе ја срушат оваа традиција. Шпанија и Хрватска одиграа одлично ЕП, а тоа го покажаа и на меѓусебната пресметка која ја имаа во последното коло од групната фаза кога одиграа нерешни 22:22, но тој натпревар одлучуваше само за тоа кој ќе биде прв, а кој втор во групата. За…
Голем број на Хрватски навивачи утринава заминаа за Стокхолм, Шведска каде попладнево се игра финалето на ЕП во ракомет. Многубројни групи со чартер летови од Загреб заминаа за Стокхолм, но има и такви кои со автобуси и автомобили тргнаа уште синоќа за да стигнат навреме и да бидат сведоци на ова големо финале за ракометната селекција на Хрватска. Се очекува околу 20.000 хрвати да бидат дел од финалето на ова ЕП,а тоа значи дека 70% од капацитетот на салата „Теле 2 Арена“ ќе биде исполнета со навивичи на Хрватска. Исто така голем број на Хрвати кои живееат во Шведска ќе…
Микаела Шифрин дојде до својата втората победа викендов, откако победи во супервелеслаломот како последна трка која се одржа во Банско во рамките на Светскиот Kуп. Американката победи на спустот во петокот, а вчера заврши четврта. Денешниот супервелеслалом го заврши со време од 1:10.58 минути, а зад неа заврши Марта Басино со заостанување од 0,29 секунди. Италијанката исто така имаше успешен викенд, бидејќи во петокот заврши петта, а вчера слично како денес беше втора. На подиумот имаше место и за швајцарската скијачка Лара Гут, која ја заврши со време за 0,7 секунди послабо од Микаела Шифрин. Микаела Шифрин е водечка во оваа дисциплина, како…
Ракометарите на Норвешка одиграа одлично во „малото финале“ со Словенија и победија со 28:20, со што успеаа да го освојат бронзениот медал на Европското првенство (ЕП) кое се игра во Австрија, Шведска и Норвешка. По поразот од Хрватска во полуфиналето, Норвешка мораше да се помири со фактот дека треба да игра само за бронза, но одигра квалитетно во текот на целиот натпревар и во ниту еден момент не дозволи Словенија да се понадева на победа на оваа средба. Најдобар кај победничката селекција беше Јондал со седум гола, Бјорнсен постигна пет, а Сагосен и Јохасен имаа по четири, додека кај Словенија, Бомбач реализираше…
Дани Олмо ги напуштил подготовките на Динамо Загреб во Ровињ и заминал за Загреб каде треба да го реализира својот трансфер. Олмо се испратил со своите соиграчи и тоа прилично емотивно. Се очекува шпанскиот репрезентативец да ја прифати понудата и да направи трансфер во лидерот од Бундеслигата, РБ Лајпциг. Се чека само да се договорат уште некои детали и Олмо да замине на лекарски прегледи по што ќе биде потпишан договорот. Неговото заминување за Германија се очекува да биде вечерва. Вкупната заработка на Динамо Загреб од овој трансфер може да достигне 30 милиони евра. Основната сума која ќе ја добие…
Напаѓачот на лондонскиот Арсенал Пјер-Емерик Обамејанг може да го напушти тимот во зимскиот преоден рок. За услугите на 30-годишниот капитен на „Топџиите“ се заинтересирани од Барселона. Главниот напаѓач на оваа екипа Луис Суарез ќе биде надвор од теренот подолго време поради повреда и ќе се врати во составот само на крајот на оваа сезона. Поради тоа од клубот бараат замена за Суарез. Според „Мундо Депортиво“, Обамејанг се согласил да се пресели во таборот на Каталонците, што би можело да биде пресуден фактор во однос на неговиот трансфер. Арсенал не сака да се раздели со својот напаѓач, но доколку самиот играч…
Во финишот од натпревар на Хрватска против Шпанија (22:22) Игор Карачиќ заработи болен удар во коленото. Најдобриот играч на натпреварот имаше судар со Алекс Душебаев кој исто така се пожали на повреда. Многумина во тие моменти се загрижија дека Карачиќ ќе го пропушти полуфиналето со Норвешка. https://www.instagram.com/p/B7o48ARp4-J/?utm_source=ig_web_copy_link „Нема апсолутно никаква можност да го пропуштам полуфиналето. Ако треба, ќе играм и со една нога. Во ред е, не грижи се”, рече Карачиќ во снимката која ја објави Дамир Кајба, физиотерапевтот на репрезентацијата.
Денешниот слободен ден на Европското првенство во ракомет е планиран за патувања, па сите селекции кои обезбедија настап во завршните натпревари на ова ЕП денес треба да пристигнат во Стокхолм каде се играат последните натпревари. „Теле 2 Арена“ ќе ги пречека најдобрите репрезентации на ова ЕП, а денес сите репрезентациаа кои настапуваа во Виена и Малме треба да ја почуствуваат атмосферата во Стокхолм. Организаторот за попладне веќе има испланирано одржување на прес-конфреренции за полуфиналистите. Денес од 17.00 – 17.30 часот Норвешка: Кристијан Берге и Кристијан Бјорнсен Хрватска: Лино Червар и Лука Степанчиќ Денес од 17.30 – 18.00 часот Шоанија: Жорди…
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде му се приклучи на тренерот Зинедин Зидан со зборовите дека стадионот „Лас Пистас“ во Саламанка е исклучително лош и ги спречи играчите на неговата екипа да ги покажат своите квалитети во дуелот од 1/16 против против Унионистас Саламанка. И покрај лошиот квалитет на теренот, Реал Мадрид победи со 3:1 и ги продолжи натпреварите од Купот на Кралот. „Јас сум роден во Уругвај и сум видел и полоши терени. Но, како што беше за нас, така беше и за противникот”, рече Валверде. Лошиот терен не ја спречи велшката ѕвезда Герет Бејл да…
