Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Кингсли Коман, се врати во составот на својата екипа за прв пат по седум недели, период кој му беше потребен да се опорави од повредата на коленото. 23-годишниот Французин денес се приклучи на тренингот на својата екипа, објави клубот. Играчот од средниот ред Хавиер Мартинез, кој не игра поради мускулна повреда на предниот дел на бутот, сега се подготвува со опуштен режим. Надвор од комбинација на привремениот тренер Флик останува централниот дефанзивец Никлас Зуле кој ја продолжува својата програма за рехабилитација поради повреда на коленото и неговото враќање на теренот сè уште не е прецизирано.…
Author: riste
Најавеното засилување за Атлетико Мадрид во името на Единсон Кавани не се реализираше откако ПСЖ одби да се раздели со Уругваецот, но сепак од екипата на Атлетико Мадрид обезбедија нов играч во нападот. Станува збор за фудбалер кој им е добро познат на навивачите на тимот – Јаник Фереира-Караско. Играчот на репрезентацијата на Белгија во Атлетико играше пред две години кога беше продаден на кинескиот Далијан. Крилниот играч веќе е во Мадрид, а сите детали за неговото враќање во тимот на Диего Симеоне се договорени. Денес, Јаник Фереира Караско ќе помине лекарски прегледи и ќе стави потпис на договорот. Тој…
Во натпреварот од 1/8 финалето на Купот на Шпанија, Барселона го совлада Легањес со 5:0. За Лионел Меси, оваа победа беше 500-та во дресот на Барселона. Ова е рекорд за Шпанија. За да оствари толку многу победи, Аргентинецот одигра 709 натпревари за Барса, постигна 622 голови и направи 241 асистенција. Исто така на натпреварите со Меси,Барселона има 131 натпревар кој завршил нерешено, а во само 79 доживеале пораз. По Меси, на оваа ранг листа следуваат Чави (482 победи), Икер Касиљас (463), Андрес Иниеста (459), Андони Зубизарета (444) и Серхио Рамос (439). Лионел Меси е играч на Барселона од 2003 година.…
Новак Ѓоковиќ беше убедлив во натпреварот против Роџер Федерер и обезбеди пласман во финалето на Австралија опен. Ѓоковиќ ќе игра во своето осмото финале на Австралија опен благодарение на одличната игра и убедливата победа против Роџер Федерер (7:6, 6:4, 6:3). Ѓоковиќ беше фаворит пред мечот, а ја оправда оваа улога со игра која не му даде шанса на неговиот голем ривал со кого го одигра 50-от меѓусебен меч. Неизвесност имаше само во првиот сет кога швајцарскиот тенисер започна со брејк. Но, истиот го загуби кога сервираше за водство, а во тај-брејкот беше поразен со 7:1. Останатиот дел од натпреварот му…
Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе игра само еден бараж натпревар за пласман на Светското првенство 2021 година во Египет и покрај промената на системот на квалификации, но и поради освоеното 15-то место на ЕП во Австрија, Шведска и Норвешка. Денеска беа одредени четирите двојки од априлските квалификации. Победниците од четирите претквалификациски турнири Литванија, Израел, Романија и Турција, ќе се соочат со најлошо рангираните селекции на ЕП, Русија, БиХ, Литванија и Израел. Двомечот се игра во термините 15/16, односно 18/19 април годинава, а победниците ќе се најдат во последниот филтер во кој е и Македонија. Квалификации за СП 2021 Египет…
Тотенхем се договори со Њукасл да му го позајми Дени Роуз, пренесува венсикот „Телеграф“. Англискиот дефанзивец ќе се пресели во клубот до крајот на тековната сезона, а Њукасл за тоа ќе плати повеќе од 2 милиони евра за позајмицата на играчот. Предходно, Роуз изјавуваше дека ќе ги заврши 18-те месеци што останале од неговиот договор, но под водство на Жозе Мурињо, Роуз беше многу често надвор од комбинација за настап. Самиот играч има намера да биде дел од селекцијата на Англија за претстојното Европско првенство, па се согласи да се пресели во Њукасл каде ќе ја има посакуваната минутажа. Исто…
Играчот од средниот ред Атлетико Параненсе Бруно Гимараеш се пресели во Олимпик Лион, пренесува официјалната веб-страница на францускиот клуб. Олимпик Лион му платил на бразилскиот тим 20 милиони евра, а ќе плати и 20% од идната продажба на играчот. Играчот од средниот ред потпиша договор со клубот до јуни 2024 година. Бруно Гимараеш стана 20-тиот Бразилец во историјата на францускиот клуб. Играчот беше интересен за многу европски клубови, вклучувајќи го и Атлетико Мадрид, но сепак го францускиот тим. Минатата сезона во бразилскиот шампионат Гимараеш учествуваше на 25 натпревари за својата екипа, а успеа да постигне два гола и една асистенција.
По одигрувањето на полуфиналните натпревар е јасно дека Американката Софија Кенин и Шпанката Габрине Мугуруза ќе играат во финалето на Австралија опен. Утринските пресметки во полуфиналето беа последни за првата носителка Ешли Барти и романската тенисерка Симона Халеп. Домашната тенисерка беше надиграна од Американката Кенин која беше подобра во два сета, 7:6 и 7:5., а со истиот резултат Габрине Мугуруза го оствари најдобриот успех на Грен слем турнирот во Мелбурн и ја совлада Симоне Халеп од Романија. Големото финале во женска конкуренција ќе се игра в сабота со почеток од 09:30 часот по средноевропско време.
Напаѓачот на Борусија Дортмунд Пако Алкасер најверојатно ќе ја продолжи кариерата во првенството на Шпанија, пренесува весникот „АС“. Според изворот, германскиот клуб и Виљареал се договориле за сумата на трансфер на играчот која изнесува 23 милиони евра. Се очекува трансферот да биде објавен во текот на денешниот ден. Претходно, имаше информации дека 26-годишниот Шпанец е интересиран за Тотенхем и Валенсија. Алкасер беше дел од Валенсија, каде играше од 2010 до 2016 година, по што се пресели во Барселона. Од 2018 година, ги бранеше боите на Борусија Дортмунд. Оваа сезона Алкасер учествуваше на 11 натпревари во германскиот шампионат. Напаѓачот има 5…
Барселона се подготвува да направи понуда за крилниот играч на Челзи, Вилијан, пренесува „Скај Спорт“. Според изворот, од Барса ќе бидат подготвени да платат 31,5 милиони евра за 31-годишниот фудбалер на Челзи. Каталонскиот клуб има намера да потпише со бразилскиот фудбалер пред да се затвори зимскиот преоден рок. Оваа сезона, Вилијан учествуваше на 30 натпревари на клупско ниво. Крилниот напаѓач има 5 голови и 5 асистенции. Договорот на Бразилецот со Челзи е до наредното лето. Претходно беше објавено дека лондонскиот клуб веќе започнал преговори со Бразилецот за продолжување на досегашниот договор, но тоа не е сторено до денес.
