Манчестер Јунајтед загуби изненадувачки 0:2 на домашен терен против Барнли во 24-то коло од Премиер лигата. Поразот е втор по ред на „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата, откако во неделата загубија на дербито против Ливерпул со истиот резултат. Крис Вуд и Родригез постигнаа голови за тимот на Барнли, кој се искачи на 13-то место со 30 поени. Поразот го остави Манчестер Јунајтед на петтата позиција, но секако го оддалечи од битката за влез во Топ 4 и учество во ЛШ. Екипата на Оле Гунар Солскјер е со 6 бода зад четвртиот Челзи. Уште еден неуспех на Манчестер Јунајтед ги налути…
Author: riste
Новото засилување на Баерн Минхен, Алваро Одриозола е задоволен од новиот предизвик. 24-годишниот шпански бек ќе игра на „Алијанц арената“ до крајот на сезоната. „Сакам да му се заблагодарам на клубот за интересот за мене. За мене е чест и привилегија да бидам дел од овој клуб. Го гледав многу пати на телевизија и отсекогаш сонував да играм овде. Подготвен сум. Не дојдов овде да губам време, дојдов да играм. Точно е дека не играв многу во последно време, но добро тренирам и подготвен сум да дадам сто проценти од себе. Веќе размислувам за мечот со Шалке и би бил…
Џејмс Милнер, Наби Кеита и Џердан Шакири не се во составот на Ливерпул за нивната средба со Вулверхемптон која е на програмата утре, ова го потврди менаџерот Јирген Клоп. Тој, сепак, ќе го има на располагање Дејан Ловрен, кој беше во тренажен процес оваа недела. „Милнер, Кеита и Шакири не се во првиот тим затоа што не тренираа оваа недела. Сепак, тие ќе се вратат наскоро. Дејан Ловрен тренираше со нас уште од почетокот на неделава. Ова беа неговите први чекори на теренот по некое време, и се чини дека се е нормално”. изјави менаџерот на Ливерпул. Ливерпул на средбата…
Во еден драматичен натпревар во кој Хрватска и Шпанија се бореа за првото место во групата 1 на крајот немаше победник и мечот заврши со резултат 22:22, а тоа значеше дека европскиот првак Шпанија заради подобра гол разлика како првопласира ќе патува во Стокхолм во разврската за медали. Првиот дел се играше доста изедначено, а на одмор се замина со минимална предност на Шпанија од 11:12. Вториот дел започна со три гола на Алекс Душебаев и Шпанија направи предност од четири гола разлика (11:15). Хрватската селекција успеа да направи убава серија од 4:0 при резултат 17:21 и да го израмни…
На Европското првенство во ракомет денес не очекуваат натпревари од групата 2 која се игра во Малме, Шведска, а по ова коло може да бидат разрешени неколку дилеми оклу полуфиналните патници во Стокхолм. Од 16 часот селекцијата на Португалија игра против Словенија, директна пресметка меѓу овие две селекции, тимот кој ќе победи ќе има поголеми шанси за полуфинале, но за Португалија ќе биде важно што ќе направи Унгарија на мечот против Шведска кој се игра вечерва од 20.30 часот. Во терминот од 18.15 селекцијата на Норвешка која е фаворит игра против Исланд, но дека репрезентацијата на Исланд не смее пред…
Напаѓачот на Милан Кшиштоф Пјонтек може да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите на Островот. По повредата на напаѓачот Маркус Рашфорд, англискиот клуб размислува за краткорочен договор за засилување на нападот. Според изворот, во текот на изминатите неколку недели, од Манчестер Јунајтед се интересираат за напаѓачот на Милан. Италијанците се подготвени да го продадат играчот за 35 милиони евра или да го позајмат со понатамошно право за откуп на фудбалерот. Претходно, имаше информации дека Тотенхем и Вест Хем се интересираат за овој играч. Пјонтек се пресели во Милано во јануари 2019 година од Џенова за 38 милиони евра.…
Англиската фудбалска асоцијација (ФА) го обвини Манчестер Јунајтед за однесувањето на играчите за време на дербито во Премиер лигата со Ливерпул. Се работи за ситуацијата во првото полувреме, кога по контактот помеѓу Давид Де Геа и Вирџил ван Дајк, домашната екипа постигна гол. Тогаш фудбалерите на „црвените ѓаволи“ му се приближија на главниот судија Крег Паусон, барајќи голот да биде поништен поради прекршок над нивниот голман. По ВАР интервенцијата голот беше поништен. Според ФА во овој случај, фудбалероте на Манчестер Јунајтед не се однесувале пристојно, а клубот бил одговорен за тоа. Од сите играчи кои беа дел од оваа мешаница,…
Играчот од средниот ред на Јувентус Емре Чан е интересен за екипата на Борусија Дортмунд. Германскиот тим е уште еден на списокот на клубови кои се заинтересирани за 26-годишен Германец со турско потекло. Трансферот може да се случи веќе во овој зимски трансфер период. Претходно беше објавено дека Милан, Евертон, Манчестер Јунајтед, Барселона и ПСЖ се заинтересирани за услугите на Чан. Во исто време, се појави информација дека последните три клуба може да го добијат играчот од средниот ред како резултат на договор за размена на играчи. Чан стана играч на Јувентус во летото 2018 година. Германецот му се приклучи…
Астон Вила ќе се обиде да го привлече Оливие Жиру во своите редови до крајот на зимскиот преоден рок, пренесуваат француските медиуми. Тимот од Бирмингем е итно во потрага по замена на Весли, кој има тешка повреда и ќе го пропушти остатокот од сезоната. Од Астон Вила се заинтересирани за Жиру затоа што сметаат дека Французин брзо ќе се вклопи во нивниот состав. 33-годишниот Жиру не е во плановите на менаџерот на Челзи, Френк Лампард, кој ретко му дава шанса да настапи од почетокот на сезоната. До сега се сметаше дека фаворит за потписот на Французинот е Интер, но изгледа…
И покрај интересот за Вилфрид Заха од Кристал Палас, ниту Тотенхем ниту Челзи не се подготвени да платат 94 милиони евра (80 милиони фунти) што ги бараат од Кристал Палас, пренесува „Дајли Меил“. Двата клуба повеќе се подготвени да ги користат своите резервни играчи или да бараат алтернативи на пазарот поради прескапата цена на 27-годишниот играч од Брегот на Слоновата Коска. Иако Заха првично беше разочаран што му беше забранет трансфер во Евертон минатото лето, тој е релативно мирен во врска со можноста да остане во тимот до крајот на сезоната, порачувајќи му на клубот дека нема да се обиде…
