Author: riste

Најдобриот играч на Хрватска на мечот со Германија, средниот бек Игор Карачиќ по мечот истакна дека е горд на тимот, а во еден момент од мечот кога се правел пресвртот, во мислите му бил Вардар, со кого успеа да направи сличен кам-бек на Ф4-турнирот во Лигата на шампионите против Барселона. „Пред се да кажам дека сум горд на моите соиграчи. Од овој меч можеме да научиме како се гради карактер. Не знам што би кажал повеќе. Верував во сите. Некако се сетив и на Вардар во одредени моменти. Стресно беше и за мене и за соиграчите, но најважно беше што…

Read More

Хрватска и Германија го одиграа можеби најубавиот натпревар досега на Европското првенство во ракомет. Хрватска на крајот славеше во дуелот против Германија со 25:24 во една дранатична завршница. Двете селекции почнаа изедначено и се менуваа во водство, но потоа Германија направи резултатска предност која на крајот на првиот дел беше 14:11. На стартот на вториот дел Германија ја имаше и највисоката предност од +5, водеше со 16:11 и 17:12, но потоа следуваше одличната игра на Хрватска, предводена од Карачич, Степанчиќ и Дувњак , како и голманот Шего кои успеаа да направат пресврт и да го израмнат резултатот на 22:22, за…

Read More

Швајцарскиот скијач, Беат Фојц ја запиша својата втора победа оваа сезона, откако денес триумфираше на спуст трката во Венген. Ова беше десетта победа на Швајцарецот во спуст, од вкупно 12 кои ги има во кариерата. Со време од 1:42.53 зад себе го остави Италијанецот, Доминик Парис, кој заврши на втората позиција (1:42.82), додека за место на подиумот имаше и за Томас Дресен од Германија. Во спуст Фојц ja зголеми предност во однос на Парис, додека во генералниот пласман лидер и понатаму е Пинтуро со само три бода повеќе од Кристоферсен.

Read More

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини во „Куќа на фудбалот“ имаше работен состанок со амбасадорот на Косово во нашата држава, Ѓерѓ Дедај. Во рамки на средбата разговараа за бараж натпреварот меѓу Македонија и Косово од полуфиналето во Лига на Нации за пласман на Европското првенство 2020. и начинот на организација на важниот дуел за двете репрезентации. Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини ја истакна заложбата и подготвеноста на нашата федерација за организација на натпреварот на 26. март на Националната арена на највисоко ниво, потенцирајќи ја увереноста дека сите кои се вклучени во организацијата на натпреварот ќе го искористат своето…

Read More

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, нема да може да смета на Кирон Трипиер за претстојната средба со Ебар во сабота навечер, објавија денес од „Ванда Метрополитано“. Англискиот десен бек страда од повреда на препоните. Дефанзивецот направи неколку индивидуални тренинзи со цел да ги реши проблемите со повредата. Фудбалерот сè уште има болка и одлуката на спортско-техничкиот штаб е дека тој не треба да патува во Баскија. Трипиер многу добро се вклопи во екипата на Атлетико Мадрид и стана еден од клучните играчи на оваа екипа.

Read More

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, ќе добие бонус од 2 милиони фунти ако успее да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона. Сепак, оваа задача не изгледа лесна, бидејќи во моментов лондончаните се со девет бода зад четвртото место во Премиер лигата. Ситуацијата дополнително се искомплицира со повредата на голема ѕвезда и голгетер на тимот, Хари Кејн. Сепак, Мурињо веќе започна да го засилува својот тим, при што првиот нов играч веќе го привлече. Се работи за Жедсон Фернандеш. Кшиштоф Пјонтек треба да биде договорен во наредните денови и тој треба да го замени Кејн. Покрај првенството, Мурињо има…

Read More

Карлос Саинц од денес ја збогати својата кариера со нова титула на релито Дакар. Заедно со својот совозач Лукас Круз, Шпанецот успеа да стигне до уште една голема победа. За шпанското дуо ова е трета титула во натпреварувањето, по победите кои ги остварија во 2010 и 2018 година. Денешната последна етапа Карлос Саинц ја заврши на третата позиција, со скоро четири минути заостанување зад победникот Насер Ал-Атијах, но успеа да ја задржи првата позиција во генералниот пласман. Шпанскиот возач постави нов рекорд како највозрасен победник на релито Дакар со 57 години. На втората позиција во генералниот пласман заврши Насер Ал-Атијах,…

Read More

Раководството на Интер се согласи да го купи дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Ешли Јанг. Италијанскиот клуб ќе им плати на „црвените ѓаволи“ за 34-годишниот Англичанец 1,5 милиони евра. Во наредните денови фудбалерот ќе треба да ги помине лекарските прегледи, објави новинарот Фабрицио Романо на својата страница на Твитер. Се очекува договорот што Јанг ќе го потпише со Интер да биде со траење до 30 јуни 2021 година. Ешли Јанг играше во Манчестер Јунајтед уште од летото 2011 година. Претходно, дефанзивецот играше во Астон Вила и Ватфорд. Во тековната сезона, Јанг постигна 1 гол и даде 1 асистенција на 18 натпревари…

Read More

Бразилскиот напаѓач Нејмар може да го продолжи договорот со францускиот ПСЖ, и покрај сите разлики што беа помеѓу играчот и клубот, пренесува „ЕСПН“. Одлуката ќе биде донесена во април или мај и ќе зависи од резултатите на ПСЖ во ЛШ. Договорот на 27-годишниот Бразилец со клубот важи уште 2,5 години, но веќе се водат неформални преговори помеѓу таткото на играчот и спортскиот директор на парижаните Леонардо. Нејмар се приклучи на ПСЖ од Барселона летото 2017 година за 222 милиони евра. Како член на клубот, тој двапати стана шампион на Франција. Оваа сезона, напаѓачот одигра 15 натпревари за ПСЖ и постигна…

Read More

Еден од најголемите таленти на Челзи, Ријс Џејмс, потпиша нов долгорочен договор со клубот. Договорот е за 5,5 години, а според англиските медиуми, тој ќе му донесе над 20 милиони фунти на дефанзивецот, кој моментно има 20 години. Основната плата на Џејмс ќе биде 80 000 фунти неделно. Со бонусите, сумата ќе се зголеми на 100.000, што значи дека тој ќе биде еден од најдобро платените млади дефанзивци во светот. Џејмс веќе има одиграно 18 натпревари за Челзи оваа сезона. Тој стана важен дел од составот на Френк Лампарад. Ова е уште еден играч на академијата на Челзи кој ја…

Read More