Author: riste

Македонската ракометна репрезентација успеа да дојде до првата победа на Европското првенство, можеби потешко од очекувањата, но сепак важно е со победа да се почне едно големо натпреварување. Нашиот капитен Кире Лазаров беше творецот на победата со неговиот гол во последната секунда од мечот, а по натпреварот даде свое видување на мечот. „Мислам дека на заслуживме да се мачиме толку, иако не игравме брилијатно. Требаше да го доведеме натпреварот во мирна завршница, имавме повеќе пати поголема предност, но на крајот моравме да се мачиме. Можеби вака победата е послатка, свесни сме дека треба да одиграме подобро, треба да бидеме поодговорни,…

Read More

Денес официјално стартува Европското првенство во ракомет во машка сениорска конкуренција кое годинава ќе го има своето 14-то издание. Првото ЕП, ЕХФ го организираше во 1994 година, а ова ќе биде уникатно по неколку работи. Од денес до 26 јануари премиерно шест града и три земји ќе бидат домаќини на 24 ракометни репрезентации. За првпат три земји Шведска, Австрија и Норвешка ќе бидат организатори на едно ЕП во машка сениорска конкуренција и на него учествуваат 24 репрезентации. Машата репрезентација по шестти пат ќе учествува на еден континентален собир, или петти пат во низа (1998 – Италија, 2012 – Србија, 2014…

Read More

Тотенхем и Севилја се уште два клуба кои се заинтересирани за напаѓачот на Милан, Кшиштоф Пјонтек, според информациите кои ги објавија шпанските и англиските медиуми. Росонерите бараат купувач на Полјакот откако ги обезбедија услугите на Златан Ибрахимовиќ. Така, се повеќе е веројатно дека Пјонтек ќе замине наскоро од „Сан Сиро“. Тотенхем итно бара замена за Хари Кејн, кој има искинат мускул во бутот. Лондончаните се заинтересирани за Пјонтек, но сакаат да го позајмат до лето, што не му одговара на Милан, кој сака директна продажба за да ги врати 35-те милиони евра што ги плати на Џенова минатиот јануари за…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ја анализираше полуфиналната средба од шпанскиот Суперкуп со Валенсија (3:1). „Можевме да играме со крила, но решив Иско и Модриќ да обијат повеќе простор и знаев дека ќе бидат покорисни. За нас беше важно активно да притискаме и да играме добро во нивната половина од теренот. Сите играчи покажаа добро ниво на игра, тешко е да се издвои еден. Среќен сум за Иско. Фантастични беа головите на Крос и Модриќ. Тренерот сака да го види тоа од неговите играчи, но сè уште не сме го освоиле трофејот. Јовиќ имаше добра игра, напорно работеше. Не…

Read More

Интересна ситуација се случи синоќа кога требало да се одржи прес-конференцијата на екипата на барселона како најава на второто полуфинале од шпанскиот Суперкуп. Екипата на Барселона доцнела на оваа прес-конференција поради проблеми со пристигнувањето на стадионот. Тренер Ернесто Валверде и играчот од средниот ред Серхио Бускетс требаше да зборуваат на прес-конференција во 17:45 часот по локално време, но возачот на автобусот се збунил и ги однел на стадионот „Кинг Абдула Спорт“ (тренингот и прес-конференција се одржувале на стадионот Ал-Итихад) , по што автобусот се заглавил во сообраќајот и изгубиле драгоцено време. „Сега го познаваме градот малку подобро. Имаше мала грешка.…

Read More

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе одби да зборува за продолжување на договорот со клубот, по убедливата победа во четвртфиналниот натпревар од Лига Купот на Франција против Сент Етијен (6:1). На оваа средба Мбапе успеа да постигне 1 гол, но имаше и две асистенции за головите на мауро Икарди. „Засега сакам да играм фудбал и да се фокусирам на сезоната. Клубот е во мирна, стабилна состојба. Сега не е време да разговараме за продолжување на договорот“, изјави Мбапе за весникот „ Л’Екип“. Претходно беше објавено дека Реал е заинтересиран за услугите на Мбапе. Договорот на францускиот напаѓач со ПСЖ е со…

Read More

Селекторот на нашата ракометна репрезентација, Данило Брестовац го објави конечниот список на ракометари кои ќе настапат на претстојното ЕП 2020 во Австрија, Шведска и Норвешка. Од претходно објавениот список на кој имаше 20 имиња, го нема повредениот Велко Маркоски, а исто така не е се најде и младиот крилен играч Никола Костески. Од овие осумнаесет повикани, двајца ќе мора да отпаднат и да бидат на трибини на натпреварите. Што значи дека ќе чекаат шанса да настапат во зависност од тактиката и заморот кај некој од играчите. За Македонија ЕП 2020 стартува на 10 јануари со дуел против Украина, а во првата фаза ќе играме уште…

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов официјално е нов играч на германскиот фудбалски тим Штутгарт. Нашиот млад 19-годишен играч потпиша договор со Штутгарт, каде доаѓа од редовите на Келн. Чурлинов не доби минутажа во првиот тим на Келн и затоа сакаше да се пресели во екипа која ќе му даде многу повеќе простор за развивање и настап. Дарко Чурлинов и Штутгарт потпишаа договор до јуни, 2024 година. „Навистина сум среќен што сум тука и 100 % сум мотивиран да дадам се од себе за Штутгарт. Се надевам дека можам да му помогнам на тимот во борбата за пласман во првата бундеслига…

Read More

На натпреварите од Шпанскиот Супер Куп ќе биде користена гол технологијата со која може да се утврди дали има гол или не. Судијата ќе има посебен часовник за да му каже дали топката ја преминала целата гол линија. На повеќето големи Европски првенства воведена е технологија, но не и во „Ла Лига“. Шпанската елита веќе користи „ВАР“ систем, но не таканаречена „гол технологија “. Натпреварот меѓу Валенсија и Реал Мадрид кој се игра вечерва ќе биде иновативен за шпанскиот фудбал.

Read More

Македонската ракометна репрезентација дефинитивно ќе биде услугите на Велко Маркоски на Европското првенство (ЕП) кое стартува утре, а за Македонија во петок. Велко Маркоски кој е специјалист за игра во одбрана доби удар со топка во главата и се заработи повреда на окото на тест-дуелот со Словенија. Селекторот Брестовац најави дека ќе чека до самиот крај, меѓутоа резултатите од вториот преглед и дијагнозата од лекарите не дадоа добри информации за нашата репрезентација. Направено е КТ и ЕХО на окото на Маркоски, а по добиените резултати, препорака на докторот е дека Велко Маркоски ќе треба да паузира две до три недели. Од…

Read More