Налутените навивачи на Евертон пристигнале денес во базата на клубот и побараале средба со играчите, откако го загубија мечот од 3 коло во ФА Купот против Ливерпул. На оваа средба „црвените“ играа со комбиниран состав, но сепак постигнаа победа со резултат 1:0. Според одредени извори, навивачите не дошле до контакт со играчите, но до нив дошол Марсел Брандс, спортскиот директор на клубот. Состанок во Евертон ќе се одржи следната недела, каде што Брандс, главниот тренер Карло Анчелоти и сопственикот на клубот Фархад Мошири ќе одговорат на прашањата од акционерите. Евертон со 25 бода го зазема 11-то место на табелата во…
Author: riste
Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Жоржињо Вијналдум може да го напушти клубот на крајот на оваа сезона, пренесуваат медиумите во Англија. Договорот на 29-годишниот фудбалер со Ливерпул е со важност до летото 2021 година, а до денес, двете страни не се согласиле да го продолжат. Ако терминот на договорот не се смени, тогаш Вијналдум може да го напушти тимот ова лето или следната година. Интерес за овој играч има од неколку екипи од Шпанија и Италија. Сосема е јасно дека Ливерпул не сака да се раздели со еден од своите клучни играчи и ќе се обиде да го продолжи…
Баерн Минхен сака да привлече еден од најдобрите играчи на Борусија Дортмунд во последните две сезони – Ашраф Хакими, пренесува „Марка“. Мароканецот е во сопственост на Реал Мадрид и игра во Бундеслигата како позајмен играч. Неговата позајмица истекува на крајот на сезоната и според весникот „АС“ Зинедин Зидан планира да му даде шанса да се наметне на „Сантијаго Бернабеу“. Баерн разговараше со претставниците на Реал Мадрид за да открие дали клубот е сè уште подготвен да раздели со Хакими. Досега немам дефинитивен одговор. Вчера, тренерот на Баварците, Флик призна дека во оваа фаза клубот само бара да добие нов десен…
Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез е избран за играч број еден за минатиот месец во „Ла Лига“. Уругваецот успеа да постигне три погодоци на четири натпревари во лигата во кои неговиот тим забележа две победи и две нерешени средби. После каталонското дерби со Еспањол, се појави статистика која покажа дека Луис Суарез учествувал како стрелец или асистент при постигнувањето на последните десет гола на Барселона.
Управата на Манчестер Јунајтед во овој зимски трансфер период сака да ги ангажира напаѓачот на Волверхемптон, Раул Хименез и играчот од средниот ред на оваа екипа Рубен Невес. „Црвените ѓаволи“ веќе започнаа преговори за купување на двајцата играчи, пренесуваат медиумите во Англија. Трансферната цена на Хименез е проценета на 42 милиони евра. Оваа сезона 28-годишниот Мексиканец постигна 17 гола и имаше 9 асистенции на 32 натпревари во сите натпреварувања кои ги играше клубот. Трансферната цена на Невес е проценета на 50 милиони евра.Во оваа сезона, 22-годишниот Португалец забележа 3 гола и 2 асистенции на 31 средба за својата екипа. Во…
Првиот тренер на Францускиот прволигаш Тулуз, Антоан Комбуаре беше отпуштен по поразот од аматерски тим во Францускиот куп. Тулуз вчера испадна од ова натпреварување по поразот од 1:0 од нисколигашот Сен-Приве и веќе нанижа десет порази во сите натпреварувања. Привремено тренинзите на првата екипа ќе ги води техничкиот директор на фудбалската школа на оваа екипа, Денис Занко.
Во наредните денови, Евертон ќе објави рекордна загуба. Поради ова, раководството на клубот ќе биде принудено да го намали буџетот за трансфери, пренесува весникот „Телеграф“. Евертон потроши околу 450 милиони фунти (приближно 528 милиони евра) за купување на фудбалери. Соодносот на трошоците за плата на играчите со вкупниот приход во касата го надминува „црвениот праг“ поставен од УЕФА на 70%. Во исто време, клубот не може да ја промени ситуацијата поради фактот што не учествува во евро куповите. Трошоците на Евертон исто така се зголемија како резултат на инвестициите во изградбата на нов стадион. Плус, многу пари беа потрошени за…
Лондонски Арсенал е заинтересиран за играчот од средниот ред на Ајакс, Хаким Зиеш, јавуваат англиските медиуми. Менаџерот на Арсенал Микел Артета се надева дека ќе го привлече овој играч од средниот ред во текот на овој зимски преоден рок. Ајакс е подготвен да се раздели со Мароканецот за 50 милиони евра. Оваа сезона Зиеш има одиграно 28 натпревари во сите натпреварувања, а успеа да постигне 8 гола и 21 асистенција. Очигледно Артета веќе размислува за одредени засилувања и реконструкција на тимот за следната сезона.
Пред почетокот на ЕП во Австрија, Шведска и Норвешка, нашата ракометна репрезентација доживеа сериозен хендикеп откако шутот на Бомбач заврши во лицето на Велко Маркоски. Лекарските прегледи во Љубљана дадоа препорака од 14 дневно мирување. Велко Маркоски денеска се враќа во Македонија и повторно ќе оди на прегледи. Поточно, тој ќе биде под постојан лекарски надзор и ќе се следи секојдневно неговата состојба. Препораката на словенечките доктори се поклопува со вториот круг, прашање е дали ќе може некој ден порано да се врати на терен. Од нашата репрезентација не сакааат да ризикуваат со здравјето на играчот, но доколку од Скопје…
Раководството на АБА лигата одлучи да ја казни Црвена Ѕзвезда поради тоа што не се појави за натпреварот од 13 коло во Подгорица, кај Бидуќност. „Црвено-белите“ одбија да патуваат во Црна Гора, поради тоа што не им беше „гарантирана“ безбедноста, со оглед на протестите кои беа во градот. Оваа санкцијата се очекуваше, но се чекаше официјална потврда. Будуќност „службено“ го доби дуелот со 20:0, но плус на тоа Црвена Ѕвезда загуби и еден бод. Дополнително екипата од Белград ќе мора да платат казна од 20.000 евра на АБА. Финансиска загуба за црвено-белите ќе биде и плаќањето на трошоците за организација на мечот иако требаше…
