Норвежанецот Мариус Линдвик победи на третото натпреварување од новогодишната турнеја во скијачки скокови – „Четири скокалници“ и е во трка за титулата на ова традиционално натпреварување. По триумфот во Гармиш Партенкирхен, Линдвик славеше и денес во Инсбурк. Норвежанецот досега немаше ниту една победа во Светскиот Куп, сега веќе има две победи во последните две натпреварувања, а за тоа денес му беа доволни скокови од 133 метри во првата и 120 метри во втората серија, со што го освои првото место во Инсбрук. Второто место му припадна на Давид Кубацки од Полска, а третопласиран заврши Даниел Андре Танде. Јапонецот Роју Кобајаши беше најголемо разочарување денес со…
Author: riste
Напаѓачот на Милан, Кшиштоф Пјонтек, го одби предлогот за трансфер во Рома, пренесува „Газета дело Спорт“. Полскиот фудбалер имал предлог да се пресели оваа зима во Рома за да му се остави простор на Златан Ибрахимовиќ. Рома има интерес за тоа, но самиот фудбалер рече дека отпаѓа оваа можност. Рома понуди размена за Пјонтек да го даде Диего Пероти. Сличен договор договорил и Милан, но Полјакот одбил бидејќи не сакал да биде резерва на Един Џеко на „Олимпико“. Тој избра да остане и да се бори за своето место во „Сан Сиро“, дури и во конкуренција на Златан Ибрахимовиќ. Пјонтек…
Голманот на Ливерпул Алисон Бекер ја освои наградата „Самба Голд“, која му се доделува на најдобриот бразилски играч во Европа на крајот на годината. Како што беше објавено на официјалната веб-страница каде се гласаше за наградата, играчот на Ливерпул добил 35,54% од гласовите и беше првиот голман што ја прими оваа награда. Соиграчот на Алисон – напаѓачот Роберто Фирмино (23,48%) го освои второто место според гласовите. Додека меѓу првите тројца место имаше и за дефанзивецот на ПСЖ Тиаго Силва (10,46%). Во првите пет се најдоа уште по еден фудбалер на Ливерпул и ПСЖ, Фабињо (8,03%) и напаѓачот на ПСЖ, Нејмар…
Македонската ракометна репрезентација денес ќе одигра пријателски контролен натпревар против селекцијата на Словенија. Ова е првиот од двата теста кои нашите ракометари ќе ги имаат на завршните подготовки пред настапот на Европското првенство.Нашиот национален тим ќе се сретне најнапред со словенечката репрезентација, а потоа и со Црна Гора, а потоа ќе отпатува во Виена. Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш, најави дека на мечот против Македонија ќе се обиде да испроба неколку тактики и ќе има специфичен план, со цел да има полесна задача при правањето на конечниот список на играчи за настап на ЕП. „Имам специфичен план за дуелот со Македонија.…
Раководството на Фиорентина сака да ја задржи својата ѕвезда Федерико Киеза по секоја цена. Виолетовите ќе понудат нов договор на младиот фудбалер во февруари, подготвени се дури и да ја дуплираат неговата плата, само за да го убедат да остане на „Артемио Франки“. 22-годишниот Киеза е еден од најбараните на трансфер пазарот во Италија. Со неговите добри игри, тој го привлече вниманието на гигантите кои чекаат на ред за неговиоѕ потпис. Се верува дека тој е во плановите за трансфер на Интер и Јувентус, како и на клубови надвор од Италија. Синот на Енрико Киеза е производ на школата на…
Манчестер Сити има намера да го продолжи договорот за играч од средниот ред Фернандињо, пренесува весникот „Сан“. Тековниот договор на овој фудбалер е до крајот на сезоната, но раководството на „граѓаните“ ќе му понудат едногодишно продолжување. Пеп Гвардиола сака да го задржи својот универзален играч, кој беше еден од најконстантните играчи на Манчестер Сити во последните години. Фернандињо има 22 натпревари оваа сезона, но е преквалификуван како дефанзивен играч од средниот ред поради многу проблеми во средината на одбраната на тимот.
Лидерот на табелата во ПМФЛ, ФК Вардар денес го објави планот на зимските подготовки на Вардар. „Црвено-црните“ повторно главните подготовки ќе ги имаат во Анталија, Турција, каде што ќе биде стациониран 20 дена, и ќе бидат одиграни шест контролни натпревари, од кои пет се веќе закажани, а за еден се чека официјализација. Вардарци се собираат на 9. јануари во тренинг кампот во Хиподром, кога ќе биде извршена првата прозивка и првиот тренинг. Шест дена подоцна екипата заминува во Анталија, а првиот контролен меч е на 20. јануари со Хајдук. Потоа Вардарци ќе играат против Динамо Киев, Црвена Звезда, Борац Бања…
Новиот напаѓач на Ливерпул, Такуми Минамино, нема да може да го направи својот деби натпревар на утрешниот натпревар против Шефилд Јунајтед. Јапонцот е подготвен, но правилото на Англиската фудбалска асоцијација го спречува да биде дел од средбата на „Енфилд“. Официјално, неговиот договор со клубот стапува во сила денес, но и денес започна 21-то коло од Премиер лигата, а тој меч е токму од ова коло. Според правилата, даден играч мора да има дозвола за настап најмалку еден ден пред да започне содветното коло. Така, Минамино ќе му биде на располагање на Јирген Клоп за дербито против Евертон во ФА Купот…
Норвешкиот ски-скокач Мариус Лидвиг успеа да победи на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“ кој се одржа денес во Гармиш-Партенкирхен. Лидвиг до победата дојде со скокови од 143,5 и 136 метри и ги изненади фаворитите, пред се јапонецот Кобајаши. Покрај Норвежанецот место на подиумот имаше за Карл Гајгер (Германија) и Давид Кубацки од Полска. Јапонецот Роју Кобајаши не успеа да дојде до посакуваниот рекорд со шест победи по ред на ова престижно натпреварување и заврши само на четвртата позиција. Следната дестинација во рамки на „Четири скокалници“ е на 4 јануари во Инсбрук, додека последниот натпревар е закажан на 6 јануари…
Пол Погба не заминал со екипата на Манчестер Јунајтед за Лондон, каде „црвените ѓаволи“ вечерва се соочуваат со Арсенал. Французинот се очекува да го пропушти натпреварот. Тој се врати на терените на 22 декември по тримесечно отсуство поради повреда. Погба влезе како резервата против Ватфорд и неколку дена подоцна на натпреварот против Њукасл. Сепак, Солскјер не го вклучи во групата на натпреварот со Барнли. Францускиот репрезентативец му рече на својот менаџер дека му треба повеќе време за да се опорави. Во саботата, сепак, тој полета за Франција за да ги види своите браќа и да учествува во добротворен натпревар. Според…
