Платата што ПСЖ се обидува да го натера Килијан Мбапе да не размислува за преселба во друг клуб е 32 милиони евра, пренесува „Газета дело Спорт“. За споредба, со онаа која ја добива во моментов таа се зголемува за 17,5 милиони евра. Пред неколку дена изјезе информација дека францускиот тим прави се што може за да го убеди овој играч да потпише нов договор и да не замине. Оваа понуда е со цел да не дозволат Мбапе да ја прифати понудата од Реал Мадрид, кој е фаворит за привлекување на Мбапе, доколку реши да прерсели во друг клуб. 21-годишниот француски…
Author: riste
Раководството на Тотенхем, во следниот зимски трансфер период планира да го размени играчот од средниот ред на тимот Кристијан Ериксен за напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл. „Спарси“ се подготвени да го понудат Ериксен и доплата од 30 милиони евра, се вели во информацијата. Договорот на Ериксен со Тотенхем важи до 30 јуни 2020 година. Данецот одбива да го обнови договорот и има намера да го напушти лондонскиот клуб како слободен агент следното лето. Оваа сезона Герет Бејл постигна 2 гола и имапше 2 асистенции на 11 натпревари во Ла Лига. Ериксен постигна 1 гол и 2 асистенции на 15…
Новиот менаџер на лондонски Арсенал Микел Артета зборуваше за играта на играчот од средниот ред на „Топџиите“ Месут Озил по натпреварот од 19-то коло од англиската Премиер лига со Бурнемаут (1:1). „Да бидам фер, забележувам дека односот на Озил кон тренинзите е неверојатен откако се приклучив на тимот. Реков дека ќе му дадам можност да се докаже и мислам дека е фер да му дадам шанса. Можевме да постигнеме уште два или три гола благодарение на Месут. Тој може да биде клучен играч во тимот“, изјави Артета за „Скај Спортс“. Арсенал има освоено 24 поени и е на 11-то место…
Екипата на Еспањол, го објави името на својот нов тренер. Тоа е Абелардо Фернандез, кој ќе го предводи тимот барем до крајот на сезоната. Тој е трет тренер на шпанскиот клуб оваа сезона. На 23 декември Еспањол го отпуштија Пабло Мачин, назначен во октомври да го замени Давид Гајего. Фернандез (49) го предводеше Алавес во 2017-2019 година, но си замина сам на крајот на минатата сезона. Тој е и поранешен тренер на Спортинг Хихон. Како фудбалер играше за екипите на Барселона, Алавес и Спортинг Хихон. Во моментов Еспањол е последен во шпанската Примера со само 10 бода. До местото за…
Сите сме сведоци дека најдобро платените фудбалери настапуваат во Топ 4 Европските шампионати. Поточно, неспорен лидер во Италија е ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој заработува 31 милиони евра годишно. И додека Португалецот и неговите колеги во Јувентус, Интер и Милан прават милиони, дефанзивецот на Торино, Вилфред Синго, кој досега одигра три натпревари оваа сезона, заработува „само“ 30.000 евра годишно или 2.500 евра месечно. Ова е нај ниско платениот играч во Серија А. Синго учествуваше на натпреварите на Торино со Дебрецен и Солигорск во Лига Европа, одигра вкупно 19 минути. Тој е сеуште млад, роден е 2000 година, го нема…
Раководството на Рома започна со работа за продолжување на договорот на Лоренцо Пелегрини, пренесува „Кориере дело Спорт“. Играчот од средниот ред е еден од најбараните играчи на тимот и има откупна клаузула од 30 милиони евра во неговиот договор. Ова е токму она што го натера раководството на Рома да му понуди на Пелегрини нов договор со подобри финансиски услови, додека клаузулата, која се чини дека е доста мала во однос на трансферите во последните години, ќе биде укината. Тековниот договор на Пелегрини истекува во летото 2022 година.
Играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио може да ја продолжи кариерата во првенството на Англија, пренесуваат медиумите на Островот. Лондонскиот клуб Арсенал е заинтересиран за играчот од средниот ред. Новиот тренер на Арсенал, Микел Артета очекува да го засили составот преку зимскиот преоден рок. Самиот Рабио сака да го смени клубот, затоа што е незадоволен од својата минутажа во Јувентус. Оваа сезона Французинот настапи на 12 натпревари за Јувентус и немаше некоја забележителна улога. Важечкиот договор на Рабио со Јувентус важи до 2023 година. Рабио му се приклучи на Јувентус минатото лето од ПСЖ како слободен агент.
Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Лерој Сане , најверојатно нема да го напушти клубот во зимскиот преоден рок. Ова денес го објавија „Мирор“ и „Дејли Стар“. Според истите информации. Тренерот Пеп Гвардиола му кажал на раководството на клубот да го задржи играчот во јануари. Сепак, постои голема веројатност дека играчот ќе го напушти Манчестер Сити во летниот преоден рок. Германскиот напаѓач би можел да замине во Баерн Минхен каде требаше да се пресели и минатото лето, но поради повреда на лигаментите на коленото, овој трансфер не успеа. Сегашниот договор на 23-годишниот фудбалер со Манчестер Сити важи до 2021 година. Следното…
Валенсија ќе му понуди нов договор на дефанзивецот Езекиел Гарај, пренесува веснико „АС“. 33-годишниот Аргентинец е со договор за остатокот од сезоната. Во јануари, Гарај ќе има право да потпише прелиминарен договор со друг клуб. Интересот за играчот од страна на Олимпик Лион е веќе познат. Гарај беше привлечен во Валенсија во август 2016 година од Зенит за 24 милиони евра. Оваа сезона тој учествуваше на 15 натпревари во Шпанското првенство и на 5 натпревари во Лигата на шампионите.
Поранешниот тренер на Арсенал, Унаи Емери може да го предводи тимот на Монако, пренесуваат медиумите од Франција. Според овие информации, Монако ја разгледува кандидатурата на шпански специјалист како можна замена за сегашниот тренер, Леонардо Жардим. Досега Монако не преговарал со Емери, но тренерот е една од приоритетните опции заедно со Торал и Лорен Блан. Да потсетиме дека 48-годишниот Емери на крајот на ноември беше отпуштен од функцијата главен тренер на Арсенал по низата незадоволителни резултати. Монако досега има освоено 28 бода, го зазема седмото место на табелата во првенството на Франција. Заостанувањето од позицијата која води во Лигата на шампионите…
