Напаѓачот на Баерн Минхен и полската репрезентација Роберт Левандовски стана најдобар стрелец во 2019 година, објави весникот „Марка“. Според овој извор, од 1 јануари 2019 година до крајот на оваа година Левандовски успеа да постигне 54 гола на 59 натпревари за Баерн и репрезентацијата на Полска. На второто место е напаѓачот на Барселона и репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси , кој успеа да постигне 50 гола на 58 натпревари во календарска година. Најдобрата голгетерска тројка ја затвара, напаѓачот на ПСЖ и француската репрезентација Килијан Мбапе. Тој има постигнато 44 голови што успеа да ги постигне на 49 натпревари. Левандовски се…
Author: riste
Денес во Скопје беше потпишан Меморандумот за автономија и независност меѓу Агенција за млади и спорт, МОК и Национални спортски федерации. Имајќи ја во предвид Препораката 28 од Олимписката Агенда 2020 на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), во насока на зајaканување на соработката меѓу Агенцијата за млади и спорт, Олимпискиот комитет на Македонија и Националните спортски федерации од нашата земја, а особено водени од принципите наведени во Резолуцијата A/RES/69/6 на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите нации со која ООН, ИОК како и Меѓународните спортски федерации, денес беше потпишан Меморандумот за автономија и независност. На потпишувањето на овој меморандум беа пристутни ореставници…
Челзи ќе се обиде да го купи напаѓачот на РБ Лајпциг, Тимо Вернер во текот на јануарскиот преоден рок, објави „Дејли експрес“. Претходно беше објавено дека менаџерот на тимот, Френк Лампард, ќе добие повеќе од 150 милиони евра за зимски трансфери. Скаутите на англискиот клуб веќе го гледаа германскиот напаѓач во натпреварот од 6.коло од Лигата на шампионите меѓу Олимпик Лион и РБ Лајпциг. Ливерпул и Манчестер Јунајтед го следат исто така овој фудбалер. Од Лајпциг се подготвуваат за продажба на Вернер и се заинтересирани за напаѓачот на РБ Салцбург Ерлинг Холанд, чие обештетување е 20 милиони евра според договорот.…
Фудбалската федерација на Македонија вечерва на гала свеченост ги прогласи најдобрите во Мак фудбалот за сезоната 2018/19, а признанието за најдобар фудбалер во ПМФЛ му припадна на поранешниот играч на Шкендија, Висар Муслиу. Елиф Елмас доби признание за најдобар репрезент на мак фудбалот во странство, а најдобар интернационалец е Стефан Ристовски кој настапува во Спортинг Лисабон. ФФМ додели уште многу други награди, еве ги сите наградени за оваа година: НАЈДOБАР РЕПРЕЗЕНТ ВО СТРАНСТВО: Ељиф Елмас НАЈДОБАР ТРЕНЕР: Југослав Тренчовски (Академија Пандев) НАЈДОБАР ИГРАЧ ВО ПМФЛ: Висар Муслиу (Шкендија) НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ ВО ПМФЛ: Влатко Стојановски (Ренова) НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ (ЖЕНИ): Ели Јаковска (СЦ…
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, разговараше со медиумите пред гостувањето во 19-то коло од Премиер лигата против Бурнемаут. Неодамнешниот асистент на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити го сподели она што го очекува од неговите играчи. Средбата ќе се одигра на 26 декември. „Сакам играчите да се чувствуваат одговорни, да излезат на теренот со агресија и страст затоа што тие го претставуваат нивниот клуб. Ова е нај основното нешто што ќе го барам од нив”, рече Микел Артета. Арсенал до овој момент има освоено 23 поени е се наоѓа на 11-то место на табелата во Премиерлигата.
Играчот од средниот ред на Арсенал, Лукас Тореира е близу до трансфер во Наполи, пренесува „Кориере дело Спорт“. Според публикацијата, 23-годишниот Уругваец е главната мета на тимот од Неапол. Дефанзивецот на лондончани, Сеад Колашинац исто така може да биде вклучен во договорот. Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис и тренерот Џенаро Гатузо веќе испланирале стратегија за да ги убедат Британците да го ослободат Лукас Тореира. Оваа сезона Тореира одигра 15 натпревари во Премиер лигата во кои постигна еден гол.
Напаѓачот Патрик Кутроне наскоро може да се врати во Серија А, каде се очекува да го облече дресот на Фиорентина, пишува „Тутоспорт“. Овој фудбалер се пресели од Милан во англискиот Вулверхемптон за 18 милиони евра во текот на летото, но не успеа да се етаблира во стартниот состав на екипата. Спортскиот директор на Фиорентина, Даниеле Праде отпатувал за Англија за да преговара со управата на „Волците“, при што „виолетовите“ вршат притисок да го ангажираат 21-годишниот напаѓач до лето на позајмица со опција за купување. Интерес за потписот на Кутроне покажува уште еден тим од Италија, Торино.
Голманот кој е пред заминување од Шалке 04, Александар Нујбел има договор со Баерн (Минхен) и ќе стане дел од баварскиот гигант со 5-годишен договор од следната сезона, пренесува весникот „Билд“. Претходно денес, клубот од „Фелтинс Арена“ официјално објави дека капитенот одби да го обнови својот договор и ќе замине во текот на летото како слободен играч. Ако информацијата на германскиот таблоид е точна, тогаш Нујбел ќе го следи примерот на Мануел Нојер, кој си замина од Шалке летото 2011 година за да потпише со Баерн. Нојер ќе има 34 години следната пролет, но тој веднаш нема да се откаже…
Африканската фудбалска конфедерација (CAF) го објави список на кандидатите за награда за најдобар играч во Африка. Тројцата кои беа номинирани се напаѓачот на Ливерпул и репрезентацијата на Египет Мохамед Салах , играчот од средниот ред на Манчестер Сити и репрезентацијата на Алжир, Ријад Марез, и напаѓачот на Ливерпул и репрезентацијата на Сенегал, Садио Мане. Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 7 јануари 2020 година во Египет. Да потсетиме дека последните две години наградата ја добиваше Мохамед Салах. Во сезоната 2018/19, Ливерпул ја освои Лигата на шампионите, победувајќи го Тотенхем во финалето со резултат 2:0. Автор на првиот…
Голгетерот на германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен, Роберт Левандовски имал успешна операција на левата препона, соопшти клубот. Операцијата е извршена синоќа во Минхен, веднаш по последниот натпревар од есенскиот дел во Бундеслигата против Волфсбург, кој го добија со 2:0 на „Алијанц арена“. Операцијата беше одложена за паузата во првенството, а Левандовски во последните неколку недели играше под инјекција. Заздравувањето на полскиот напаѓач ќе трае помеѓу 10 и 14 дена, што значи дека ќе му биде на располагање на тренерот Ханзи Флик за првиот натпревар на Баерн во вториот дел од првенството против Херта на 19 јануари. Левандовски има 30 гола…
