Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп им честиташе на своите фудбалери за покажаниот карактер во победата од 1:0 над бразилскиот Фламенго во финалето на Светското клубско првенство. Лидерот на англиското првенство ја освои титулата за прв пат по голот на Роберто Фирмино во 99-та минута. „Ние сме исцрпени затоа што натпреварот беше многу интензивен. Во вакви периоди, тешко ми е да ги пронајдам вистинските зборови за да ја изразам мојата почит кон момчињата. Беше неверојатно. Ние направивме толку многу убави работи на теренот, сите дадоа максимум“, коментираше Клоп, кој стана првиот германски тренер што водел тим до овој трофеј. „Момчињата поминаа…
Author: riste
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед Пол Погба може изненадувачки да се врати во составот на својата екипа на денешното гостување на „црвените ѓаволи“ кај Ватфорд од 15 часот. Францускиот играч од средниот ред нема играно од септември кога заработи повреда на сглобот. Менаџерот на тимот, Оле Гунар Солскјер, се осврна на темата на скоро последната прес-конференција и изрази големи надежи за неговиот кам-бек, што не се случи досега. Последните информации од Англија велат дека Пол Погба отпатувас со екипата на денешното гостување кај Ватфорд, но прашање е дали ќе биде во составот на екипата за оваа средба.
Дефанзивецот на Ајакс, Дејли Блинд, страда од воспаление на срцевиот мускул и морало да му биде вграден дефибрилатор, соопшти клубот. Холандскиот репрезентативец вчера беше подложен на операција, откако мина низ обемните лекарски прегледи, откако се пожали на вртоглавица за време на натпреварот во Лигата на шампионите против Валенсија минатата недела. Клубот објави само дека дефанзивецот ќе го пропушти тренинг-кампот на Ајакс во јануари и ќе го продолжи закрепнувањето во Амстердам.
Капитенот на Барселона, Лионел Меси постигна гол на вчерашниот натпревар од 18-то коло на Шпанскиот шампионат со Алавес на стадионот „Камп Ноу“, во кој Барселона изабележа победа од 4:1. 32-годишниот Аргентинец според постигнатите голови оваа година веќе ја достигна бројката од 50 гола. Лео Меси шести пат по ред и по деветти пат во последните 10 години го има ова достигнување. Претходно, напаѓачот постигна најмалку 50 гола во 2010, 2011, 2012, 2014, 2015, 2016, 2017 и 2018 година. Меси ги брани боите на Барселона во текот на неговата кариера од 2003 година. Оваа сезона тој учествуваше на 13 натпревари од…
Трикратниот олимписки шампион Камил Стох (Полска) победи на натпреварувањето од Светскиот куп во ски-скокови одржано денес на скокалницата во Енгелберг (Швајцарија). Стох собра 288,7 поени откако скокна 138,0 и 136,0 метри за да дојде до својата прва победа во сезоната и 35-та во во кариерата. Втор само со 1,7 поени остана Светскиот шампион во Лахти во 2017 година, Штефан Крафт од Австрија, по 134,5 и 137,5 метри. Германецот Карл Гајгер беше трет со 277,6 поени (133,5 и 135,0). По три последователни подиуми, Крафт го презеде водството во генералниот пласман оваа сезона по 7 од 31 натпревари со 356 поени, оставајќи…
Напаѓачот на Тотенхем, Сон Хјунг-Мин е прогласен за најдобар играч во Јужна Кореја за оваа година. Ова беше објавено на официјалниот твитер профил на Фудбалската федерација на оваа земја. Корејскиот напаѓач ја освои оваа награда по четврти пат. Тој претходно ја добиваше наградата во 2013, 2014 и 2017 година. Претходно оваа година, Сон беше прогласен и за најдобар играч во Азија, кој игра надвор од континентот. Сон Хјунг-Мин се приклучи на Тотенхем во 2015 година од Баер Леверкузен. Сумата на трансферот беше 30 милиони евра. Оваа сезона, 27-годишниот фудбалер учествуваше на 15 натпревари од англискиот национален шампионат, во кои постигна…
Ашраф Хакими , дефанзивец на Дортмунд Борусија, постави рекорд на натпреварот од 16-то коло на германскиот шампионат со РБ Лајпциг (3:3). Во еден момент од мечот, дефанзивецот трчаше со 36,2 км на час. Откако го постигна овој резултат, Хакими стана најбрзиот играч во историјата на Бундеслигата од воведувањето на технологија за мерење на брзината во текот на натпреварот. Оваа сезона, мароканскиот дефанзивец учествуваше на 26 натпревари на Борусија Дортмунд. Ашраф Хакими постигна 6 голови и направи 5 асистенции. Правата на играчот му припаѓаат на Реал Мадрид. Германскиот клуб го зазема четвртото место во германскиот шампионат со 30 бода од 16…
Српскиот стратег Ратко Достаниќ е нов шеф на стручниот штаб на Работнички. Тој денеска постигна договор со раководството на клубот да го преземе тимот до крајот на оваа сезона, со опција соработката да продолжи за уште една дополнителна година. Претседателот Драган Поповски изрази задоволство што Работнички успеа да доведе искусен и квалитетен стручњак за вториот дел од шампионатот на Македонија. „Ратко Достаниќ е врвно тренерско име на поранешните југословенски простори и среќни сме што ќе го имаме во нашите редови. Се надеваме дека неговото непроценливо искуство, тренерскиот квалитет и напорната работа ќе донесат и многу подобри резултати за Работнички во…
Фудбалската репрезентација на Македонија на најново објавената ранг-листа на ФИФА останува на 68-то место, што значи дека оваа календарска година ја завршуваме токму на оваа позиција. Бидејќи немаше многу репрезентативни натпревари, немаше и многу поместувања во однос и на другите селекции. Нашиот иден противник во полуфиналето од Лигата на Нации, Косово во моментов е на 115 позиција на оваа ранг-листа. Исто така на врвот нема никаква промена, годината како прва за јазвршува Белгија пред Франција, Бразил, Англија, Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија која ја затвара првата десетка.
Лидерот на табелата во Премиер лигата и актуелен европски шампион, Ливерпул утринава го потврди трансферот на Такуми Минамино од Ред Бул Салцбург. Јапонскиот фудбалер станува дел од екипата на Ливерпул отккао успешно ги поминал лекарските прегледи во текот на вчерашниот ден. Откако го потпиша својот договор со Ливерул, Минамино го искажа своето задоволство што ќе игра во Англија. „Одењето во Ливерпул беше мојот сон. Јас сум воодушевен што конечно дојде овој момент. Играњето во Премиер лигата беше една од моите цели. Верувам дека ова е најсилното првенство во светот. Мислев дека еден ден ќе можам да одам во Англија, ако…
