Author: riste

Новиот тренер на Наполи, Џенаро Гатузо воопшто не изгледа загрижен што ќе мора да се соочи со Барселона во 1/8 финалето од Лига на шампиони. „Ќе се соочиме со одличен тим, но ќе влеземе во игра без никаков страв. Ова е голем предизвик за нас и очекувам два фантастични дуели“, рече Гатузо, за кого тоа ќе биде негово деби како тренер на Наполи во Лигата на шампионите. Првата средба во Неапол ќе биде на 25 февруари, а реваншот е закажан за 18 март на „Камп Ноу“.

Read More

Денешниот натпревар меѓу Наполи и Парма би можел да биде одложен поради проблем со покривот на стадионот „Сан Паоло“. Во текот на ноќта, силното невреме кое го зафати овој град, предизвикал оштетување на делови од кровната конструкција  на стадионот и се стравува дека тоа може да предизвика предмети од истата да паднат на трибините. Средбата е закажана за денес од 18 часот. Овој натпревар треба да биде деби на новиот тренер на Наполи, Џенаро Гатузо, кој го замени Карло Анчелоти пред само неколку дена.

Read More

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон го искажа своето мислење за идејата за создавање на Европската Супер лига, која ја предложи претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез. „Секако, проектот е ориентиран кон пари, но, секако, нема да биде привлечен за клубовите од првенството на Англија. Премиер лигата е најдобрата национална лига во светскиот фудбал. Не можам да замислам зошто англискиот тим треба да оди во Суперлигата. Многу одлични клубови во историјата би можеле да исчезнат доколку нивните партнери во Премиер Лигата ги зголемат сумите во договорите“, изјави Фергусон за „Дејли Меил“. Флорентино Перез предложи нова верзија за создавање…

Read More

Управата на ПСЖ е подготвена во јануари да го купи напаѓачот Мауро Икарди од Интер за 70 милиони евра, но плановите на парижаните може да ги попречи сопругата и агентот на фудбалерот Ванда Нара, пренесува „Тутоспорт“. Сега Икарди настапува во ПСЖ на позајмица. На 15 натпревари од сите натпреварувања, 26-годишниот Аргентинец постигна 12 гола и даде 2 асистенции. Со оглед на добриот настап на напаѓачот, Нара сака да побара и други понуди што може да дојдат наредното лето. Таа се надева дека нејзиниот сопруг ќе биде интересен за Реал Мадрид и Јувентус. Во ПСЖ, Икарди заработува 10 милиони евра годишно.…

Read More

Вечерва продолжуваат натпреварите на Турнирот во мал фудбал на медиуми 2019, во организација на Спортското радио 90,3 ФМ. Откако вчера беа одиграни натпреварите од 1.коло, вечерва по 19 часот се играат средбите од 2.коло во групите А и Б, а ќе има и неколку ревијални натпревари. Натпреварите се играат во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ во ООУ „Круме Кепески“ во Општина Кисела Вода, а влезот е слободен. Денес на програмата: ТЕРМИН НАТПРЕВАР 19.00 СПОРTСКО РАДИО 90,3 – МРТВ 19.40 КАНАЛ 5 – MТВ 2 20.20 О.У. КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ – О.У. 11 ОКТОМВРИ 21.00 Ревијална  ВИВАКС – ГУЛФ                                                         2 21.40 TВ 24– СИТЕЛ 22.20 AЛСАТ М – АЛФА ТВ

Read More

Италијанскиот тим Наполи покажа интерес за играчот од средниот ред на Арсенал, Лукас Тореира, пренесуваат медиумите во Италија. Италијанците се подготвени да го земат со позајмица или да го купат за 25 милиони евра ако се согласат лондончаните за оваа понуда.Наполи нема да му понуди специфична понуда на играчот сè додека не го разбере неговиот статус на „Емирати“. Ова се очекува да стане јасно посебно по назначување на нов менаџер на Арсенал. 23-годишниот  Тореира има 2 гола на 20 одиграни натпревари оваа сезона. Тој е добро запознаен со Серија А, бидејќи претходно играше за екипата на Сампдорија.

Read More

Раководството на Вест Хем Јунајтед ја разгледува опцијата да го покани Хари Реднап на функцијата главен тренер на тимот, кој во моментов го има Мануел Пелегрини, пренесуваат медиумите на Островот. Сега Вест Хем е на 16-то место во англиската Премиер лига и е еден бод од зоната за испаѓање. Пелегрини може да ја изгуби работата ако не ја поправи ситуацијата во блиска иднина. Последната работа во тренерската кариера на Реднап беше Бирмингем Сити, кој го предводеше во 2017 година. 72-годишниот Англиски тренер беше и на чело на репрезентацијата на Јордан, Квинс Парк Ренџерс, Тотенхем, Портсмаут, Саутемптон, Вест Хем и Бурнемаут.…

Read More

Португалскиот фудбалер во екипата на Вулверхемптон, Диoго Јота стана автор на најбрзиот хет-трик во историјата на Лигата на Европа. Неговите три гола во голот на Бешикташ беа постигнати во рок од 9 минути и 39 секунди. Интересно е што самиот Јота се појави на теренот две минути пред неговиот прв гол. Исто така, во интервалот помеѓу неговиот втор и трет гол, неговиот клуб постигна уште еден гол – стрелец беше Дендокер. Популарните „Волци“се пласираа во плеј-офот на Лигата на Европа, заземајќи го второто место во нивната група каде прва беше Брага, додека третото и четвртото место им припадна на Слован…

Read More

Шпанскиот тим Атлетико Мадрид се приклучи во борбата за бекот на Челзи, Маркос Алонсо. Според медиумите во Шпанија, од Атлетико Мадрид имаат намера да го позајмат 28-годишен фудбалер со право на понатамошно откупување – истата шема беше имплементирана за време на преминот од Челзи во Атлетико на Алваро Мората. Главниот конкурент на Шпанците во борбата за Алонсо е Интер. Тренерот на италијанскиот клуб Антонио Конте , под чие водство Маркос блескаше во Челзи е заинтересиран за овој играч. Под водство на Франк Лампард, Алонсо го загуби местото во почетниот состав. Тековниот договор на Алонсо со Челзи важи до летото 2023…

Read More

Според резултатите во последното коло од групната фаза на Лигата на Европа, познати се сите учесници во 1/16 финалето од ова натпреварување. Напролет, борбата за трофејот ќе ја продолжи: Севиља (Шпанија), Малме (Шведска), Базел (Швајцарија), ЛАСК (Австрија), Селтик (Шкотска), Арсенал (Англија), Порто ( Португалија), Еспањол (Шпанија), Гент (Белгија), Истанбул Башакшехир (Турција), Брага (Португалија), Манчестер Јунајтед (Англија), АПОЕЛ (Кипар), Копенхаген (Данска) ), Хетафе (Шпанија), Спортинг (Португалија), Клуж (Романија), Ајнтрахт (Германија), Ренџерс (Шкотска), Лудогорец (Бугарија), Волфсбург (Германија) ), Рома (Италија), Волверхемптон (Англија), АЗ Алкмар (Холандија), Бриж (Белгија), Олимпијакос (Грција), Шахтјор (Украина), Баер Л.(Германија), РБ Салцбург (Австрија), Интер (Италија), Бенфика (Португалија) и Ајакс…

Read More