Author: riste

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо верува дека никој нема да сака да се соочи со Тотенхем во осминафиналето на Лигата на шампионите. Лондончаните вчера загубија од Баерн по втор пат и завршија на второто место во групата Б, но Португалецот им даде пауза на некои клучни играчи, меѓу кои и Хари Кејн и Деле Али. „Мислам дека тимовите кои завршија први во својата група нема да сакаат да го играат со нас. Ние сме еден од најсилните тимови меѓу второпласираните “, рече Мурињо. Тој додаде дека по интензивниот период околу празниците и времето до крајот на февруари, кога ќе започне…

Read More

Денес започнува 27-то издание на традиционалниот Турнир во мал фудбал на медиуми 2019“ во организација на Спортското радио 90,3 ФМ. Оваа година осум медиуми поделени во две групи ќе одиграат најмалку по три натпревари, а најдобрите две од секоја група ќе се пласираат во ½ финалето. Сепак она што секогаш го одбележува овој турнир е тоа што резултатот не е во преден план, туку дружењето на вработените во медиумите на спортскиот терен. Како организатор, Спортското радио 90,3 ФМ се погрижи да има и многу ревијални натпревари со кој само се збогатува понудата и оваа година. Денешниот прв ден ни носи…

Read More

Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси ги сподели своите очекувања за претстојниот натпревар со Реал Мадрид во Шпанското првенство. „Очекувам многу силен Реал Мадрид. Сега се во добра форма. Ова се специјални натпревари, без оглед на состојбата на тимовите. Сега и Барселона и Реал Мадрид се во добра форма“, изјави Меси з авесникот „Марка“. Одложениот натпревар од 10. коло од шампионатот на Шпанија помеѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се одигра на 18 декември на стадионот „Камп Ноу“. „Ел Класико“ првично беше закажан за 26-ти октомври, но истиот беше презакажан поради протестите што започнаа во Барселона затоа што шпанскиот Врховен суд…

Read More

Крилниот играч на Баерн Минхен, Кингсли Коман доби незгодна повреда за време на натпреварот против Тотенхем (3:1) во Лигата на шампионите. Коман мораше да го напушти теренот принудно кон средината на првото полувреме, а беше заменет со Томас Милер. Претходно, 23-годишниот играч го отвори резултатот во 14 минута во корист на Баварците. Во 25-та минута, Коман сам се повреди во обид да стигне една топка, се пожали на болка во коленото па мораше да излезе со помош на лекарите, бидејќи беше јасно по голема болка и не можеше да зачекори на левата нога. Во овој момент, не е јасно колку…

Read More

Напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус синоќа го запиша своето име во историјата на Лигата на шампионите. Тој постигна хет трик на мечот против Динамо (Загреб) за успехот на неговиот тим од 4:1 на гостувањето во Хрватска. Така, тој стана најмладиот Бразилец кој постигнал 10 голови во ова натпреварување – тој има  22 години и 252 дена. На овој начин, Жесус го подобрил рекордот на Нејмар, кој постигнал 10 гола во ЛШ кога имал 23 години и 75 дена. Натпреварот со Динамо ќе остане запаметен за младиот Бразилец од друга причина. По овој натпревар, тој веќе има 101 гол во…

Read More

Откако беа одиграни последните натпревари од групната фаза во Лигата на шампионите познати се сите учесници во 1/8 финалето на ова натпреварување. Интересено е тоа што сите 16 екипи кои ја минаа групната фаза доаѓаат од петте најсилни национални првенства: Ла Лига, Премиер лига, Бундеслига, Серија А и Лига 1. ПСЖ, Манчестер Сити, Баерн Минхен , Јувентус, Ливерпул, Барселона, РБ Лајпциг и Валенсија се победници на групите, а Реал Мадрид, Тотенхем, Аталанта, Атлетико Мадрид, Наполи, Борусија Дортмунд, Олимпик Лион и Челзи како второпласирани се најдоа во 1/8 финалето. Ова значи дека Англија и Шпанија имаат по четири, а Италија и Германија по три претставници, а за Франција…

Read More

Голманот на Интер Самир Хандановиќ го коментираше испаѓањето на тимот од Лигата на шампионите. Во шестото коло од групната фаза на турнирот, Интер не успеа да ја совлада Барселона, која играше само за престиж (1:2). „Не успеавме да постигнеме гол во второто полувреме, иако имавме шанси. Знаевме дека Барселона е многу опасна на контранапади. Направивме се што можевме. Овој пораз, е многу болен за нас, но сезоната не завршува тука“, изјави Самир Хандановиќ за официјалниот веб-сајт на УЕФА по натпреварот со Барселона. Екипата на Интер останува да настапува во продолжението од сезоната во Лигата на Европа.

Read More

Наполи го доби натпреварот против генк во Лигата на шампионите, но и покрај тоа по мечот му даде отказ на тренерот Карло Анчелоти и тоа само неколку часа откако заврши овој натпревар со кој Наполи се пласираше во 1/8 финалето од Лигата на шампионите. Веста беше официјално објавена од клубот и секако е изненадувачки, иако тензиите меѓу Анчелоти и раководството не беа од вчера. Самиот тренер зборуваше на прес-конференција по натпреварот со Генк, најавувајќи дека нема да поднесе оставка и нема намера да си замине од клубот, најавувајќо дека сака да продолжи да работи, со надеж дека играчите ќе ги…

Read More

Ракометарите на Вардар го одиграа последниот натпревар на домашен терен оваа календарска година и пред својата публика во СЦ „Јане Сандански“ славеа со 28:26 против Татран Прешов. Вардар одигра уште едно лошо прво полувреме и добро второ кое на крај му донесе победа за обезбедување на првата позција во групата. Гостите имаа водство од првата минута па се до 44.минута кога Вардар дојде до водство од 22:21, а претходно на одмор заминаа со предност од 17:13. Во вториот дел на голот на Вардар застана Гедбан кој имаше 8 одбрани и даде придонес во пресвртот на неговата екипа и конечната победа.…

Read More

Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Скот МекТоминеј, еден од најпостојаните играчи на „црвените ѓаволи“ од почетокот на сезоната. Во моментот, младиот играч на Јунајтед добиваат по 30 000 фунти неделно, но клубот планира двојно да ја зголеми неговата плата. Шкотланѓанецот веќе потпиша нов договор во јануари годинава, но неговата одлична игра ќе ги промени условите од договорот во негова корист. Новиот договор ќе биде до 2025 година со опција за дополнителни 12 месеци. Сè ќе биде јасно на почетокот на 2020-та. Година. МекТомонеј досега има 18 натпревари за Манчестер Јунајтед од почетокот на сезоната.

Read More