Легендарниот напаѓач на лондонскиот Арсенал, Тиери Анри го сподели своето мислење за работата на Фреди Љунгберг како главен тренер на „Топџиите“. „Тешко е да се промени нешто брзо. Љунгберг имаше само еден или два тренинга пред натпреварот против Норвич. За таков период, речиси е невозможно да се смени нешто. Во овој натпревар, го видов тоа што го видов претходно. Пјер-Емерик Обамејанг постигна два гола, а ние избегнавме пораз. Јас дури и не знам каде би бил Арсенал без неговите голови. Ќе биде интересно да се види што ќе покаже Арсенал на натпреварот против Брајтон и со кој играчи ќе настапи…
Author: riste
Напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар нема да му помогне на тимот во наредните натпревари поради повреда, пренесува весникот „АС“. Медицинскиот преглед открил дека Белгиецот имал повреда која ја доби на средбата во групната фаза од Лигата на шампионите со ПСЖ (2: 2). Заздравувањето на Еден Азар ќе трае четири до шест недели. Токму поради тоа, тој сигурно нема да игра во шампионатот на Шпанија со Еспањол, Валенсија, Атлетик Билбао и Хетафе, како и со Барселона. Да го пропушти следното „Ел Класико“ големи шанси има и дефанзивецот Марсело. Бразилецот беше надвор од тимот три недели, а во прашање е неговото…
Напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс може да ја продолжи кариерата во Интер, пренесуваат белгиските медиуми. За 32-годишниот Белгиец е лично заинтересиран Антонио Конте, кој сакаше да го привлече ушет пи неговото доаѓање од Челзи, со цел да го има заедно со сонародникот Ромелу Лукаку. Договорот на 32-годишниот напаѓач истекува следното лето, а Наполи изгледа подготвено да не го обнови заради чистката што ја планираат во клубот. Покрај тоа, според медиумите, Мертенс не сака да ја напушти Италија. Конте вели дека Мертенс е наследник на Лаутаро Мартинез, кој е баран од Барселона.
Новиот тренер на Тотенхем, Жозе Мурињо изјави дека клубот нема да го купува играчот од средниот ред на Спортинг, Бруно Фернандеш . 25-годишниот Португалец го привлече вниманието на раководството на Тотенхем во летниот преоден рок, кога се дозна дека играчот од средниот ред Кристијан Ериксен сака да го напушти тимот. „Со сигурност можам да кажам дека нема да го купиме Фернандеш, бидејќи тој е играч на ниво и вредност што не можеме да си ги дозволиме. Тотенхем не е клуб што ќе направи скапи трансфери и ќе купува играчи кои веќе достигнале одредено ниво во кариерата. За нас тоа е…
Повредата на ѕвездата на Торино Андреа Белоти не е толку наивна како што се претпоставуваше. Напаѓачот го пропушти мечот кој го доби неговиот тим против Џенова со 1:0 и се очекуваше да се врати во игра против Фиорентина, но најверојатно нема да му биде повторно достапен на тренерот Валтер Мацари. Повредата на Белоти е во бутот. Во првичните анализи се велеше дека мускулот поминал без да биде оштетен. Италијанскиот репрезентативец ќе продолжи да се опоравува и сè уште не е јасно кога ќе биде подготвен да игра. Капитенот на Торино има 7 голови на 13 натпревари оваа сезона во Серија…
Изминатата вечер беше резервирана за ждрепката со која беа одредени групте за 47-то издание на „Копа Америка“. Заеднички организатори ќе бидат Аргентина и Колумбија, а натпреварите ќе се одиграат во периодот од 12 јуни до 12 јули. Беа извлечени две групи, Јужна и Северна зона, а најдобрите четири репрезентации на крајот ќе обезбедат место во четвртфиналната фаза. ГРУПА А (Јужна зона): Аргентина, Чиле, Австралија, Боливија, Уругвај и Парагвај ГРУПА Б (Северна зона): Бразил, Катар, Перу, Колумбија, Венецуела и Еквадор Титулата на ова издание на „Копа Америка“ ќе ја брани Бразил, кој оваа година на домашен терен успеа да го победи Перу во големото финале и стигна до…
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години на извлекувањето во седиштето на УЕФА во Нион ги доби противниците во групата за пласман во Елитна фаза квалификации за Европско првенство. Нашата селекција се најде во исклучително тешка група заедно со репрезентациите на Германија, Полска и Малта. Квалификацискиот турнир за пласман во Елитната фаза од јвалификациите ќе се одржи во Малта од 7. до 13. октомври 2020. година.
Реал Мадрид го обнови интересот за играчот од средниот ред на Наполи, Фабијан Руиз, информираше весникот „АС“. Според изворот, Реал воспоставил контакти со блиски луѓе на шпанскиот фудбалер и почна да го следи фудбалерот, но не е подготвен да плати 100 милиони евра за еден играч. Сепак, шпанскиот клуб е оптимист во врска со трансферот на играчот од средниот ред, бидејќи фудбалерот не планира да го обнови договорот со Наполи, кој истекува во 2023 година. Италијанците, пак, имаат намера да го зголемат обештетувањето во договорот на Руиз, бидејќи не сакаат да се разделат со 23-годишниот играч од средниот ред, но…
Новајлијата во Серија А, Бреша го отпушти својот тренер Фабио Гросо, по низата лоши резултати и зацврстувањето на дното на табелата. На официјалната веб страна на клубот се наведува и дека поранешниот репрезентативец е заменет со Еугенио Корини, кој претходно беше тренер на Бреша пред Гросо да го преземе тимот и сега се враќа повторно на клупата на оваа екипа. Бреша загуби со 0:3 од соседите Аталанта во саботата и има само 7 бода по 13 одиграни кола. Фабио Гросо, од друга страна, се обиде да ја скроти ѕвездата Марио Балотели, кој сè уште не може да се пронајде себе…
Познати се двојките за натпреварите од 3-то коло на ФА купот на Англија, а за нас нај интересен ќе биде дуелот на единствениот македонски фудбалер на Островот, Езџан Алијоски кој со својот тим Лидс Јунајтед ќе дебитира во овогодинешното издание на ФА Купот против Арсенал и тоа на „Емирати“. Ливерпул и Евертон ќе се соочат во градско дерби на „Енфилд“, додека Манчестер Јунајтед можеби доби најтежок противник и како и минатата сезона ќе му гостува на Вулверхемптон. Натпевари за трето коло на ФА Куп: Манчестер Сити – Порт Вејл Мидлзброу – Тотенхем Арсенал – Лидс Јунајтед Ливерпул – Евертон Вулверхемптон…
