Луис Хамилтон кој ја освои шампионската тиула во Ф1 шампионатот продолжува со одличните настапи оваа сезона, која е пред самиот крај. Возачот на Мерцедес денес стигна до уште една нова пол-позиција, откако во квалификациите за ГН на Обединетите Арапски Емирати во Абу Даби имаше најдобро време. Хамилтон беше најбрз во квалификациите со време од 1:34:828, , а неговиот клупски колега Валтери Ботас, иако имаше второ најдобар настап нема да стартува од таа позиција, затоа што поради промената на моторот е казнет и ќе го има последно стартно место. Така, до Хамилтон ќе биде Макс Верстапен, додека од вториот ред ќе стартуваат…
Author: riste
Ракометарите на Еурофарм Работник денес го играат последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите против Бидасоа Ирун од Шпанија. Македонскиот преставник во ЛШ направи променат на тренерската позиција по завршувањето на соработката со Стевче Алушовски, но денес ќе се обидат да стигнат до третата победа оваа сезона. Во одбраната за денешната средба се враќа Милорад Кукоски, кој се враќа во конкуренција по еден месец пауза. На голманската позиција шанса ќе добие Градимир Чаневски заедно со Никола Митревски, а во составот не се најде Филип Чурлевски. Еурофарм Работник оваа сезона загуби неколку меча во драматичен финиш и со еден погодок разлика,…
Италијанскиот шампион Јувентус може да ги засили своите редови на крајот од сезоната, без да троши пари. Според „Калчомеркато“, редовите на „Бјанконерите“ може да ги засилат играчите од Челзи Вилијан и Педро Родригез. Договорите на овие фудбалери со сините истекуваат следното лето, а фудбалерите сè уште не се согласиле да ги продолжат договорите. Ако ситуацијата не се промени, тогаш Бразилецот и Шпанецот ќе можат да потпишат прелиминарни договори со италијанскиот Јувентус во јануари 2020 година. Оваа сезона, 31-годишниот Вилијан има два гола и три асистенции на 12 натпревари во англиската Премиер лига. 32-годишниот Педро Родригез учествуваше на три натпревари, но…
Поранешниот менаџер на Арсенал, Унаи Емери, со писмо се прости од играчите и навивачите на клубот, а истото беше објавено на веб-страницата на клубот. „Ми беше чест да бидам тренер на Арсенал. Им се заблагодарувам на сите навивачи што ми помогнаа да го разберам величеството на овој клуб. Сите вие кои не поддржувате во целиот свет кои доаѓаат на нашиот стадион и кои чекате на дожд и ладно да ве поздравам после натпреварите.Сакам да ви кажам дека работев со страст, посветеност и трудољубливост. Ќе бев многу задоволен ако можевме да постигнеме подобри резултати за нас. Исто така, би сакал да…
Поранешниот тренер на Валенсија Марселињо е опција за менаџер на Арсенал, според медиумите во Шпанија. Одредени информациите велат дека претставниците на лондонскиот клуб веќе започнале преговори со 54-годишниот Шпанец. Марселињо беше отпуштен од Валенсија во септември 2019 година, поради скандалот со претседателот на клубот. Под негово водство, оваа екипа го освои Купот на Шпанија 2018/19 година. Откако денес беше отпуштен Унаи Емери, се појавија голем број шпекулации за неговиот заменик, при што раководството на „топџиите“ се обидува да ја пронајде најдобрата опција. Арсенал не победи на последните седум натпревари, а вчера доживеа пораз на домашен терен од Ајнтрахт Франкфурт во…
Борусија Менхенгладбах го обнови договорот на Јан Зомер до летото 2023 година. Веста беше официјално објавена денес. Швајцарскиот репрезентативец игра за тимот од Менхенгладбах од 2014 година, а кариерата ја започна во Базел. „Тој совршено ни одговара во нашиот стил и е еден од најдобрите голмани во Европа. Тој е врвен голман и одлично се вклопува во составот“, рече спортскиот директор на германскиот клуб Макс Еберл. Зомер пристигна на „Борусија Парк“ за да го замени Марк-Андре Тер Штеген, кој се пресели во Барселона пред пет години. „Тој е важен лик за нашиот тим, јас сум среќен за неговата одлука”, рече…
Голманот Серхио Рико, кој игра со позајмица во Париз Сен Жермен од Севиља, може да остане трајно во клубот, пренесува „Ел Мундо Депортиво“. Парижаните сакаат да го привлечат голманот, но сметаат дека е премногу висока цената од 10 милиони евра за 26-годишниот Шпанец. Рико настапи за ПСЖ на мечот од Францускиот шампионат против Брест (2:1). Договорот на голманот со Севиља истекува во летото 2021 година.
Шпанскиот гигант Реал Мадрид го продолжи договорот со играчот од средниот ред Федерико Валверде, пренесува „Марка“. Според истата информација, новиот договор со 21-годишниот уругвајски фудбалер е со период на важност до летото 2025 година. Износот на обештетување е ставен на импресивни 750 милиони евра. Забележано е дека преговорите меѓу двете страни биле брзи, а клубот е уверен дека Федерико Валверде ќе биде идна звезда на клубот. Валверде се пресели во Реал од Пењарол во летото 2016 година и за прв пат играше за вториот тим на Реал Мадрид, а исто така ја помина сезоната на позајмица во Депортиво. Во летото…
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан ќе го пропушти саботното гостување кај Алавес од 15-то коло на шпанскиот шампион, пренесува весникот „Марка“. Варан е повреден по ремито 2:2 против ПСЖ во Лигата на шампионите во вторникот вечерта на „Сантијаго Бернабеу“ и ќе добие неколку денови за одмор. Повредата на францускиот дефанзивец не е сериозна и се очекува тој да биде подготвен да го продолжи нормалниот тренинг на почетокот на следната недела. Варан учествуваше на 16 од 18 натпревари на Реал Мадрид оваа сезона во сите натпреварувања. За време на средбата, повреда заработи и Еден Азар, кој ќе закрепнува околу 10…
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, подготви нова понуда што ќе ја испрати во Манчестер Јунајтед за Пол Погба. Според медиумите во Шпанија, првиот човек на Реал ќе се обиде да го земе Французинот во јануари. За таа цел, Перез ќе им понуди на „црвените ѓаволи“ 85 милиони евра плус двајца играчи. Играчите кои треба да бидат вклучени во овој пакет се Хамес Родригез и Маријано Дијаз. Истиот извор тврди дека менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер ги сака двајцата играчи кои Перез е подготвен да му ги понуди. Прашање е дали клупското раководство на Англичаните ќе се согласи…
