Author: riste

Денес беа одиграни натпреварите од 16.коло во ПМФЛ, а имаше и неколку резултати кои слободно моеж да кажеме дека беа изненадување, посебно по фактот што фаворите први постигнаа гол. Вардар одигра нерешено во Кратово со Силекс 2:2, и испушти шанса да ја слави есенската титула уште денес. Вардар водеше до 86 минута кога прими гол со играч помалку. Шкупи успеа да направи целосен пресврт и да ја совлада екипата на Академија Пандев со 3:1 и да му направи услуга на Вардар, но и на Шкендија која исто така беше поразена на гостувањето кај Струга и покрај водството кое го имаше,…

Read More

Она што вчера беше најавено во медиумите во Словенија денес е потврдено. Веселин Вујовиќ, повеќе не е селектор на ракометната репрезентација на Словенија. Ракометната федерација на Словенија соработуваше со црногорскиот тренер од 2015 година, но претседателот Фрањо Бобинац соопшти дека е време за ново име на клупата и за освежување во стручниот штаб. „По четири години, ракометната репрезентација на Словенија ќе добие нов селектор. И покрај добрите резултати, сметаме дека е време за нова енергија. Затоа донесовме одлука да ја прекинеме соработката со досегашниот селектор Веселин Вујовиќ. Наскоро ќе назначиме ново име“, изјави Бобинац. Како потсетување, под водство на Вујовиќ,…

Read More

Тренерот на Црвена звезда, Владан Милојевиќ, беше разочаран откако неговата екипа доживеа пораз со 0:6 од Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Милојевиќ даде коментар за самиот натпревар и за тоа колку е далеку неговата екипа од елитните клубови во ЛШ. „Дали има разочарување – Да, дали е ова нашиот најголем пораз во Европа – Да. Не им реков ништо на играчите по натпреварот. Но, она што им го кажав пред мечот и на паузата беше воопшто да немаме страв. Баерн покажа огромна моќ. но овој страв не ми е јасен. Она што навистина ми пречи е што овој страв…

Read More

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски постигна 4 гола против Црвена Звезда во Белград при победата од 6:0. По 4 постигнати голови против Црвена Звезда, 31-годишниот полски напаѓач дојде до бројот од 46 постигнати голови во Лигата на шампионите. Благодарение на ова, Полјакот го надмина неговиот клупски колега Томас Милер , кој постигна 43 гола во дресот на својата екипа во ова натпреварување. Левандовски е 5-ти играч кој постигна 46 голови во ЛШ. Повеќе од него имаат само Кристијано Роналдо (127), Лионел Меси (113), Раул (71) и Карим Бензема (63). Оваа сезона, за Баерн Минхен, Левандовски, имајќи ги предвид сите…

Read More

Освојувачот на титулата во Лигата на шампионите, Ливерпул е екипа со најмногу номинирани играчи за „Идеалниот тим на УЕФА“. Европската куќа на фудбалот го објави список со 50 играчи од кои треба да изберете најдобрите. 10 од нив се од составот на Јирген Клоп. На второ место со 7 номинирани е Манчестер Сити, Ајакс има 6, а Барселона 5 номинирани играчи. Финалисти во еврокуповите Тотенхем и Челзи имаат по 4 кандидати. Секој може да биде избран во идеалниот состав. Најдобрите 11 ќе бидат утврдени врз основа на гласовите на навивачите.Наградените ќе бидат официјално објавени следниот понеделник (2 декември) на церемонијата…

Read More

Од раководството на Манчестер Сити ги имале првите разговори со Рахим Стерлинг за нов договор со играчот. Потенцијалниот договор би можел да го направи англискиот репрезентативец најскап фудбалер во историјата на клубот. Вчера, претставници на „граѓаните“ се сретнаа со агентите на Стирлинг. Двете страни зборуваа помалку од еден час и не најдоа многу заеднички моменти во нивните барања. Фудбалерот во моментов добива 275.000 фунти неделно, а неговата нова плата би можела да надмине 350.000 фунти. Клубот е уверен во врска со иднината на фудбалерот, откако потпиша петгодишен договор со поранешниот крилен напаѓач на Ливерпул минатата година во ноември. Формата на…

Read More

Раководството на Арсенал стравува дека sвездите на клубот Александар Лаказет и Пјер-Емерик Обамејанг ќе ги разгледаат опциите за напуштање на тимот доколку Унаи Емери остане главен тренер следната сезона, објави„Дејли мејл“. Некои играчи на лондонскиот клуб имаат сериозни сомнежи во врска со методите на Емери. Многумина веруваат дека тој е премногу конзервативен во неговиот пристап кон игри и стравуваат дека неговата филозофија ќе ги чини многу, а тоа е губење на шансата да влезат во Лигата на шампионите следната сезона. Напаѓачите Александар Лаказет и Пјер-Емерик Обамејанг не брзаат да потпишат нови договори, затоа што не ги гледаат шансите на клубот…

Read More

Аргентинскиот напаѓач на Барселона, Лионел Меси во 5. коло од групната фаза во Лигата на шампионите на мечот со Борусија  Дортмунд може да го одигра својот 700-ти натпревар за каталонскиот клуб, пренесува весникот „Спорт“. Доколку с еслучи ова, а би требало тој ќе биде вториот играч во историјата на клубот, кој го достигна овој број. Повеќе натпревари за Барселона одигра само Чави Ернандез, поранешниот играч од средниот ред на тимот, кој излезе на теренот во дресот на Барселона 767 пати. Меси кој има 32 години е најдобар стрелец во клупската историја. На 699 ​​натпревари за клубот, тој е автор на…

Read More

Тренерот на Шахтјор Донецк, Луис Кастро ги сподели своите очекувања од натпреварот од 5.коло од групната фаза во Лигата на шампионите со Манчестер Сити. „Не чека многу тежок натпревар. Важно е да може да сметам на апсолутно сите играчи кои сега се на располагање. Тајсон не пристигна поради повреда, но не треба да размислуваме за оние кои останаа во Киев, туку за оние кои се со нас и се подготвени да учествуваат во натпреварот. До денес, тимот секогаш играше на ист начин, а поради недостаток на тројца играчи – Тајсон, Марлос и Дентињо – нема да ја промениме тактиката. Многу…

Read More

Ракометниот клуб Еурофарм Работник кој е наш претставник во Лигата на шампионите и СЕХА-лигата, ја прекина соработката со досегашниот тренер Стевче Алушовски. Оваа вест вечерва е соопштена од страна на клубот, а во истата се вели дека договорот е спогодбено раскинат. На вечерашниот состанок заеднички е констатирано дека во интерес на клубот и понатамошните настапи на екипата во Лигата на шампионите и СЕХА лигата најдобро е да дојде до прекин на соработката. Од управата на РК Еурофарм Работник му се заблагодаруваат на досегашниот предводник и му посакаа многу здравје и понатамошни спортски успеси. За екипата ан Еурофарм Работник останува да одигра…

Read More