Португалскиот напаѓач во редовите на Јувентус, Кристијано Роналдо имаше целосна тренинг сесија, објави на својата официјалната веб-страница италијанскиот клуб. Претходно, напаѓачот го пропушти натпреварот од 13. коло од италијанскиот шампионат во Бергамо против Аталанта (3:1) поради болки во коленото. Дефанзивецот Алекс Сандро и играчот од средниот ред Адриен Рабиот тренираат индивидуално. После натпреварот со Аталанта, во составот на Јувентус се враќаат и дефанзивецот Матијас Де Лихт, кој има повреда на рамото, напаѓачот Федерико Бернардески (градите) и напаѓачот Даглас Коста (бутот). Следниот натпревар Јувентус ќе го игра на 26 ноември против Атлетико Мадрид во 5. коло од групната фаза во Лигата…
Author: riste
Супер ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо нема да учествува во утрешниот натпревар против Аталанта. Ова го потврди тренерот на тимот Маурицио Сари. „Не треба да објаснам за реакциите на Роналдо по неговата замена на претходниот натпревар. На одредени места, на играчите мора да им се овозможи да се опорават и да се одморат. Проблемот е што во вторникот тој ни рече дека сè уште не се чувствува добро. Кога се врати, тој ни рече дека се чувствува подобро по својот прв натпревар за Португалија, но во вториот повторно чувствува болка. Затоа е 99% сигурно дека тој нема да биде подготвен…
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски по денешната ждребка по која се знае дека Македонија нема да биде евентуален домаќин на финалето во Лигата на нации кратко даде свој коментар. „Ждрепката не беше на наша страна, финалето ќе се игра во Грузија или Белорусија, но за да се пласираме таму мора да мислиме на првиот натпревар. За нас најважен е тој натпревар со Косово каде што треба да бидеме максимално подготвени. Што се однесува до финалето, мислам дека е помалку важно каде се игра бидејќи мотивите се огромни. Или, ако немавме среќа на извлекувањето, очекувам да имаме среќа на…
Напаѓачот на Париз Сен Жермен, Килијан Мбапе може да го продолжи договорот со клубот, според добро упатените извори блиски до клубот и играчот. Клубот од Париз сака да потпише петгодишен договор со 20-годишниот Французин со плата од 30 милиони евра по сезона плус бонуси. Реал Мадрид има силен интерес за младиот талент, но претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи нема намера да го продаде играчот. Оваа сезона Мбапе има 11 настапи во сите натпреварувања, а на нив успеа да постигне 9 гола и 3 асистенции.
НБА екипата на Портланд го раскинаа договорот со шпанската легенда Пау Гасол со екипата. 39-годишниот Шпанец продолжува да се опоравува од повредата на левата нога. Во март оваа година тој потпиша договор со Милвоки Бакс, откако договори со Сан Антонио Спарс да ги напушти нивните редови пред крајот на сзоната. Сепак, Гасол одигра само три натпревари за Милвоки поради повредата која ја заработи. На 25 јули се договори со Портланд и потпиша договор со оваа екипа, но денес и тој договор е раскинат. Гасол размислува за тренерска работа и може да остане во Портланд, секако ен како играч туку како…
Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг нема намера да го обнови договорот со клубот, а тоа е порадии интересот на Барселона. Напаѓачот од Габон, не потпишал нов договор со Арсенал, бидејќи чека понуда од Барселона. Напаѓачот знае за интересот на каталонскиот клуб и ќе донесе одлука дури откако ќе открие колку се сериозни намерите на Шпанците. Сегашниот договор на Обамејанг важи до летото 2021 година. Арсенал ги започна преговорите за продолжување на договорот на напаѓачот на почетокот на сезоната. Но, проблемот беше во тоа што Обамејанг реши да ја види понудата од други клубови па затоа реши да не го обновува…
Рускиот фудбалер од турскиот тим Анкарагучу Заур Садаев не се вратил во својот клуб по паузата за натпреварите во националниот тим. Ова го изјави тренерот на тимот Мустафа Каплан . „Не можеме да контактираме со него. Поминаа седум дена. Тој ќе мора да објасни пред клубот и фановите зошто не е во клубот“, изјави Каплан. Садаев стана играч на Анкарагучу во февруари 2019 година. Претходно, 30-годишниот напаѓач играше за Ахмат Грозни, полските Лех Позњан и Легија, како и за израелскиот Беитар. Оваа сезона Заур Садаев учествуваше на 5 натпревари за Анкарагучу во сите натпреварувања. Неговиот договор со клубот важи до…
Жозе Мурињо, кој од вчера е нов менаџер на Тотенхем изјави дека е задоволен од играчкиот кадар кој го има во екипата, но изминатите факти говорат дека најверојатно нема да биде задоволен од неговиот потенцијал и најверојатно ќе изврши притисок за нови засилувања, но прашање е дали тоа ќе биде во јануари. Мурињо е тренер чии клубови потрошија најмногу пари за трансфери во целата историја на фудбалот. Според „ЕСПН“ и направената пресметка, се работи за сума од 1,6 милијарди евра, платена за вкупно 97 играчи. Втори на оваа ранг-листа се Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола. Двајцата добија средства во вредност…
Новиот менаџер на Тотенхем, Жозе Мурињо нема да добие пари за зимскиот преоден рок, објави весникот „Гардијан“. Според изворот, раководството го известило португалскиот тренер дека ќе мора да работи со постојниот тим, бидејќи во јануари клубот не би имал средства за засилувања. Жозе, кој потпиша 3-годишен договор со клубот, ја прифатил оваа информација и во првото интервју рече дека е задоволен од сегашниот состав и исто така ќе им даде шанса на играчите на академијата. Покрај тоа, беше објавено дека за време на преговорите, Мурињо му рекол на претседателот на клубот, Даниел Леви, дека Хари Кејн не треба да се…
Поранешниот напаѓач на Барселона и шпанска репрезентација Давид Виља верува дека Хари Кејн е најдобриот напаѓач во светот во моментот. Голгетерот на Тотенхем има 32 гола на 45 настапи во составот на Англија од своето деби во 2015 година. 26-годишниот Кејн постигна хет-трик за репрезентацијата на Англија во победата од 7:0 против Црна Гора на „Вембли“ во квалификациите за Евро 2020. „Тој е најдобриот напаѓач или најдобрата деветка во светот во моментов. Тој сé што прави е одлично. Кејн е еден од кандидатите за наградата „Златна копачка“ и мислам дека може да ја освои“, рече Виља. Шпанецот не смета дека…
