Author: riste

Голманот на Милан и италијанската репрезентација Џанлуиџи Донарума ја посети и прошета низ поплавената Венеција во друштво на претседателот на Фудбалската федерација на Италија Габриеле Гравина и менаџер на репрезентацијата Џанлука Вијали. По квалификацискиот натпревар за Европското првенство во 2020 година против Босна и Херцеговина, и победата од 3:0, репрезентацијата на Италија замина во Венеција за да ги поддржи локалните жители и да привлече внимание за најтешката поплава во последните 50 години. Италијанската делегација облечена во гумени чизми прошета низ плоштадот Сан Марко, каде се сретна со жителите на градот. Да потсетиме дека италијанскиот тим пред одигрувањето на последната средба…

Read More

Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо може да ја продолжи кариерата во првенството на Франција, пренесува весникот „Мирор“. Според изворот, Париз Сен Жермен е заинтересиран за услугите на 19-годишниот англиски фудбалер. Парижаните го гледаат Санчо како потенцијална замена за бразилскиот напаѓач Нејмар, кој изрази желба да се врати во Барселона. Покрај францускиот клуб, екипи како Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Барселона се решени да го ангажираат Џејдон Санчо. Претходно беше објавено дека играчот од средниот ред сака да го напушти Борусија Дортмунд. Во тековната сезона, Санчо учествуваше на 8 натпревари од германскиот шампионат. 19-годишниот англиски фудбалер…

Read More

Тренерот на италијанската младинска екипа остана без својата работа бидејќи екипата што ја водеше го совлада својот противник со 27:0. Според раководството на клубот, ова било манифестација на непочитување на противникот и лош пример за воспитување на децата. Се работи за клубот Инвиктазауро од градот Гросето, кој преставува фудбалско училиште за деца во соработка со Фиорентина. Една од младинските екипи ги совлада своите врсници од Марина Калчо со 27:0. Сепак, ова не им се допадна во клупското раководство. „Бевме шокирани и разочарани кога слушнавме дека нашата јуниорска екипа го совладала ривалот со 27:0“, рече претседателот Паоло Брогели. „Нашите училишни вредности…

Read More

Дефанзивецот на нашата репрезентација Дарко Велковски го одигра целиот меч против Австрија. Токму одбраната беше на удар на противникот кој во првото пполувреме напаѓаше со сите сили за да дојде до предност. „Добро се покажавме со оглед на тоа дека никој не очекуваше да изненадиме. Во првото полувреме повеќе игравме на нашата половина, немавме опасни напади за разлика од вториот дел во кој направивме некоја шанса и мислам дека многу похрабро влеговме. Иако ова беше една подмладена репрезентација одигравме солидно и имавме добри моменти. Првиот гол го примивме по наша грешка. Не очекувавме таков пас од Лајнер, а вториот гол…

Read More

Стрелец на единствениот гол за Македонија во Виена против Австрија беше Влатко Стојановски кој дебитираша во дресот на нашата репрезентација. Стојановски најавува дека ова е само почеток на головите во националниот дрес. „За секој играч е чест кога игра во македонскиот дрес. Мислам дека тоа е едно огромно чувство на среќа за секој фудбалер. Работата на секој напаѓач е да ја користи секоја шанса, но дали ќе се случи, не зависи од мене. Среќен сум поради голот, но можев да дадам уште еден. Сега не очекува мечот против Израел. Не зависи од мене дали ќе настапам, тоа е одлука на…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација денес се враќа во Скопје каде ќе треба да ги направи последните подготовки за средбата со Израел која се игра во вторник. По вчерашниот пораз од Австрија , селекторот Игор Ангеловски на прес-конференцијата започна со анализа на натпреварот и дебитантскиот погодок на Влатко Стојановски. „Одигравме квалитетен натпревар. Австрија доминираше во првиот дел, а ние дозволивме да примиме погодок кој во никој случај не смеевме да го примиме на тој начин. Во вториот дел се ослободивме од притисокот, бевме подобри од противникот, а потоа направивме две-три шанси за гол, но за жал не ги искористивме. Што се однесува до…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација е поразена на гостувањето проти Австрија со 2:1, во натпревар кој го започнавме лошо, а го завршивме онака како што требаше да играме во поголем дел од натпреварот. Селекцијата на Австрија дојде до водство со голот на Алаба во 7.минута откако доби топка во празно и се извлече од офсајд стапица, по што го помина голманот Димитриевски и донесе водство на Австрија од 1:0. На самиот старт на натпреварот дополнителен проблем за Македонија беше повредата на Александар Трајковски кој мораше да ја напушти играта и на него влезе уште еден дебитант, Влатко Стојановски. До крајот на првиот…

Read More

Европскиот и македонски ракометен шампион Вардар е повторно поразен на натпревар од Лигата на шампионите на гостински терен против Киелце и тоа убедливо со 35:25. Вардар во Полска отпатува со многу проблеми, посебно во бековската позиција, каде го немаа Даинис Кристопанс, додека Кристијан Дисингер беше даелу од можноста да даде максимум. Киелце не дозволи изненадување и во текот на целиот натпревар имаше предност која на одмор изнесуваше +3, односно 17:14. Во вториот дел домашната екипа само ја надградуваше предноста која во 50 минута беше 28:21, за да имаат и +11 на една минута до крај. Сепак Вардар успеа да постигне уште еден…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација претпладнево замина за Виена, Австрија каде утревечер ја очекува претпоследниот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 година. Нашите репрезентативци ќе се обидат со добра игра да и се реваншираат на Австрија за домашниот пораз од 1:4 и со тоа да покажат дека тоа било само еден лош ден. Последните два натпревари од овие квалификации треба да бидат еден вид подготовка за мартовскиот бараж во Лигата на нации против Косово. Според планот селекторот на нашата репрезентација Игор Ангеловски најнапред во 18 часот ќе ја има официјалната прес-конференција, а потоа репрезентативците ќе го одработат и официјалниот тренинг на стадионот…

Read More

Репрезентацијата на Чешка успеа да направи пресврт на мечот со Косово и да победи со 2:1. Тоа беше резултатот кој и носеше пласман на селекцијата на Чешка на ЕП 2020 година. Херој на домашната репрезентација синоќа во Плзен беше Дефанзивецот на Спартак Москва, Алекс Крал кој успеа да постигне гол за израмнување, а потоа и да асистира за победа на дуелот со Косово. По завршувањето на оваа средба тој на „Инстаграм“ сподели фотографија од соблекувалната на чешката репрезентација, која си обезбеди пласмна на Европското првенство во 2020 година. „Одиме на Евро 2020“, напиша Крал на својот „Инстаграм“ објавувајќи ја фотографијата…

Read More