Author: riste

Наполи ризикува да го загуби дефанзивецот, Калиду Кулибали по наглото паѓање на формата и состојбата во клубот. Сенегалецот беше на списокот на желби кај Манчестер Јунајтед, англискиот клуб подготвуваше рекордна понуда од 100 милиони евра пред да го донесе Хари Мегуаер. Оваа сезона Наполи не ја покажува најдобрата игра, екипата има недоразбирање со навивачите и раководството, па некои играчи морале да ангажираат телохранители за да се заштитат себе си и своите семејства. Според одредени информации, Наполи може да биде под притисок да му дозволи на Кулибали да замине за многу помала сума од 70 милиони евра. Ова е значително помалку…

Read More

Манчестер Сити ќе избегне строга казна за кршење на правилата на финансискиот фер-плеј. Извештај за работата на „граѓаните“ ќе биде објавен во декември, пренесуваат медиумите во Англија. Според истата информација, фудбалскиот клуб ќе биде казнет само со парична казна, и покрај тоа што се соочуваа со суспензија од учеството во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Потсетување дека во 2018 година беа откриени бројни документи кои укажуваат на финансиската измама на Манчестер Сити. УЕФА веднаш започна истрага за манипилирањето. Манчестер Сити е актуелен шампион во Премиер Лигата. Оваа сезона се борат за да ја одранат титулата, а во Лигата…

Read More

Играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ, следното лето може да биде дел од Атлетико од Мадрид, објавија медиумите во Шпанија. Атлетико очекува да даде добра понуда за играчот на кого му истекува договорот со Барселона за една година. Според анализите договорот може да достигне 40 милиони евра. Во тековната сезона, 31-годишниот Ракитиќ одигра само еден натпревар како стартер во каталонскиот клуб во „Ла Лига“. Вкупно, тој има 16 натпревари, во кои постигна еден гол и една асистенција. Минатото лето Иван ракитиќ беше близу до преселба во Париз Сен Жермен, но тој одби да стане дел од договорот со…

Read More

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт не го криеше задоволството по победата на „Вембли“ со 7:0 против Црна Гора. Тоа беше успехот што го запечати пласманот на Евро 2020. „Игравме комбинирано, добро се движевме и едноставно ги завршивме ситуациите што ги создадовме. Во минатото, имавме проблеми против екипи кои беа аутсајдери и делуваат многу дефанзивно. Но, сега имаме играчи способни да се прилагодат и справат со секоја одбрана. Победивме во нашата група без многу проблеми“, рече Саутгејт. „Секако, има работи што треба да ги подобриме. Играта без топка е меѓу нив. Важно е дека работиме и се стремиме да се развиваме…

Read More

Откако постигна три гола против репрезентацијата на Литванија во натпревар од 9-то коло од квалификациите за Европското првенство во 2020 година, португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо го постигна својот 55-ти хет-трик во кариерата. Најдобра во овој поглед за 34-годишниот напаѓач беше 2011 година, кога на 9 натпревари постигна три гола. Оваа година тој направи 4 хет-трикови. Во репрезентацијата на Португалија, Роналдо дојде до 98 постигнати голови. Вкупно, Роналдо во моментов има 705 голови во својата кариера. Настапувајќи за Спортинг Лисабон, тој постигна 5 гола. Како дел од Манчестер Јунајтед, Португалецот имаше 118 голови, а во дресот на Реал Мадрид, реализираше дури…

Read More

Ракометниот шампион на Европа и Македонија се наоѓа пред голем и тежок предизвик во Лигата на шампионите и гостува кај полскиот тим Кјелце, а повторно тимот ќе има проблем во бековската линија затоа што е некомплетен на ова патување. Вардар денес отпатува за Полска, а со тимот не отпатува Даинис Кристопанс, кој се здоби со повреда на дуелот против Војводина во СЕХА-лигата и го преседе на клупа мечот во Скопје против Кјелце. Тој исто така не беше во составот на својата екипа на вчерашниот натпревар против Мотор од СЕХА лигата. Сеуште е голема енигма ситуацијата со Кристијан Дисингер, кој се повреди на…

Read More

Играчот од средниот ред на Валенсија, Жoфри Кондогбија ќе биде надвор од теренот 3-4 недели, јавуваат шпанските медиуми. Играчот од средниот ред ќе го пропушти многу важниот дуел со Челзи во Лигата на шампионите поради прекин на мускулните влакна. Во оваа групат валенсија, Челзи и Ајакс имаат седум бода и се во битката за првите две места. Франсис Коклен исто така има проблеми со мускулите и е неизвесен за дуелот со тимот од Лондон.

Read More

Шпанската национална телевизија (РТЕ) објави дека нема да даде понуда за купување на ТВ правата за „Супер купот“ на оваа земја, што ќе се одржи во Саудиска Арабија во јануари. Телевизиските претставници рекоа дека причината за нивната одлука е само една – злоупотреба на човековите права во арапската земја. Пред неколку дена, шпанската фудбалска федерација објави дека постигнале договор за „Супер купот“ да се игра во Саудиска Арабија и тоа за следните три години. Покрај тоа, не само шампионот и победник на Купот на Шпанија, туку четири екипи ќе се борат за тоа. Оваа сезона тоа се Барселона, Реал Мадрид,…

Read More

Легендарниот напаѓач на Арсенал, Тиери Анри го презеде канадскиот Монтреал Импакт, официјално објавија од клубот кој се натпреварува во МЛС лигата. Францускиот тренер ќе има договор за 2+1 година. Ова е втор клуб во тренерската кариера на Тиери Анри. Од 2016 до 2018 година беше асистент во репрезентацијата на Белгија, по што минатата сезона го презеде Монако, каде престојуваше помалку од четири месеци. Поранешниот голгетер има искуство во МЛС лигата, каде веќе четири години играше за екипата на Њујорк Ред Булс. Во изминатата сезона, Монтреал Импакт остана на 9-то место од 12-те екипи на Источна конференција и не успеа да…

Read More

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ го коментираше неговиот можен трансфер во италијанскиот шампионат. Во текот на изминатото лето имаше многу гласини дека хрватскиот репрезентативец може да го напушти Реал Мадрид и да замине во еден од клубовите во италијанскиот шампионат, поточно во Интер. „Ми се допаѓа Италија, географски е блиску до Хрватска. Го гледам ова првенство затоа што многу мои сограѓани играат таму. Италијанците исто така имаат сличен менталитет како Хрватите. Ајде да видиме дали можам еден ден да завршам во шампионатот во Италија. Сега можам да зборувам само за Реал Мадрид, затоа што сум играч…

Read More