Македонската млада селекција до 21 година утре во Алкоркон против Шпанија го игра натпреварот од 4. коло во квалификациите за Европското првенство 2021. Еден од нашите најдобри фудбалери, Давор Здравковски смета дека со мотивирана игра може да се спротистават на фаворитот Шпанија. „Утре нѐ очекува натпревар против една од најдобрите европски репрезентации. Шпанија е топ фаворит во групата, но и силен мотив за нас. Очекувајте мотивирана Македонија со цел квалитетно да им се спротивставиме на домашните фудбалери. Овие квалификации ги започнавме со добри резултати и ќе направиме сѐ за да го продолжиме тој пат. Ветуваме голема борба и максимална ангажираност од…
Author: riste
Најдобрата Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за претстојните два натпревари против Австрија (16. ноември, „Ернст Хапел“, Виена) и Израел (19. ноември, Национална арена „Тодор Проески“). Нашиот најдобар национален тим денеска тренираше на тренинг центарот „Петар Милошевски“, а репрезентативните напаѓачи, Крсте Велковски и Александар Трајковски сметаат дека подготвени ќе го дочекаат предизвикот во Виена против Австрија и се надеваат на поволен резултат. „Мислам дека овие два натпревари ќе бидат навистина тешки, ни недостасуваат неколку фудбалери, но сепак имаме квалитет да се обидеме да освоиме што повеќе бодови и да останеме на третото место во групата. Австрија е многу квалитетна репрезентација, играат…
Дефанзивац Теодор Гебре Селасие го продолжи својот договор со Вердер Бремен, потврди тимот од Бундеслигата. 32-годишниот чешки репрезентативец игра во Бремен изминатите седум сезони. Тој претходно го носеше дресот на Слован Либерец и веќе има одиграно повеќе од 200 натпревари во германското првенство. Тековниот договор на Гебре Селасие истекуваше во летото 2020 година. „Отсекогаш сум сакал да продолжам да играм за Вердер Бремен. Јас сум многу среќен со одлуката што е веќе донесена“, рече фудбалерот на официјалната веб-страница на Вердер. Сè уште не е познато колку ќе трае договорот на дефанзивецот.
Во полн состав, македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за последните два квалификациски натпревари од циклусот за ЕУРО 2020 против Австрија (16. ноември, „Ернст Хапел“, Виена) и Израел (19. ноември, Национална арена „Тодор Проески“). На нашиот најдобар национален состав денеска му се приклучија капитенот Горан Пандев, Илија Несторовски, Столе Димитриевски и Енис Барди. Повратникот во А репрезентацијата, Никола Ѓорѓев од швајцарски Грасхоперс вели дека треба да излеземе храбро на теренот против австријците и сите заедно како тим да ги завршиме квалификациите со што е можно подобар резултатат. „Горд сум што пак сум дел од репрезентацијата. Задоволен сум од формата во која…
Тренерот на Ајакс Ерик Тен Хаг го сподели своето мислење за дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лигхт. „Секогаш се обидувам да ги следам играчите со кои сум работел како тренер. Јас сум многу горд на она што го постигна Де Лихт во првите месеци во Јувентус, а тој само ќе расте од натпревар во натпревар. Тој веќе важи за еден од водечките дефанзивци во Европа, и не се сомневам дека во блиска иднина тој ќе стане најдобар на светот на својата позиција. Нема потреба да го критикувате Де Лихт. Тој се стекнува со искуство секој ден, ова е негова прва…
Денот за одигрување на новото првосезонско „Ел Класико“ меѓу шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид е познат веќе одамна, мечот че се одигра на 18 декември, но сè уште во тајност се чува терминот на одигрувањето на дуелот на „Камп Ноу“. Причината за тоа е – азискиот пазар. Поради бројните фанови на двете екипи во Азија, во последниот период големото дерби на шпанскиот фудбал се играло во терминот 13:00 или 16:00 часот, но многу веројатно е дека овој пат терминот ќе биде ноќен. Од она што го пренесуваат неколку шпански медиуми „Ел Класико“ ќе се игра во вечерен термин од…
Пливачот маратонец Евгениј Поп Ацев и каратистката Симона Заборска е годинешните добитници на наградата „13 Ноември“ која ја доделува Сојузот на спортови на Скопје. На свеченоста одржана денес, Поп Ацев ја доби наградата за освојувањето на првото место на светската ранг листа во маратонско пливање, додека Симона Заборска годинава оствари пласман на 2. место на Универзијадата во Португалија, како и 3. место на младинските олимписки игри во Азербејџан. Наградата „13 Ноември“ за најдобар тренер оди во рацете на Билјана Црвенковска, која минатата сезона беше дел од тренерскиот штаб на европскиот шампион РК Вардар, кој исто така ја освои и титулата…
Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ, сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата, но изборот на Швеѓанецот е намален на две дестинации, пренесува британскиот „Дејли мејл“. Според ова издание, Ибрахимовиќ пред себе има две опции – Милан или Манчестер Јунајтед. На 1 јануари 38-годишниот Ибрахимовиќ станува слободен агент и ќе може да потпише со кој било тим, а Милан и Манчестер Јунајтед се клубовите за кои играше во богата кариера. Ибрахимовиќ беше дел од тимот на „росонерите“ помеѓу 2010 и 2012 година, а за екипата на „црвените ѓаволи“ се натпреваруваше меѓу 2016 и 2018 година. Во моментов,…
Фудбалската асоцијација на Англија нема да поднесе обвиненија против менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола за неговите реакции кон главниот судија Мајкл Оливер. Пеп не ги задржа нервите за време на дербито со Ливерпул, буквално збесна во 83-та минута, кога „граѓаните“ побараа втор пат игра со рака и пенал откако топката го удри во рака Трент Александар-Арнолд. Претходно, во 5-та минута, десниот бек на Ливерпул исто така играше со рака, по што домаќините организираа одличен напад и поведоа со 1:0 по ударот на Фабињо. Во обете ситуации, Мајкл Оливер одлучи дека нема причина за пенал, а „ВАР“ ги потврди неговите…
Играчот од средниот ред на Челзи, Н’Голо Канте изјави дека е можно да ја заврши кариерата на „Стемфорд Бриџ“. 28-годишниот Французин има договор со „Сините од Лондон“ до 2023 година, а од неодамна се шпекулирашр дека има интерес за трансфер во Реал Мадрид. „Секако дека можам да ја завршам кариерата во Челзи. Имам договор до 2023 година. Се надевам дека ќе имам одлични сезони со Челзи”, изјави Канте за „Телеграф“. На прашањето дали жали што не се преселил во Олимпик Марсеј пред да избере да замине во Лестер, Канте одговори: „Секако не. Јас пристигнав во Челзи од Лестер, каде само…
