Интер ќе биде без Матео Политано околу еден месец откако играчот на Интер го повреди зглобот. Политано се повреди за време на натпреварот со Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите. Клубот соопшти дека ќе биде надвор од теренот неколку недели. 26-годишниот Политано нема да му биде на располагање и на селекторот Роберто Манчини за претстојните натпревари на италијанската репрезентација, која веќе обезбеди пласман на Европското првенство следната година. Исто така, се очекува тој да ги пропушти натпреварите на Интер против Верона, Торино и Спал, како и решавачкиот натпревар против Славија (Прага) во Лигата на шампионите. Антонио Конте се надева дека…
Author: riste
Македонската футсал репрезентација денес ги доби противниците за претквалификациите за Европското првенство во Холандија во јануари 2022 година. Нашата репрезентација ќе игра во група со три репрезентации, а ќе бидат и домаќини на групата. Противници ќе ни бидат репрезентациите на Норвешка и Велс кои заедно со Македонија се дел од групата И, а Фудбалската федерација на Македонија ќе го организира претквалификациониот турнир кој ќе се одигра во периодот од 29 јануари до 1 февруари 2020 година. Само првопласираната репрезентација ќе обезбеди место во главните квалификации. Сега останува отворено прашање кој ќе ја предводи нашата селекција на овие натпревари затоа што…
Македонската фудбалска репрезентација ја чекаат последните два натпревари од квалификациите за ЕП 2020 година, а токму поради овој последен собир за оваа календарска година, овој викенд дури четири средби од Првата македонска фудбалска лига ќе се одиграат в сабота, а само еден е закажан за в недела. На програмата е 14. коло во прволигашкото друштво каде Струга Трим&Лум го пречекува лидерот Вардар, додека дерби-средбата се игра во Скопје каде Работички ќе го пречека актуелниот шампион Шкендија. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денес ги одреди судиите кои ќе ја делат фудбалската правда на овие средби. Силекс – Шкупи (Марјан Маркоски) Ренова – Академија Пандев (Дејан Јакимовски) Струга Трим &…
Селекторот на нашата млада фудбалска репрезентација до 21 година, Благоја Милевски, го објави списокот со фудбалери на кои ќе смета на претстојните квалификациски натпревари во ноемвриската репрезентативна пауза. Нашите надежи ќе одиграа два натпревари и ќе се сретнат со селекциите на Шпанија и Фарски Острови, а за двата гостински натпревари, Милевски ќе смета на 23 фудбалери, меѓу кои има двајца дебитанти (Сефер Емини од Македонија ЃП и Адријан Хајдари од рапид Виена), а во селекцијата се враќа и Фазлагиќ, кој беше повреден на претходните две средби. „Имаме две измени во однос на претходниот список. Марио Крстовски и Милош Тошевски не се повикани…
Од утре до сабота во Скопје ќе се одржи најновото издание на боксерската ревија „Златен Гонг“, по тој повод денес во Агенцијата за млади и спорт беше одржана прес-конференција. „Јубилејот од половина век период од одржувањето на првата боксерска манифестација го става “Златен гонг” на позиција на македонски спортски бренд“, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски на прес конференција во АМС. Тој додаде дека оваа манифестација дава посебен допринос во развој на македонскиот спорт благодарение на напорите на боксерската федерација, но и благодарение на освојувачите на златниот гонг низ годините што изминаа, а кои боксуваа за…
Вечерва не очекуваат нови осум натпревари во четвртото коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Синоќешните натпревари сериозно го кренаа адреналинот на навивачите, а очекувањата се денес да бидеме сведоци на возбудливи дуели. Во групата А се играат средбите Реал Мадрид – Галатасарај и ПСЖ – Бриж. Парижаните забележаа три победи досега и денес ќе се обидат да дојдат до четвртата и да го обезбедат првото место во групата. Реал Мадрид, од друга страна, има само четири бода и успехот над Галатасарај е задолжителен, за да не стравуваа во преостанатите две кола. Во групата Б се натпреварите меѓу Баерн…
Бразилскиот напаѓач во редовите на ПСЖ, Нејмар се опорави од повредата и започна со тренинзи. Фудбалерот тренираше според индивидуална програма, работеше со топката и изведуваше вежби за трчање. Фотографиите можат да се видат во официјалниот „Твитер“ профил на парискиот клуб. Последен пат напаѓачот влезе на теренот на 5 октомври во натпревар од 9. коло од францускиот шампионат со Анжер (4:0). Нејмар дојде во ПСЖ летото 2017 година од Барселона. Сумата на трансферот беше 222 милиони евра. Оваа сезона, 27-годишниот Бразилец учествуваше на пет натпревари од францускиот национален шампионат, во кои тој има четири постигнати гола, а исто така доби и…
Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, не присуствуваше на задолжителната прес-конференција по нерешените 1:1 со Ред Бул Салцбург во Лигата на шампионите. Според „Газета дело спорт“, тренерот на Наполи заминал по веднаш од стадионот по завршувањето на средбата. Играчите го сторија истото. Неговите постапки се сметаат како еден вид протест против претседателот Аурелио де Лаурентис, кој нареди казнен карантин за екипата по поразот од Рома во Серија А. Претседателот на Напполи е познат по тоа што се меша во работата на тренерот, што не е според вкусот на Анчелоти. Според медиумите во Италија, некои од фудбалерите на Наполи се консултирале со…
Тренерот на Борусија Дортмунд, Лусијан Фавр изјави дека неговиот тим воопшто не изгубил надеж и тоа е причината за пресвртот во второто полувреме иако на одмор заминаа со негатива од 0:2. „Мислам дека не игравме толку лошо во првиот дел, иако не покажавме најдобра игра. Имаше неколку позитивни работи. Создадовме ситуации, но за жал дозволивме два гола од контранапад. На паузата поправивме некои работи, најважно е дека момчињата веруваа дека сè е можно. Во второто полувреме настапивме многу поцврсто. Напаѓавме по трпеливо, притискавме подобро, не им дозволивме да ја земат топката и да ја организираат играта лесно. Бевме многу добри“,…
Финалето на Купот Либертадорес, најпрестижното клупско натпреварување во Јужна Америка и еквивалент на Лигата на шампионите, ќе се одржи во Лима, главниот град на Перу. Причината за оваа промена беа немирите во Чиле, соопшти прес-службата на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) на својата официјална веб-страница. Во исто време, датумот на натпреварот не е променет: финалето помеѓу Аргентинскиот тим Ривер Плата и бразилскиот Фламенго ќе се одржи на 23 ноември. Протестите што ескалираа во немири и судири со полицијата започнаа во главниот град на Чиле, Сантијаго на 14 октомври, откако властите решија да ги зголемат трошоците за метро. Подоцна, немирите ги зафатија…
