Младиот дефанзивец на Челзи, Џејмс Рис го подобри клупскиот рекорд за најмладиот стрелец на гол во Лигата на шампионите. Младиот играч постигна гол на спектакуларниот натпревар кој заврши 4:4 против Ајакс на „Стемфорд Бриџ“, а неговиот гол донесе изедначување кое на крај се покажа и како конечен резултат. Џејмс Рис го стори тоа на 19 години и 332 дена. Претходниот најмлад стрелец на Челзи во Лигата на шампионите беше Ариен Робен, кој во 2004 година постигна гол на мечот против ЦСКА Москва на 20 години и 284 дена. Младиот е тинејџер на Челзи, кој тренираше во академијата на Челзи од…
Author: riste
Менаџерот на Челси, Франк Лампард, го имаше можеби еден од највозбудливите натпревари откако дојде на клупата на лондонскиот клуб. Челзи губеше од Ајакс 1:4, но стигна до 4:4 на натпреварот од групата Х на „Стемфорд Бриџ“. Гостите од Холандија го завршија мечот со девет играчи. И покрај тоа што Аспиликуета постигна петти гол за Челзи, сепак истиот беше оправдано поништен. „Тешко е да се зборува после ваков натпревар. Каква анализа, тоа беше луд натпревар. Мислам дека сме тука за тоа – да ги забавуваме луѓето. Секој што ја гледаше оваа средба требаше да си рече: „Леле, ова е голем фудбал“.…
Гранит Џака не е повеќе капитен на Арсенал, капитенската лента сега ќе оди кај Пјер-Емерик Обамејанг. Во текот на вчерашниот ден, тренерот Унаи Емери го известил играчот од средниот ред дека повеќе не е меѓу лидерите на тимот, причина за тоа, се разбира, е скандалот со навивачите, а Џака ја прифатил оваа одлука на менаџерот на тимот. Фудбалерот беше свиркан при неговото излегување од теренот на мечот со Кристал Палас, а тој влезе во комфликт со навивачите и го соблече и фрли дресот на Арсенал. Тој не беше во составот на својата екипа против Ливерпул и Вулверхемптон минатата недела и…
Реал Мадрид го обнови интересот за играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд Борусија, Џејдон Санчо и ќе се натпреварува со Манчестер Јунајтед за потписот на играчот, пренесува „Дејли Меил“. Според изворот, германскиот клуб објавил дека фудбалерот ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, и веќе започнал да бара замена за Англичанецот. Информацијата дека Реал Мадрид покажува интерес за играчот од средниот ред, може негативно да се одрази на Манчестер Јунајтед, кој има намера да го врати Санчо во Англија. Англискиот клуб веќе има конкуренција во ПСЖ, кој исто така сака да потпише со овој млад играч. Евентуалниот неуспех…
Вечерва се играат нови натпревари од фудбалската Лига на шампиони, средбите од 4.коло кои може да дадат одговор на неколку прашања и да ги промовираат и првите екипи кои ќе обезбедат пласман во елиминациската фаза од Лигата на шампионите. Се играаат неколку дерби средби, а во центарот на вниманието е дуелот меѓу Борусија Дортмунд и Инте, а интересени ќе бидат уште неколку натпревари како оној во Неапол, каде Наполи го пречекува Салцбург и во Лондон, каде Челзи е домаќин на Ајакс. Сепак не оечкуваат осум исклучително интересни средби кои ќе можете да ги следите и низ нашата програма во редовниот…
Екипата на Тотенхем најави дека ќе го обжали црвениот картон кој го доби Хјун-Мин Сон, а се случи за време на немилиот инцидент со Андре Гомеш од Евертон во последното коло од Премиер лигата, пренесува „Sky Sports“. Според „Спарси“, корејскиот фудбалер не е виновен за тоа што се случи или барем не е за црвениот картон. Во 77-та минута од натпреварот, Сон влезе во нозете на Гомеш, по што се покажа дека е причина за тешката повреда на противничкиот играч кој заврши со скршен зглоб. Интересно е тоа што ова е само втоориот картон за овој играч во 139 одиграни…
Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку го израмни рекордот на бразилската легенда Роналдо за најмногу постигнати голови по првите 11 кола во италијанската Серија А. Белгиецот постигна два гола за својата екипа за пресврт на гостувањето во Болоња и веќе има 9 постигнати гола. Рекордот на Роналдо беше поставен во текот на сезоната 1997/98, но минатата сабота Лукаку го израмни по прецизно изведениот пенал во 91. минута. Таа сезона Бразилецот заврши со 25 гола во првенството и 34 во сите натпреварувања, а Интер заврши на второто место зад шампионот Јувентус. Оваа сезона, Интер има само еден пораз во шампионатот и се…
Ден откако се раздели со Фран Ескриба, Селта го објави својот нов тренер и тоа ќе биде Оскар Гарсија. Тоа се случи на денот кога Легањес го назначи Хавиер Агиер за нивен тренер. Претходно истиот ден се појавија вести дека поранешниот играч од средниот ред на Барселона ќе пристигне во Виго, што беше потврдено доцна синоќа. Оскар Гарсија се стекна со значително искуство во последните години, откако двапати го водеше Макаби Тел Авив, работеше во Англија со Брајтон и Ватфорд, а работеше и во Сент Етијен, Ред Бул Салцбург, Олимпијакос и младинскиот тим на Барселона. Овој тренер сака офанзивен и…
Напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди не крие дека е многу среќен во Париз по неговиот трансфер од Интер во текот на летото. Аргентинецот веќе размислува за својата иднина и призна дека ќе стори сé што може за да ги убеди челниците на ПСЖ да го задржат трајно во клубот. „Морам да ја покажам својата класа на теренот на секој натпревар. Октомври беше добар месец за нас, но сепак имаме многу работа. Морам да продолжам во ист дух и во иднина. Дали ќе останам во ПСЖ ? Ќе видиме на крајот на сезоната. Сакам да постигнам одлични работи. Тоа беше причината…
Евертон на својата официјална веб-страница објави нови информации за повредата на нивниот играч од средниот ред Андре Гомеш . „Евертон може да потврди дека Андре Гомеш имаше операција на десниот зглоб откако синоќа заработи скршеница на истиот. Операцијата беше успешна. Португалецот кој беше повреден на вчерашниот натпревар во Премиер лигата против Тотенхем, ќе помине извесно време во болницата пред да се врати на во клубот за да започне со рехабилитација под надзор на медицинскиот персонал на клубот. Се очекува 26-годишниот играч од средниот ред да може целосно да се опорави. Во име на Андре, клубот би сакал да им се…
