Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го коментираше голот кој го постигна напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане во 4-та минута од продолжението на натпреварот од 11 коло во Премиер лигата против Астон Вила. „Во последните години, тој постигна многу вакви голови за Ливерпул. Ова се случува затоа што тој има посебен талент. Понекогаш се преправа, а понекогаш благодарение на неговиот талент постигнува неверојатни голови во последните минути. Тој е талент. Ако Ливерпул го постигнеше ова еднаш или двапати, тогаш би можеле да кажеме дека тие имаат среќа. Но, во последниве години ова се случи многу пати. Тие имаат посебен карактер“,…
Author: riste
Ракометарите на Еурофарм Работник гостуваа кај Татран Прешов во рамките на 6 коло во Лигата на шампионите. Битолчани на мечот кој го одиграа во Словачка загубија со 31:29 и не успеаа да му се реваншираат на Татран за домашниоот пораз. И покрај тоа што лошо го започнаа натпреварот и му дозволија на домашниот тим да дојде до предност од 3 гола, сепак направија добра серија и се вратија во пртедност која не ја задржаа до крајот на првиот дел, па на одмор се замина со минимална предност на Татран од 15:14. Во втоприот дел се играше изедначено, а домашниот тим…
Еден од најпознатите фудбалски тренери од Македонија и поранешен селектор на нашата репрезентација, Ѓоко Хаџиевски и официјално е нов шеф на стручниот штаб на Емирејтс, клуб од Обеденитети Арапски Емирати. Тој во наредниот период ќе го води клубот од ОАЕ во втората фудбалска лига на оваа земја. Заедно со Хаџиевски ќе работат и неговите помошници Коки Аврамовски и Филип Деспотовски. Емирејтс на својот инстаграм профил денес и официјално го потврди назначувањето на Ѓоко Хаџиевски каде беа објевени и фотографии од првиот тренинг каде новиот стручен штаб имаше можност да се запознае со играчите.
Англичаните ќе носат специјални дресови, а поранешните капитени и светски шампиони од 1966 година ќе бидат поканети на Вембли за да бидат дел од спектаклот каде ќе биде одбележано поминувањето на границата од над 1.000 фудбалски репрезентативци. Ова ќе се случи за време на квалификациите за Евро 2020 против Црна Гора на 14 ноември. Сите репрезентативци на Англија во изминатите години ќе добијат личен број, почнувајќи од голманот и првиот играч на тимот Роберт Бејкер. Најновиот број 1244 , ќе го добие дебитантот во репрезентацијата Тајрон Мингс. Фудбалската асоцијација (ФА) објави дека броевите ќе бидат отпечатени под националниот амблем, за…
Централниот дефанзивец на ПСЖ, Тиаго Силва ќе го пропушти претстојното гостување кај Дижон во петок, изјави тренерот на тимот Томас Тухел. Бразилскиот репрезентативец е болен и ќе остане дома. Добра вест за парижаните е враќањето на играчот од средниот ред Идриса Геј, кој се опорави од повреда на препоните. ПСЖ е водечки тим бо Лига 1 со 27 бода по одиграни 11 кола и има предност од 8 бода во однос на второпласираниот Нант.
Италијанскиот тим Рома сака да го купи Крис Смолинг, кој беше позајмен од Манчестер Јунајтед, јавуваат извори блиски до клубот. Првата средба меѓу претставниците на клубовите се одржала во Рим. Раководството на италијанскиот тим во наредните денови ќе го направи првиот предлог за трансфер на 29-годишниот дефанзивец во износ од 10 милиони евра. Рома нема намера да изгуби време и сака да го направи овој трансфер што е можно поскоро. Манчестер Јунајтед, пак, планира да побара за Смолинг околу 20 милиони евра, бидејќи неговиот настап во италијанскиот клуб не помина незабележано. Оваа сезона, англискиот дефанзивец учествуваше на шест натпревари од…
Марко Верати ќе потпише нов договор со Париз Сен Жермен, пишуваат француските медиуми. Италијанскиот репрезентативец, кој е во клубот од 2012 година, се согласи на 3-годишно продолжување на тековниот договор, кој истекува во летото 2021 година. Играчот од средниот ред пристигна во Париз од Пескара, откако никогаш не играше во Серија А. Со текот на годините, тој честопати беше поврзуван со трансфер во Јувентус, но очигледно има намера да продолжи да биде дел од ПСЖ и во наредните години. Тој има 36 натпревари и 3 гола за репрезентацијата на Италија.
Поранешниот играч на Јувентус и репрезентативец на Италија, Клаудио Маркизио и неговата сопруга биле нападнати од вооружени разбојници во нивниот дом, јавија медиумите во Италија. Според изворот, синоќа, на 29 октомври, четворица разбојници вооружени со пиштоли упаднале во куќата на екс-фудбалерот во неговата вила во Виново, каде што во тоа време бил со својата сопруга. Со сила ги принудиле домаќините да го отворат сефот. Напаѓачите добиле накит и часовници, а потоа исчезнале. Сеуште се утврдува која е висината на пленот кој го добиле напаѓачите и го оштетиле семејството Маркизио. Полицијата ги испитува снимките од надзорните камери и презема активности за…
Поранешниот играч на Арсенал, Мартин Кион, го искажа својот став за одлуката на тренерот на Унаи Емери кој според Кион направил грешка дозволувајќи им на играчите да го изберат играчот од средниот ред Гранит Џака за капитен на лондонскиот клуб. Да потсетиме дека Џака беше со свирежи испратен од теренот при неговото излегување од игра на мечот со Кристал Палас, како одговор на тоа, капитенот на тимот ја стави раката до увото, провоцирајќи ги навивачите уште повеќе. После тоа, Швајцарецот го соблече дресот и влезе во подтрибинскиот простор. „Емери не е помалку виновен. Ако дозволите играчите сами да го изберат…
Капитенот на Арсенал, Гранит Џака одби да им се извини на навивачите за неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Кристал Палас (2:2). Навивачите на Арсенал го исвиркуваат 27-годишниот играч од средниот ред, додека тој го напушташе теренот. Како одговор, Џака ја стави раката до увото, испровоцирајќи ги уште повеќе фановите, а потоа го соблече и фрли дресот на тревата и влезе во тунелот. Според весникот „Сан“, менаџерот на Арсенал, Унаи Емери, го замолил Џака да им се извини на навивачите, но тој не го сторил тоа и не го коментирал инцидентот. Раководството на Арсенал започна дисциплинска истрага за…
