Author: riste

На Кардиф Сити му заканува трансферно ембарго, опдносно забрана за купување на играчи во следните три трансфер периоди, освен ако не ја плати на Нант првата рата од договорот за починатиот Емилијано Сала, одлучи ФИФА. Напаѓачот го загуби животот во авионска несреќа додека патувал кон Англија – два дена по објавувањето на трансферот од 17 милиони фунти. Од Кардиф изјавија дека договорот за Сала никогаш не бил финализиран и дека не сакаат тој да биде платен. Поради оваа причина, спорот беше упатен до ФИФА за решавање, изјавувајќи дека велшкиот тим треба да плати 6 милиони евра што претставуваа прва рата…

Read More

По консултациите со лекарите, Роберт Левандовски одлучи да ја одложи операцијата по завршувањето на полусезоната, јавуваат медиумите во Полска. Голгетерот на Баерн Минхен се жали на болки во препоните и се очекуваше да биде подложен на операција следната недела кога ќе биде паузата за настап на репрезентациите. Бидејќи неговата репрезентација Полска веќе се квалификуваше за Еуро 2020, идејата беше Левандовски да го искористи овој период за опоравување, кој се очекува да не биде подолг од 10 дена. Како и да е, на крајот, 30-годишниот фудбалер процени дека може да ја помине полусезоната, па дури и да игра за „полски состав“,…

Read More

Легендарниот Икер Касиљас денес се врати на теренот и тренираше, јавуваат шпанските медиуми. На 1 мај годинава 38-годишниот голман имаше проблеми со срцето односно инфаркт и му беше препорачано да се одмори од фудбалските оптоваруувања. https://twitter.com/IkerCasillas/status/1191328692712161280 Шпанскиот голман остана дел од екипата на Порто и не објави крај на неговата кариера, со надеж дека ќе се опорави и ќе игра повторно. Денес, Икер Касиљас објави на „Твитер“ фотографија од своите копачки со наслов „Бевте во шкафче 6 месеци и 3 дена…“.

Read More

Баерн сака да го ангажира тренерот на Ајакс Ерик Тен Хаг и го сметаат за кандидат за тренерското место во нивната екипа, пренесува „Скај Германија“. Управата на минхенскиот клуб веќе направи обиди да го покани тренерот на Ајакс во клубот, но биле одбиене, бидејќи 49-годишниот тренер нема намера да го напушти холандскиот клуб барем до крајот на сезоната 2019/20. Од неговото назначување во Ајакс во 2017 година, Ерик Тен Хаг го освои националниот шампионат, Купот на Холандија и Суперкупот на Холандија. Да потсетиме дека Ерик Тен Хаг веќе работел во Баварија, водејќи го резервниот тим на Баерн од 2013 до…

Read More

Тотенхем не само што има катастрофалниот старт на сезоната,оваа екипа има и дополнителен проблем со повредени играчи. Нов проблем има менаџерот Маурицио Почетино пред продолжението на сезоната во Лигата на шампионите. Англиските медиуми пишуваат дека првата ѕвезда на „спарси“, Хари Кејн се повреди на еден од последните тренинзи и нема да биде во составот на својата екипа на денешниот меч со Евертон. Засега не се знае точната дијагноза на повредата на англискиот голгетер, но се претпоставува дека нема да може да настапи ниту на дуелот со Црвена Звезда во Лигата на шампионите. По заминувањето на Љоренте, Почетино остана само со…

Read More

Фудбалерите на Реал Мадрид, Герет Бејл и Хамес Родригез не го дочекаа последниот свиреж на судијата на домашниот натпревар од 12.коло на Шпанската Ла Лига против Бетис (0:0), објави весникот „Марка“. Двајцата играчи не учествуваа на натпреварот поради повреди, но беа принудени да присуствуваат на „Сантијаго Бернабеу“. Според информацијата, Бејл и Хамес Родригез го напуштиле стадионот 10 минути пред крајот на средбата. Да потсетиме дека Герет Бејл исто така не беше дел од домашниот натпревар на Реал Мадрид со Легањес во 11-то коло од Шпанското првенство, што се одигра на 30 октомври и заврши со резултат 5:0 во корист на…

Read More

Фудбалерот од нападот на Барселона, Луис Суарез, може да ги пропушти следните три недели, поради повредата што ја заработи за време на вчерашниот натпревар против Леванте. Клубот денес објави дека Уругваецот има истегнување на десната нога. 32-годишниот напаѓач го напушти теренот пред паузата. Се очекува тој да не игра на дуелите против Славија (Прага), Селта и евентуално против Легањес на 23 ноември. Суарез, исто така, веројатно нема да патува на собирот на репрезентацијата на Уругвај, кој ќе игра контролни средби со Унгарија и Аргентина.

Read More

Поранешниот менаџер на Челзи и Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, остварил деловна средба и вечерал со Раул Санлехи, директор на лондонскиот Арсенал , пренесува „Сандеј Тајмс“. Според изворот, раководството на „топџиите“ е незадоволство од работата на досегашниот тренер на тимот Унаи Емери и има намера да се раздели со тренерот во блиска иднина. Се напоменува дека раководството на Арсенал сака да ангажира тренер со искуство во клубови од англиската Премиер лига. Во информацијата се вели дека за време на вечерата, Мурињо го кажал своето мислење за моменталната состојба на тимот и неговите ставови за списокот на играчи, што оставило голем впечаток…

Read More

Манчестер Јунајтед ќе биде уште еден од тимовите кои се кандидати за ангажманот на едно од најбараните имиња на трансфер пазарот, Тимо Вернер. Германскиот голгетер најмногу се поврзуваше со Баерн Минхен, каде неговиот трансфер пропадна во текот на летото, како и Ливерпул, но сега „црвените ѓаволи“ се сериозни во тоа да се вклучат во борбата за потписот на играчот. Солскјер во неколку наврати потврди дека на „Олд Трафорд“ ќе бараат засилувања во јануари, а приоритет се напаѓачи. Јунајтед се мачи со реализацијата во нападот уште од почетокот на сезоната по разделбата со имиња како Ромелу Лукаку и Алексис Санчез, а…

Read More

Македонскиот ракометен шампион, Вардар денес е пред нов сериозен испит во Лигата на шампионите. Попладне од 17 часот Вардар на домашен терен го пречекува тимот на Мешков Брест, а доколку Вардар немаше проблеми со повредени играчи ќе можевме да кажеме дека е пред сигурна победа, но сепак работите се многу по комплицирани за Вардар ако се знае моменталната ситуација со повредени играчи. Новиот стратег на вардарци, Едуард Кокшаров го објави конечниот список на ракометари, со кои ќе се обид еда дојде до победа против белорускиот шампион, а во неговиот тим ќе ги нема руските репрезентативци Павел Атман и Сергеј Горпишин. Добра…

Read More