Author: riste

Македонската ракометна репрезентација забалежа победа на првиот пријателски натпревар против Грузија во Скопје со 25:21, на меч кој беше одигран во СЦ „Борис Трајковски“ пред нешто повеќе од 1.000 гледачи во убава атмосфера. Ова беше трет натпревар за нашите ракометари оваа недела, откако претходно во Турција, славеа против Турција и одиграа нерешено против Италија. Македонија имаше предност во текот не целиот прв дел, а таа предност изнесуваше и 5 гола разлика (7:2), но сепак по многу промашени зицери на одмор се отидесо нерешен резултат 12:12. Во второто полувреме нешто подобра игра на нашата селекција која ги намали грешките во нападот и ја…

Read More

Футсал репрезентацијата на Македонија загуби и во вториот натпревар од квалификациите за СП 2020, овој пат од селекцијата на Косово. Во вториот дуел во квалификациската група Македонија денес е поразена од Косово со 5:7 (2:4). По лошата игра во првото полувреме и негативата од 2:4, нашите играчи се вратија одлично во вториот дел и успеаа да направат пресврт со тоа што дојдоа до предност од 5:4, но не успеаа да ја задржат до крај. Косово најнапред успеа да израмни на 5:5, а во последните моменти од натпреварот и да дојде до два брзи гола за победа од 5:7. Македонија со…

Read More

Реал Мадрид не објави информации за повредата на напаѓачот Герет Бејл заради самиот играч. Според весникот „АС“, а од извори блиски до клубот, 30-годишниот фудбалер не му дозволил на Кралскиот клуб да објави детали за неговата повреда, повикувајќи се на медицинска доверливост, поради што лекарот нема право да открива информации за својот пациент. Според изворот, Бејл се опоравува од повредата на мускулите што ја заработил при неговиот настап за репрезентацијата на Велс за време на квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2020 против Хрватска. Најверојатно, напаѓачот ќе се врати на теренот за домашниот натпревар на Реал Мадрид со Бетис, што ќе…

Read More

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити Родри ќе биде надвор од терените околу еден месец. Шпанецот, кој во последно време играше одбрана, се повреди за време на натпреварот против Аталанта во Лигата на шампионите минатата недела. „Ми кажаа дека може да биде подготвен по паузата за натпреварите во националниот тим“, изјави менаџерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола. Украинскиот дефанзивец Александар Зинченко нема да игра повеќе од еден месец откако ќе се изврши операција на коленото. Утре Манчестер Сити се соочува со Астон Вила на „Етихад“, со што ќе се обиде да ја намали предноста на лидерот Ливерпул за три бода…

Read More

Играчот од средниот ред на Осасуна, Рубен Гарсија, беше вклучен во сообраќајна незгода додека го возеше своето Порше, пренесува весникот „Марка“. Според изворот, несреќата во која учествувал 26-годишен играч од средниот ред се случил во четвртокот вечер, на 24 октомври, во Памплона. Гарсија додека управувал автомобил изгубила контрола и се удрил во столб за осветлување. Фудбалерот не добил повреди. Тестовите за употреба на алкохол и лекови се покажале негативни. Следниот ден, играчот од средниот ред учествуваше на тренинзите на својата екипа Осасуна. Оваа сезона, Гарсија учествуваше на 7 натпревари во Шпанскиот шампионат, а притоа успеа да постигне и еден 1…

Read More

Македонскиот каратист Бојан Костов е освојувач на бронзен медал на СП за кадети кое се одржува во Сантијаго, Чиле. Костов успеа да го освои овој бронзен медал откако најнапред го совлада Ерхан Томачи од Романија со 5:0, во втората борба против Михајло Марковиќ од Србија славеше со 1:0, а потоа следуваа уште неколку борби кои ги доби , за да во полуфинале се сретне со Сајед Ал Најер од Јордан од кого загуби со изјаснување на судиите и не с епласираше во финале. Во борбата за трето место и бронза го совлада Ахмед Ахмедов од Русија. Тренерот и селектор на…

Read More

Македонската футсал репрезентација со пораз ги започна квалификациите за пласман на Светското првенство во 2020 година. Прв наш противник во спортскиот центар Јане Сандански беше и директниот конкурент за втората позиција, селекцијата на Словенија која ја совлада нашата репрезентација со убедливи 1:6. Македонија го отвори резултатот со голот на Асријан Мицевски во 8.минута, но потоа следуваше пад во играта и два гола за Словенија за предност по првото полувреме од 2:1. На стартот на вториот дел два брзи гола на Словенија која поведе со 4:1, а остнатоте два гола само ја потврдија доминацијата на Словенија и немоќта на нашите играчи…

Read More

Интер ќе даде понуда од 38 милиони евра за играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ, а тоа ќе се случи во јануари, тврдат медиумите во Италија. Хрватот веќе не е во почетниот состав на Ернесто Валверде, откако пристигнува Френки де Јонг и не се очекува подобрување на ситуацијата околу искусниот фудбалер. Неговото име се поврзуваше со заминување уште ова лето. Сепак, на крајот, тој реши да остане и да се бори за место во почетните единаесетти, но досега ова беше неуспешно. Меѓу екипите кои се заинтересирани за хрватскиот репрезентативец е и францускиот шампион ПСЖ. Ракитиќ учествуваше само во…

Read More

Лионел Меси го израмни рекордот за Кристијано Роналдо и Раул во Лигата на шампионите. Аргентинецот успеа да погоди во голот на Славија Прага за победата на Барселона од 2:1 и веќе успеа да постигне гол на 33 различни клубови во Лигата на шампионите. Меси се изедначи со Кристијано Роналдо и Раул, кои исто така успеаа да постигнат гол против 33 екипи од ова натпреварување. Статистиката покажува дека Меси не успеал да им даде гол на само седум екипи со кои Каталонците играле во ЛШ, а тоа се Рубин Казан, Атлетико Мадрид, Бенфика, Удинезе, Борусија Дортмунд, Интер и Левски.. Меси има…

Read More

УЕФА ја казни француската фудбалска федерација со 20.000 евра поради грешката со националната химна на Албанија пред европскиот квалификациски натпревар кој Франција го одигра против Албанија, објави француското радио РФИ. Пред натпреварот на „Стад де Франс“, наместо на Албанија се интонираше химната на Андора. Албанските фудбалери одбија да го започнат мечот сè додека не се слушне нивната химна, што го одложи почетокот на натпреварот. Франција го доби натпреварот со 4:1, а по дуелот со извинување за грешката со химната, се јави францускиот претседател Емануел Макрон и селекторот на репрезентацијата Дидие Дешан.

Read More